Мицкоски: Немам намера да бакнувам пенкала, ја знаете онаа приказна со полжавот


  Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека не планира да се гласаат уставните измени, сѐ додека Бугарија не ги преземе своите обврски кои што ги има преземено, а тоа е да ги почитува правата на сите малцинства. Во гостување на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, на прашањето околу стратешкото партнерство со САД и доколку […]

Судија нареди Трамп да ги врати на работа илјадниците отпуштени службеници


 Сојузен судија во Калифорнија нареди администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги врати на работа илјадниците отпуштени службеници, кои беа погодени од неговата кампања за масовно намалување на федералната бирократија. Одлуката на судијата Вилијам Алсап, донесена на рочиште во Сан Франциско, се однесува на шест американски министерства: одбрана, за ветерани, земјоделството, енергетиката, внатрешните работи […]

Џејми Дајмон е загрижен за царините, два месеци по неговата порака „преболи го тоа“


Пред два месеци, извршниот директор на JPMorgan Chase, Џејми Дајмон, имаше кратка порака до луѓето кои протестираат против тарифната политика на претседателот Доналд Трамп: „Преболи го тоа“. Но, со намалувањето на берзите и појавата на пукнатини во американската економија, самиот Димон можеби не е задоволен. „Не мислам дека просечниот американски потрошувач кој се буди наутро […]

Производителот на оружје Рајнметал го престигна Фолксваген по пазарна капитализација


Пазарната капитализација на Рајнметал достигна околу 56,6 милијарди евра во четвртокот околу пладне, во споредба со приближно 55,4 милијарди евра на Фолксваген, што ја одразува разликата во позицијата на секторот за производство на оружје и компаниите за производство на автомобили, забележува Ројтерс. Цените на акциите на производителите на воена опрема низ Европа во последно време […]

Претставници на Европската конфедерација на синдикати во посета на ССМ


Сојузот на синдикати на Македонија доби поддршка од Европската конфедерација на синдикати (ETUC) чии претставници попладнево пристигнаа во земјава, а за утре е најавена заедничка прес-конференција. Од Сојузот на синдикати попладнево информираа дека на средбата било разговарано за социјалниот дијалог во земјава и за почитувањето на работничките права за што претставниците на Европската конфедерација на […]

„Ова е загрижувачко мешање од Владата“: Известувачот Вајц за притисокот врз Судскиот совет


  Постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, денеска реагираше на притисокот на владината коалиција членовите на Судскиот совет да поднесат оставки или да бидат разрешени, како што оценува, „врз основа на нивната наводна политичка припадност“. „Овој повик од Владата е загрижувачки знак за политичко мешање во судството. Независноста на судскиот систем […]

Трамп за примирјето: „Се надевам дека Русија ќе ја направи вистинската работа“


  Изјавата на Владимир Путин e „ветувачка, но не е целосна“, вели американскиот претседател Доналд Трамп и се надева дека „Русија ќе постапи правилно“ Трамп ова го кажа од Овалната соба за време на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марко Руте. Ројтерс известува дека Трамп рекол дека Путин „издал многу ветувачка изјава, но таа […]

Крај на една ера: Донатела не е повеќе креативен директор на Версаче , еве кој ќе ја наследи


Донатела Версаче се повлекува од местото креативен директор на луксузната модна етикета „Версаче“ по речиси три децении, со што практично се стави крај на владеењето на семејството над брендот основан од нејзиниот убиен брат. Платинестата русокоса, уништена од безброј естетски операции, која ќе наполни 70 години во мај, ќе ја наследи директорот за дизајн на […]

Ѝ Мицкоски се сретна со славниот тенор Доминго


По првата проба од затворен карактер со Оркестарот на Националната опера и балет, веднаш по слетувањето во Скопје, шпанскиот тенор со светска слава Пласидо Доминго, попладнево се сретна во неговиот кабинет и со премиерот Мицкоски и со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Националната опера и балет објави инфо од средбата на својата ФБ […]

Европратеници: Фон дер Лајен да ја предупреди Србија дека каква било репресија на 15 март ќе влијае на европската иднина на земјата


 Некои европратеници ја повикаа Европската комисија јавно да ја предупреди српската Влада дека каква било репресија врз демонстрантите на 15 март директно ќе влијае на европската иднина на Србија. „Вклучувајќи адресирање на заплашување, насилство, мобилизација против протести и големо полициско присуство. Сегашната јасна изјава ќе испрати силна порака дека ЕУ нема да толерира понатамошна ерозија […]

