Со свеченост Специјалната антитерористичка единица ТИГАР одбележа 44 години од формирањето


Во Касарната „Илинден“- Скопје денеска со свечена церемонија беа одбележани 44 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на свеченоста истакна дека во своето петдецениско постоење САЕ Тигар од аспект на професионалност, стручност, обученост на своите припадници, претставува вистинска гордост, како на МВР, така и на цела Македонија. […]

Келнерите, магацинските работници и готвачите и понатаму се најбарани работници во Хрватска


Минатата година бројот на огласи за вработување во Хрватска е намален за 1,5 отсто, но вистинската побарувачка за работници е веројатно поголема, а најбарани занимања се продавач, келнер, работник во магацин, готвач, работник во производство и возач, објави во четвртокот порталот МојПосао. Анализата на пазарот на трудот во Хрватска, спроведена од Alma Career Croatia, која […]

Скопјанец ги претепал сопругата и нејзините три малолетни деца


Случај на семејно насилство во скопски Петровец.  – На 12.03.2025 во 12 часот во населба на подрачјето на општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 4 часот физички ја нападнал неговата 43-годишна поранешна партнерка, оштетил мобилен телефон, ги туркал нејзините три […]

50-годишен скопјанец ја уценувал малолетната девојка дека ќе објави видео од нивниот сексуален однос


Татко пријавил во полицијата дека неговата малолетна ќерка била во врска со 50-годишник кој ја уценувал со компромитирачко видео.  – На 12.03.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15-годишна ќерка подолго од една година била во врска со лицето Ј.„Н“, кој без нејзино знаење снимил видео материјал од […]

Обвинителите од организиран криминал ги отфрлаат нападите за наводна пристрасност


  Јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги отфрлаат сите информации што кружат во јавноста за наводни притисоци врз нив во врска со предметите по кои постапуваат и јавно ги осудуваат ваквите изјави што задираат во нивниот интегритет, се вели во реакција објавена од Службата за односи со […]

Со 350 000 долари 11 општини ќе реализираат технички документации за нови проекти


Единаесет општини во Македонија ќе добијат грантови во вкупен износ од 350 000 американски долари од Фондот за техничка документација (ФТД) за изработка на техничка документација за нови проекти. Градоначалниците на Градско, Крушево, Македонски Брод, Новаци, Пехчево, Студеничани, Теарце, Чашка, Чаир, Охрид и Штип денеска потпишаа договори кои ќе им помогнат во зајакнување на капацитетите […]

МНР: Бугарија е виновна, а не ние


  Со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз нашата држава, нагласува македонското Министерствот за надворешни работи во одговорот на вчерашната реакција на бугарското МНР околу изјавата на премиерот Христијан Мицкоски. „Истакнуваме дека почитувањето и спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови […]

Драма во Бугарија: Уставниот суд го прогласи за незаконит изборот на 16 пратеници


  Пет месеци по изборите во окртомври во Бугарија се случува политичка драма откако Уставниот суд најде дека изборни ливчиња исчезнале и дека се направиле криминални активности во многу избирачки места. Крајната цел, изгледа бил, тврдодесничарската партија Величие да не влезе во парлементо (ѝ недостигаа 21 глас за поминување на прагот) а придобивки да имаат […]

Трендафилов: Не ни требаат сеирџии, туку партнери


Нејасно е како Владата еднострано одлучи да се изземе од трипартитниот социјален дијалог. Загрижува што не оставија во арената да се тепаме со работодавачите, знаејќи од претходно дека едниот ќе биде победник. Капиталот е далеку помоќен од работниците кога седиме на маса, нивната одлука тежи далеку повеќе од одлуката на работниците. Но, за да го […]

Додик: Ќе формираме свој суд и обвинителство, а Шмит „ќе го гониме како ѕвер“


Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, изјави дека овој ентитет на БиХ денеска ќе формира сопствен суд и обвинителство, нагласувајќи дека прв  кој ќе биде ообвинет ќе биде високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит. – Ќе го гонеме како ѕвер, изјави Додик во обраќањето пред пратениците на Собранието на РС, кое […]

