На тарифната листа на ЕУ: Американски пилешки крилца, мотори и… женски неглижеа


Европската комисија објави список на американски производи кои би можеле да бидат предмет на одмазднички тарифи откако администрацијата на Доналд Трамп во средата воведе глобални царини од 25 отсто за челик и алуминиум. На списокот од 99 страници доминираат месо, живина, овошје и зеленчук и алкохолни пијалоци – и вклучува гуми за џвакање, обланди за […]

МСУ со своја колекција во април за првпат ќе се претстави во МСУ во Љубљана


Околу стотина уметнички дела кои се дел од богатата колекција на Музејот на современа уметност – Скопје првпат ќе се претстават во Модерна галерија/Музејот на современа уметност Метелкова во Љубљана, Словенија во рамки на изложбата насловена „Ткаење светови: две колекции во разговор“ закажана со отворање за 24 април, соопштија од МСУ. Изложбата ги истакнува делата […]

Крмов: ВМРО-ДПМНЕ спроведува политичко насилство врз ССМ


Пратеникот нА Левица, Борислав Крмов во дебатна емисија на ТВ 24 го коментираше барањето за зголемување на минималната плата, п при што обвини дека власта врши притисок за преземање и делегитимирање на ССМ. -Ова е политичко насилие уште во првите 8-9 месеци од владеењето на ДПМНЕ само затоа што претседателот на синдикатот бара повисок минималец. […]

ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче добива проширување на капацитетите за над 100 ученици


Општина Аеродром издаде одобрение за доградба и надградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и со овој проект веќе е аплицирано на вториот јавен повик од Владата за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. В. д. градоначалникот, Дејан Митески, го потпиша одобрението со кое најстарото училиште во Аеродром за прв пат […]

УЈП: На 17. март завршува рокот за поднесување на Годишен даночен биланс и Биланс на приходи и расходи


Управата за јавни приходи ги информира вршителите на дејност, односно обврзниците регистрирани како трговец поединец, физичките лица кои се занимаваат со земјоделска, со занаетчиска дејност и лицата кои вршат услуги или слободно занимање, кои остваруваат доход од вршење на дејност утврдена согласно член 19 од Закон за данок на личен доход, дека се наближува крајниот […]

Народна банка ја задржа каматата на благајничките записи на 5,35 отсто


На 11 март 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето […]

Книжевна вечер со Венко Андоновски за српското издание на „Вештица “


Утре (13 март 2025), во 19 часот, во Српскиот културно-информативен центар „Спона“ ќе се одржи книжевна вечер со Венко Андоновски, посветена на српското издание на неговиот култен роман „Вештица“ објавено минатата година. Ова е веќе трето издание на овој култен роман во превод на српски јазик. Првите две беа објавени во Бања Лука, во превод […]

Димитриеска-Кочоска на министерски состанок во Подгорица за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок во организација на Светската здравствена организација, посветен на елиминирање на штетните влијанија од употребата на тутун. На состанокот на високо ниво учествуваат министри и заменици министри за финансии на земјите од регионот, претставници на Свеската здравствена организација и Eвропската комисија, Обединетото Кралство, […]

Азиски пазари: Остар пад на индексите, расте нервозата


Азиските пазари забележаа силен пад, по надолниот тренд поставен од Волстрит во текот на ноќта. Примарниот двигател на оваа распродажба беше зголемената несигурност околу глобалните царини, особено во светлината на неодамнешните закани на претседателот Доналд Трамп за двојно зголемување на царините за челик и алуминиум за Канада. Овој развој ги остави инвеститорите да се борат […]

Општина Кисела Вода субвенционира обука за полагање за возачка дозвола


Општина Кисела Вода првпат воведува субвенции за младите, со цел да им помогне во стекнувањето на возачка дозвола од Б категорија. Оваа финансиска поддршка, во висина од 10.000 денари, е наменета за сите матуранти од генерацијата 2025 година кои ќе се запишат или веќе се запишале на обука за теоретски и практичен дел во некоја […]

Објавени огласи за прием на 300 нови професионални војници и 10 подофицери во Армијата


Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска преку објава на Фејсбук соопшти дека е објавен јавен оглас за прием на 300 нови професионални војници и оглас за 10 подофицери во Армијата.  Во објавата на Фејсбук, Мисајловски најавува наскоро и оглас за прием на 60 лица со завршено високо образование во офицерски чин. – Ова е навистина […]

Били Џоел, 75 , се оперира, одложи четири месеци концерти


Били Џоел (75) ги одложува сите свои концерти во следните четири месеци поради неодамнешната операција за „медицинска состојба“ за која ќе биде потребна физикална терапија и надзор од лекар. „Иако жалам што одложив какви било шоуа, моето здравје мора да биде на прво место“, вели Џоел во изјавата, во која се забележува дека „се очекува […]

Албанската влада ќе инвестира 118,5 милиони долари за проектот „Смарт Сити“ за поголема безбедност


 Албанската влада ќе инвестира 118,5 милиони долари во рамки на проектот „Смарт Сити“, со цел да ја зголеми јавната безбедност и безбедноста на патиштата преку вештачка интелигенција и инсталирање на камери на патиштата, радари, камери кои полицајците ќе ги носат на нивното тело и сензори за бучава. Ова го изјави заменик министерот за внатрешни работи, […]

Трамп воведе тарифи за целиот свет. Дали почна глобалната трговска војна?


  Американскиот претседател Доналд Трамп во средата официјално ги зголеми тарифите за целиот увоз на челик и алуминиум на 25 отсто, ветувајќи дека даноците ќе помогнат да се отворат фабрички работни места во САД во време кога неговите закани за тарифите ја потресуваат берзата и ги зголемуваат стравувањата од економско забавување. Трамп ги отстрани сите […]

Промоција на посниот готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски


Посниот готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовиран утре (13 март, четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промоторка на книгата ќе биде Ана Шутиноска. Книгата, наменета за сите што сакаат да се хранат здраво или […]

Шведски бизнисмен и политичар, сосопственик на „Пајрат беј“ загина во авионска несреќа во Словенија


Карл Лундстром, 64-годишен шведски бизнисмен и политичар, познат како сосопственик на светски познатата пиратска веб-страница The Pirate Bay, загина во авионска несреќа во Словенија. За потсетување, мал авион кој полета од Загреб во понеделникот се урна во колиба во областа Велика Планина во Словенија. Авионот Mooney Ovation M20R изгубил контакт со контролата на летот околу […]

Џиџи Хадид откри дека е во „среќна и романтична“ врска со Бредли Купер


Манекенката Џиџи Хадид зборува за нејзината приватна, но сепак „многу среќна“ врска со Бредли Купер. Во мега интервјуто за априлскиот  „Вог“ , објавена во вторникот, Хадид зборуваше за врската со актерот од А-листата повеќе од една година по средбата на роденденската забава во дворот на детето на нивниот заеднички пријател и како нивната романса сè […]

Обвинителството на БиХ издаде налог за апсење на Додик


Обвинителството на Босна и Херцеговина, чии активности и делување се забранети во Република Српска, издаде наредба до правосудната полиција да ги приведе претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Националното собрание на Република Српска, потврдиле за РТРС од кабинетот на Владата на Република Српска. Наредбата ја издал обвинителот Ќазим Хасанспахиќ, […]

Гренланд: Опозициската партија која е за бавно отцепување од Данска победи на изборите


  Централнодесничарската Демократска партија освои најмногу гласови на парламентарните избори во Гренланд, изненадувачки резултат откако територијата излезе на гласање во сенка на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја преземе контролата врз неа „на овој или оној начин“. Ниту една од партиите нема да освои мнозинство од 31 пратенички места во парламентот, па […]

Европски ден за подигање на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници


На 12 Март – Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници, Лекарска комора како и докторските комори ширум Европа повикуваат на итна акција за справување со насилство со кое се соочуваат здравствените професионалци и кое е присутно во здравствените установи. Годинава Комората, преку кампања на социјалните мрежи, потсетува на […]