За пожарите во близина на Атина пред седум години обвинителката побара 12 обвинети да бидат прогласени за виновни


 Во судскиот процес за катастрофалните пожари во јули 2018 година во населбата Мати во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во кој загинаа 104 лица, обвинителката денеска предложи и побара 12 од 21 обвинет да бидат прогласени за виновни, јави дописничката на МИА од Атина. Судењето е на втор степен по поднесената […]

Советник на Сиљановска бара да се раскинат договорите со Грција и Бугарија


Жидас Даскаловски, еден од советниците на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, повикува државата да го раскине Преспанскиот договор со Грција, како и Договорот за добрососедство со Бугарија. „Заветна, горда Македонија беше повик за акција кој досега го немаше. Преспанскиот договор е неодржлив за нас Македонците. За да го раскине, Владата треба да има и план […]

Додик ќе формира свој суд и ќе го гони Шмит


Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, изјави дека овој ентитет на БиХ денеска ќе формира сопствен суд и обвинителство, нагласувајќи дека прв кој ќе биде обвинет ќе биде високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит. – Ќе го гониме како ѕвер, изјави Додик во обраќањето пред пратениците на Собранието на РС, кое […]

Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека намерно го одолговлекува процесот за постигнување мировен договор, пренесе ДПА. „За жал, светот не слушна суштински одговор од Русија на предлогот [за прекин на огнот] веќе цел ден“, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Претходно, тој изјави дека бил „детално“ информиран од украинската преговарачка делегација која се вратила […]

Ерменија соопшти дека е подготвена да потпише мировен договор со Азербејџан


рменското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ерменската страна подготвила нацрт мировен договор со Азербејџан и дека Ерменија е подготвена да разговара за датум и место за потпишување конечен договор. Ерменија и Азербејџан водеа неколку војни од доцните 1980-ти, кога Нагорно-Карабах, регион во Азербејџан, кој тогаш беше населен главно со Ерменци, се отцепи од […]

„Еко логистик сервис“ ја носи во земјава најголемата светска платформа за гардероба „Шеин“


Најголемата приватна пошта „Еко логистик сервис“ (ЕЛС) ќе ја носи во земјава најголемата светска платформа за гардероба „Шеин“, како и соработка со неколку нови онлајн платформи за нарачки, најави денеска на средба со новинарите директорот на ЕЛС Игор Гешовски. „Шеин“, најголемата платформа во светот за текстил, се очекува да почне да функционира во земјава кон […]

Сиљановска во Баку го цитираше и обраќањето на Мицкоски во Минхен


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на Глобалниот форум во Баку, Азербејџан, повика на суштински реформи коишто ќе ги направат глобалните институции полегитимни, поправедни, поефективни и подоследни во исполнувањето на Повелбата на Обединетите нации. Таа зборуваше на сесијата на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“ и рече дека иако се […]

ЈКП Гази Баба: Загадена водата во Булачани


Во периодот од 8 до 10 март 2025 година, водата во селото Булачани добила променета боја и миризба, предизвикувајќи загриженост кај локалното население. Јавното комунално претпријатие Гази Баба веднаш реагирало и го пријавило случајот во СВР Скопје, каде што преземаат мерки за расчистување на случајот. Според соопштението од Министерството за внатрешни работи, на 12.03.2025 во […]

Македонија е четврта во светот по потрошувачка на цигари со 5.000 смртни случаи годишно


Справувањето со здравствените и економските последици од употребата на тутунот, е навистина голем предизвик за сите земји од регионот, вклучително и во мојата земја, во која има поразителни статистики и во однос на процентот на корисници на тутунот, и на бројот на загубени живот како последица на оваа зависност, како и штетите на годишно ниво […]

Зголемени цените на земјоделските производи во ЕУ: Најмногу поскапело млекото


Просечните цени на земјоделските производи во Европската унија (ЕУ) се зголемени за 2,2 отсто во четвртиот квартал од 2024 година во однос на истиот период од 2023 година, објави Евростат. Спротивно на тоа, просечната цена на услугите и стоките што се користат во производството, како што се енергијата, ѓубривата или добиточната храна, е намалена за […]