Градоначалникот Јакимовски и жители на Злокуќани против префрлање на Центарот за зависници од Кисела Вода во болницата „Бардовци“


Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски заедно со локалното население од Злокуќани ги повикаа владата и министерството за здравство да ја преиспитаат намерата да го префрлат центарот за зависници од Кисела Вода во болницата Бардовци. Имам крајно непријатна потреба да се обратам до јавноста, затоа што се наоѓаме пред болницата за душевно болни „Бардовци“ што […]

Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата


Во СВР Велес вчера во 13. 25 часот од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дворот од семејната куќа бил пронајден починат  63-годишниот Г.К. од Велес со траги од крв во пределот на главата, информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска. Таа појасни дека лекар констатирал смрт, увид на местото извршил јавен […]

Македонската партија во Албанија се повлече од предизборната коалиција предводена од Бериша


Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) се изјаснила дека се повлекува од изборната коалиција „Алијаса за величествена Албанија“ предводена од опозициската Демократска партија на Сали Бериша. Според потпретседателот на партијата, Ендрит Фетаху, не бил испочитуван договорот во рамките на коалицијата. -Доставивме барање до Централната изборна комисија да не избрише од […]

„Кој тоа таму блокира“: Студенти во Србија ја препееја легендарната сцена од филмот „Кој тоа таму пее “


Студентите кои протестираат во Србија ја рекреираа иконската сцена од филмот Кој тоа таму пее , во режија на Слободан Шијан. Тие објавија видео наречено Кој тоа таму блокира ? „Во сабота ќе се раздени, од далеку ќе дојде ден. Сиромашните од овој крај чекаат да изгрее, чекаат да изгрее“, е дел од песната За […]

Бесија Иљази призна злоупотреба на службената положба за да се спаси од затвор


Поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, призна дека ја злуопотребила службената положба и овластување и се спаси од затвор. Покрај условна осуда неа и е изречена мерка заштитен надзор во времетраењето на условната осуда што значи дека треба да почитува насоки што и ги дава судот во тоа време. Таа според обвинението, […]

Ништо од Законот за бранители, сега го блокира ВЛЕН


Имрлије Фетаи Салиу, пратеничка од ВЛЕН, коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, пред  Комисија за социјална политика изјави дека Законот за бранителите нема да се стави на дневен ред додека во него не се вклучат и борците на УЧК.  Африм Гаши за  ја назначи  Фетаи за претседавач на оваа Комисија,  откако парламентот ѝ изгласа недоверба […]

ДКСК отвори предмет за тендерите на Министерството за дигитална трансформација


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе утврдува дали има судир на интереси во случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација.   „Во текот на вчерашниот ден по објавите во медиумите, Антикорупциска комисија оформи предмет по сопствена иницијатива и ќе постапува да се утврди дали има судир на интереси“, изјавија кусо од ДКСК […]

Од Мештровиќ до Личеноски: Портрети и фигури – избор од колекцијата на НГ во Чифте амам


Во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, е отворена за јавност изложбата под наслов „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“. Оваа изложба претставува селекција на педесеттина дела (слики и скулптури) на едни од најрано прибавените експонати за нашата колекција, вклучително и исклучително вредни дела, од кои голем дел биле […]

Саакашвили осуден на девет години затвор


Градскиот суд во Тбилиси денеска го прогласи за виновен поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили во случајот за проневера на државни средства и го осуди на девет години затвор, додавајќи три години на затворската казна што ја издржува во моментов. Саакашвили, кој беше претседател од 2004 до 2013 година, претходно беше осуден на шест години затвор […]

Од 2 април мора да имате електронска дозвола за патување во Обединетото Кралство


Велика Британија имплементира нов систем за издавање електронски дозволи за патување. Овие дозволи, познати како ЕТА (Електронско овластување за патување), ќе бидат потребни за сите кои влегуваат во ОК без виза или за оние на кои не им е потребна виза, вклучително и бугарските граѓани. Процесот на аплицирање за ЕТА се врши онлајн и трае […]

