Во Собранието нов обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади


Во Собранието денеска ќе има уште еден обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред има само една точка – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. Завчера работата на оваа Комисија остана […]

Балканот погоден од африкански горештини: Температурите скокнаа до 30 степени, доаѓаат опасни грмотевици


Балканот е на удар од две многу топли воздушни маси. До крајот на неделата Балканскиот Полуостров ќе биде под напад на две воздушни маси, многу топли од југ и исток и значително постудени од северозапад. Синоптичката состојба ќе биде таква што од северот на Африка и од Сахара над јужните, централните и источните делови на […]

Поради дојава за бомби во возовите запрен железничкиот сообраќај во Србија


Компанијата „Србијавоз“ денеска соопшти дека во текот на ноќта била добиена анонимна дојава дека во меѓуградските возови биле поставени експлозивни направи, по што од безбедносни причини привремено се прекинати сите меѓуградски возови. „Србијавоз ги известува корисниците на услугата дека на 14 март 2025 година, во 01:39 часот, примен е повик со анонимна дојава дека во […]

Здружението на инженери поднесе претставка до РКЕ за високите сметки за струја


Здружението на инженери на Македонија, поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со барање за измена на правилата за снабдување на електрична енергија. „Бараме конкретни решенија за: 1. спречување на неправедните наплати во фактурите за електрична енергија кај домаќинствата и 2. елиминирање на дополнителната неоправдана заработувачка на ЕВН. Бараме: -Да се изврши измена на Правилата […]

Венс: Би се шокирал доколку Трамп прифати распоредување нуклеарно оружје во Источна Европа


Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, денеска изјави дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп поддржи распоредување нуклеарно оружје понатаму на истокот на Европа.  Британските медиуми пренесуваат дека Венс одговараше за барањето на полскиот претседател Анджеј Дуда, САД да го префрлат нуклеарното оружје на полска територија како дел од стратегијата за одвраќање од потенцијални идни […]

До крајот на следната година низ светот може да има 6,7 милиони принудно раселени лица


Војните, конфликтите, насилството и прогонот ќе принудат 6,7 милиони луѓе да ги напуштат своите домови во следните две години, предупреди денеска данска хуманитарна организација. -„Опасните“ кратења на меѓународната помош од страна на големите земји како САД, Велика Британија и Германија лишиле милиони ранливи луѓе од поддршката што е клучна за нивниот опстанок, нагласи Данскиот совет […]

Ги користат туѓите слабости: Овие хороскопски знаци се мајстори за манипулација


Нивните методи се суптилни, но ефективни и дури подоцна ќе сфатите дека сте попуштиле. Скорпија Скорпијата нема да ве нападне со зборови, но ќе ве погледне со тој интензивен поглед и ќе ве натера да се запрашате дали сте згрешиле. Нејзина тактика? Мистериозна дистанца што ве тера да работите понапорно – токму како што планирала. […]

Украина во Џеда ги кажа црвените линии – не се откажува од членството во НАТО


Киев – На состанокот со американската делегација во саудискиот град Џеда, Украина јасно стави до знаење дека нема да се согласи да се откаже од членството во НАТО како дел од потенцијалниот мировен договор со Русија, пишува украинскиот весник „Европска правда“, повикувајќи се на неименуван извор.  Изворот запознаен со преговорите изјавил дека целта на средбата не […]

Синодот на СПЦ повика на престанок на поделбите и отпочнување дијалог во Србија


Белград – Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) ги повика „сите кои на кој било начин се вклучени во актуелните настани во Србија“ да ги прекинат поделбите и да иницираат братски дијалог. -Црквата ги повикува сите оние кои на кој било начин се вклучени во актуелните настани, да размислат за сопствените гревови и […]

Од Верди до Штраус: Славниот тенор Пласидо Доминго вечер настапува во Скопје


Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго вечер во 21 часот ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“. Со него ќе настапи и Марија Хозе Сири – една од водечките сопрани во светот, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент ќе биде Жорди Бернасер од Шпанија.  Пласидо Доминго пристигна во Скопје во средата. […]

Од Пентагон побарани воени опции за пристап до Панамскиот канал


Вашингтон – Американската војска мора да работи на обезбедување опции за да се осигура дека САД имаат целосен пристап до Панамскиот канал, потврдија двајца американски претставници. Според нив, Белата куќа и наредила на американската војска да развие опции за зголемување на присуството на американските сили во Панама. Американскиот претседател Доналд Трамп постојано изјавува дека сака […]

Почина истакнатиот ортопед Глигор Џолев


На 80-годишна возраст почина истакнатиот ортопед проф. д-р Глигор Џолев, соопшти семејството. Професор д-р Џолев е роден 20.07.1944 година во Струмица и целиот свој живот го посвети на медицината, несебично помагајќи им на своите пациенти со стручност, човечност и искрена грижа. Од 1972 година до 2009 година работеше, и своевремено бил Директор, на Ортопедската клиника […]

Објава на лауреатот на „Роман на годината“ од фондацијата „Славко Јаневски“


 Лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2024 година ќе биде соопштен денеска на прес-конференцијата во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, во 12 часот. Во најтесниот избор за наградата што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ годинава влегоа трите романи: „Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ од […]

Сончево и топло со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 14 март 2025 година, 73-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 292 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 47 минути, а ќе зајде во 17 часот и 39 минути. Денов трае 11 часа и 51 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее […]

Мицкоски го прекори ЕВН за нередовно читање на броилата за електрична енергија


Упатив многу јасна порака кон ЕВН дека не смее да се случува сметките за потрошена електрична енергија на граѓаните да се зголемени заради нередовно читање на броилата. Ваквиот тип на однесување е непочитување кон Владата, бидејќи е непочитување кон граѓаните кои ја избрале оваа Влада. Ако продолжи ваквото однесување, а мислам дека нема да продолжи, […]

Ќе им се случи народ: Мицкоски за петтемината членови на Судскиот совет ако не си поднесат оставки


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија најави дека ќе се случат протести ако корумпираните судии за кои беше изгласана недоверба во Собранието не си дадат оставки, а на тие протести тој ќе биде во првите редови.   „Ќе им се случи народ, ќе излезе народ на […]

Путин ја разоткри слабоста на стратегијата на Трамп, анализира Би-Би-Си


Рускиот претседател Владимир Путин ги препозна слабостите во американскиот предлог за прекин на огнот и сега вешто ги користи за да ја префрли одговорноста назад на претседателот Доналд Трамп, анализира Би-Би-Си. Путин порача дека „не може да има моментален прекин на огнот без претходен договор за условите“, со што ја извртува стратегијата на Трамп, кој […]

Премиерот на Гренланд му порача на Трамп: Доста е!


Премиерот на Гренланд во заминување Муте Егеде најави дека ќе свика состанок со лидерите на сите партии за да испратат заеднички и остар одговор на најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на островот. „Претседателот на САД повторно јавно зборува за тоа да нè анексира. Доста е!“, напиша Егеде на Фејсбук. Претходно денеска, […]

Со мартовската пензија пензионерите ќе го добијат линеарното покачување од 2.500 денари


Со мартовската пензија, која ќе им биде исплатена на крајот на март или на почетокот на април, пензионерите ќе го добијат линеарното покачување од 2.500 денари, потврди премиерот Христијан Мицкоски. -Со линеарното зголемување од вкупно 5.000 денари „ЈВ индексот“ е доведен во некоја си нормала затоа што е намалена разликата меѓу екстремно сиромашното население и […]