Митревски презентира две нови судски пресуди и најави кривични пријави, Трендафилов со порака дека претседателот на ССМ го бираат работниците


 Живко Митревски и натаму тврди дека е незаконски сменет од позицијата претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и дека моментно таа функција ја извршува, како што вели, нелегитимно избраниот Слободан Трендафилов. Митревски денеска на прес-конференција презентираше уште две добиени пресуди, од Основниот граѓански суд и од Апелацискиот суд, со кои, рече, јасно се […]

Стручна конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ – иновативни технологии во градежништвото преку зајакнати партнерства


Градежништвото е основен двигател на економскиот развој, па имплементацијата на иновативни решенија базирани на вештачка интелигенција кои ќе го унапредат процесот и ќе создадат можност за нови одржливи производи е од клучно значење. Во услови на голема транзиција во скоро сите сектори, од клучно значење е зајакнување на соработката помеѓу науката, компаниите и институциите. Само […]

Од следната недела пад на дневните температури за 7 до 10 степени


 Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен […]

Израелски авиони погодија зграда во предградие на Дамаск


Израелски авиони денеска погодија зграда во предградие на Дамаск, јави сириската државна новинска агенција. Два сириски безбедносни извори за светските агенции изјавиле дека цел на нападот бил Палестинец и дека била погодена зградата во која се наоѓало седиштето на палестинската организација Исламски џихад. Израелската војска веднаш не го коментираше нападот, но воениот дописник на нејзиното […]

Неколку улици од Гази Баба утре ќе бидат без вода


Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека утре (петок) поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.„Јани Лукровски“ бр.1 (кај Б.П „Мак Петрол“), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. „Јани Луковски“, ул. „16-та Македонска Бригада“, ул. „Трифун Хаџијанев“ и ул. „Лазар Поптрајков“ (општина Гази Баба).  Прекинот ќе биде […]

Центар ги казни сите угостители што се „распослале“ на Кеј


Општина Центар денеска спроведе вонреден инспекциски надзор на угостителските објекти на Кеј „13 Ноември“, при што беа изречени казни за сите правни субјекти кои ги узурпираа јавните површини со поставување урбана опрема без соодветно одобрение. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави дека ваквите инспекциски надзори ќе се интензивираат во наредниот период и дека нема […]

Туристичката населба Беровско Езеро добива улично осветлување


Привршуваат градежните активности од третата фаза за поставување нова линија на  улично осветлување во туристичка населба Беровско Езеро. Како што соопшти денеска градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски поставени се вкупно 26 канделабри, во вкупна должина од 750 метри. -Дел од овие канделабри се поставени на патот кој води кон Клепало и дел околу тиристичките капацитети. […]

Индијците сега поседуваат повеќе станови во Лондон отколку Англичаните


Индијците сега се најголемите сопственици на имот во Лондон, кои инвестираат многу во станови од една до три спални соби, по цена од 290.000 до 450.000 фунти. Во последниве години, индиските инвеститори станаа доминантна сила на пазарот за недвижнини во Лондон, надминувајќи го дури и локалното население во сопственост на имот. Овој тренд е резултат […]

Рација на белгиската полиција во „Хуавеи“ поради наводен поткуп на европратеници


  БРИСЕЛ – Околу 15 актуелни и поранешни европратеници се осомничени за примање мито од фирма контролирана од кинеската влада, објави холандскиот сајт за вести Follow The Money. Рано во четвртокот наутро, белгиската федерална полиција изврши рација во канцелариите и домовите на лобистите на „Хуавеи“. Рации беа спроведени и во Португалија. Повеќе лица се уапсени. […]

Агелер не открива зошто Лимани не добил виза за САД


Амбасадорката на САД, Ангела Агелер, одбегна да каже зошто министерот за социјална политика Фатмир Лимани не добил виза за патувањето во САД, упативајќи ги новинарите  одговор да  бараат кај самиот апликант. Таа посочи дека САД имаат строги закони за приватност и дека не може да коментира прашања поврзани за добивање на американска виза за ниту […]