Љутков: На ред е конзервација и ревитализација на Лешочкиот манастир


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска беше во работна посета на Лешочкиот манастир, најголемиот духовен центар во тетовско каде се сретна со митрополито тетовско-гостивараски г. Јосиф. Во рамки на посетата министерот Љутков  заедно со в.д. директорката на Националниот конзерваторски центар Цветанка Хаџипецова ги најавија завршните активности за конзервација, реставрација, санација и ревитализација на Стариот конак […]

Не се сите во периметарот на Трамп: Министерот Фатмир Лимани не добил американска виза


  Прво информацијата ја објави „Инфомакс“ пред два дена, а денеска опозициските СДСМ и Алијанса за Албанците соопштија дека на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, му било одбиено барањето за американска виза. Министерот, наводно, требало да присуствува на конференција на Обединетите нации. Лимани на оваа функција е како претставник на Беса […]

Изјави по поставувањето на камен-темелник на „Маркова нога“ (видео)


 Изјави по поставувањето камен-темелник на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас и постојаниот претставник на Програмата за развој на ОН (УНДП) Армен Григорјан.  Граничниот премин се отвара по повеќе од 50 години, а со тоа се очекува да се отвори простор за економска, туристичка соработка […]

Половина плата за грчкиот пратеник кој вандализираше уметнички дела во Националната галерија


Атина – Со кратење на половина од месечниот приход во Парламентот, казнет е пратеникот од грчката радикално десничарска партија Победа, Николаос Пападопулос поради вандализмот во Националната галерија, соопшти собранискиот спикер Никитас Какламанос, јави дописничката на МИА од Атина. Пратеникот во понеделникот оштети четири уметнички дела на изложба поставена во Националната галерија , бидејќи смета дека е […]

До 2 април трае акцијата на ЈП „Водовод и канализација“ за отплата на долгови без пресметана камата


ЈП „Водовод и канализација“- Скопје информира дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек и ќе заврши заклучно со 2 април 2025 година. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека акцијата е во тек, а на граѓаните им се дава можност заостанатиот долг за потрошена вода (тужен […]

Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина


Нема да има македонски војници на украинско тло, тоа досега никој не го побарал од нас како држава, изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски по посетата на припадниците на Првиот пешадиски баталјон на Армијата во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево.  – Како земја-членка на НАТО сме четврта по ред земја во доделена […]

Уназадува статусот на македонскиот јазик во јавната употреба


Забележуваме напредување на македонскиот јазик во однос на неговото збогатување и изучување, но уназадува статусот на македонскиот јазик во јавната употреба, односно се става во вториот план, па дури се игнорира во некои јавни простори. Ова укажува на негрижа на македонскиот јазик и затоа е потребен Законот за употреба на македонскиот јазик, кој има за […]

Париз диктира модни трендови за есен: големи раменици, уште поголеми палта и приказни во боја


Париз – Париз проговори, а конечниот авторитет на модата го утврди законот: Оваа претстојна есен, сè е за моќни рамења, уште поголеми палта и палета на бои што се движи од мрачна до надреална. Ако Милано омекна со романтиката и Њујорк се наклони кон Y2K гранџот, Париз возврати со  остра, сериозна и спектакуларна гардероба . […]

Почина поранешниот кошаркар и мултимилионер Улисес Ли Бриџмен


Поранешниот кошаркар и сосопственик на Милвоки, Јуниор Бриџмен почина на 72-годишна возраст, соопшти прес-службата на НБА. Поранешниот спортист почина откако му се слоши за време на хуманитарен настан. Во текот на неговата кариера, Бриџмен беше член на Милвоки бакс (10 сезони) и Лос Анџелес клиперс (2 сезони), пензионирајќи се во 1987 година. Богатството на Бриџмен […]

Моќен германски производител на оружје: Ќе ја вооружам Европа


Европјаните на Минхенската безбедносна конференција останаа немирни по говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој ги разоткри тензиите во трансатлантските односи. Но, Армин Папергер, извршен директор на германскиот производител на оружје Рајнметал, не беше загрижен. „Тоа е добро за бизнисот“, вели Папергер, чија компанија забележа огромен раст поради растот на европските воени трошоци, пишува […]