Руте: Четворицата американски војници кои исчезнаа за време на воена вежба во Литванија се загинати


Четворицата американски војници кои исчезнаа за време на воена вежба во Литванија загинаа, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Тој додаде дека се уште не знае детали за тоа што се случило со војниците. Генералниот секретар, кој е во посета на Полска, рече дека неговите мисли во овој момент се со семејствата на четворицата […]

Трите распродадени концерти на Здравко Чолиќ одложени за 2, 3 и 4 јуни


  Поради ужасната трагедија во Кочани, трите распродадени концерти на Здравко Чолиќ со Симфониски Оркестар, кои требаше да се одржат на 18, 19 и 21 март во Скопје, се одложени и ќе се реализираат на 2, 3 и 4 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.   Сите веќе купени влезници важат соодветно за новите термини и […]

Ефективниот притвор за двајца поранешни градоначалници на Кочани заменет со куќен притвор


 Мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор, а во куќен притвор оди и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат. Ваква одлука донел Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите на 17 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.  На останатите 14 лица одбиени […]

Пациент кој се лекуваше во Грција се врати во државава


Дваесет и двегодишен пациент кој беше повреден во пожарот во дискотеката во Кочани, а кој се лекуваше во Атина, вечерва се врати во државава. Вечерва се очекува во земјава да пристигнат и четворица пациенти од Шпанија. Министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го пречекаа […]

Избран нов градоначалник на Истанбул по апсењето на противникот на Ердоган


 Градскиот совет на Истанбул, каде што опозициската Републиканска народна партија има мнозинство, денеска избра вршител на должноста градоначалник, објави телевизијата НТВ, откако актуелниот градоначалник Екрем Имамоглу беше приведен под обвиненија за корупција што тој и неговите поддржувачи ги негираат. Градскиот совет, кој брои 314 членови, го избра Нури Аслан за привремен градоначалник со 177 гласа. […]

Додик во Израел: Јас и Нетанјаху сме жртви на политички прогон


Претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој престојува во Израел и покрај потерницата што е распишана по него во БиХ, изјави дека, иако се соочува со кривично гонење, нема да се откаже од својата политика. Во интервју за новинската агенција Jewish News Syndicate (JNS), објавено денеска, Додик ја спореди својата ситуација со онаа на израелскиот […]

Мицкоски се сретна со Јован Костадинов кој спаси 21 лице од огнената стихија во Кочани


Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со младиот Јован Костадинов кој спаси 21 лице од огнената стихија во Кочани. За средбата извести Мицкоски на неговиот службен профил на Фејсбук. Притоа, како вели, на Костадинов ќе му биде доделена стипендија од „Алкалоид“  како знак на признание за неговата храброст и човечност.  „Денес се сретнав со Јован Костадинов, […]

Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри


Првиот заменик претседател на владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес оствари работна средба со директорите на националните паркови Шар Планина, Емир Хусеини и на Пелистер, Иванчо Тошевски. Меџити разговараше со првите луѓе на Шара и Пелистер за инвестиционите планови на министерството, како што е изградбата на нови објекти – […]

И Регулаторната гилотина придонесе за хаосот во системот


  Една од најфалените мерки во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ кога премиер беше Никола Груевски, сега се удира од глава на владата на ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи Христијан Мицкоски. Станува збор за регулаторната гилотина, за која во текст објавен на порталот „Плусинфо“, поранешниот министер за финансии, а сега претседател на Советот на Град Скопје, […]

По потсмевот во јавноста: Собранието демантира дека не работи, се координирале!


 Работата на Собранието и пратениците продолжува во други вообичаени форми, вклучително и координација меѓу пратениците и пратеничките групи, ангажирање во подготовката и разгледувањето на предлог законите, како и состаноци на различни нивоа. Откажани се пленарните седници, комисиите и неколку други настани за кои е потребно присуство на медиумите, појаснуваат од Кабинетот на претседателот на македонското […]

Нето надворешниот долг зголемен за 183 милиони евра, на крајот на 2024 достигнал 4,6 милијарди евра


Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. Како што се вели во соопштението, на 31 декември минатата година, нето надворешниот долг изнесувал 4.630 милиони евра, или 30 проценти од БДП. Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2024 година е зголемен […]

Најдени човечки коски закопани во близина на Македонски Брод


Вчера, во 11.17 часот во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 16.00 часот на 24.03.2025 до 10.00 часот на 25.03.2025 покрај црквата „Св.Ѓорѓија“ во атар на с.Слатина, општина Македонски Брод, бил извршен ископ при што биле извадени четири камени плочи и остатоци од коски кои најверојатно се од човечко потекло. Увид на местото […]

Сибиха: Нема олеснување на санкциите додека продолжува руската агресија


 Санкциите воведени кон Русија не можат да бидат олеснети се додека руската агресија продолжува, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на заедничката прес-конференција со неговиот норвешки колега Еспен Барт Ејде во Киев, пренесе Укринформ. Сибиха информира дека за време на разговорите страните одделно го покренале прашањето за заострување на санкциите против Русија. „Го […]

Фатени лихвари од Охрид


СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(34), А.Б.(28), Е.Б.(30), Н.Ј.(33), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело  „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Во периодот од 2021 до 2024 година, пријавените во повеќе наврати на лице од охридско, преку неговата невенчана сопруга, му давале пари на заем, а […]

Министерство за социјална политика, демографија и млади: Правото на протест е загарантирано


Во врска со изјавата на Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ, за наводно вршење на притисок врз вработени во центрите за социјална работа, како и закани дека ќе бидат избркани од работа доколку излезат на протест ве известуваме дека од страна на Кабинетот на министерот и […]

Вински музеј Кавадарци на мапата за туристи со коњи низ Тиквешко


Вински музеј Кавадарци е на мапата за туристи со коњи низ Тиквешко, Неколкумина странски  туристи дсенеска ја посетија оваа културна установа, откако претходно поминаа неколку километри на коњи, од една друга точка, во прекрасна еко и етно околина на тиквешкиот крај. Во музејот кој се повеќе привлекува внимание на домашни и странски посетители, тие се […]

КСЗД поведе постапка по службена должност против психијатриските болници и МЗ


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација соопшти дека повела постапка по службена должност против ЈЗУ Психијатриска болница – Демир Хисар, ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје и Министерството за здравство, за заштита од дискриминација на пациентите во здравствените установи, врз основа на здравствен статус, во областа пристап до здравствените услуги. Како што е објавено на […]

На скопските центри за социјална работа им било забрането да дадат поддршка на ранетата колешка од Прилеп


Претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, денеска обвини дека врз вработените во скопските центри за социјална работа бил извршен силен притисок да не излезат надвор од работните места и така да ѝ дадат поддршка на колешката Маријана, која беше ранета со два куршуми во оружен инцидент што се случи во Центарот за социјална работа […]

Муцунски: Платени се сите трошоци на пациентите и нивните семејства во странство, хуманитарни акции поддржувам


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на прес-конференција истакна дека активно се работи на процесот на репатријација на македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство. -Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Министерството за здравство и СОЗР активно работат на реализација на процесот на репатријација на […]

„Атлантик“ објави нови пораки за плановите на САД за нападите врз Хутите


  Списанието „Атлантик“ објави нови пораки од групата за разговор Сигнал, вклучително и од највисоките американски функционери кои разговараат за оперативните детали за плановите за бомбардирање на Јемен. Првичните откритија на списанието и неговиот уредник, Џефри Голдберг, кој случајно беше додаден на разговорот, создадоа огромен скандал во САД, а администрацијата на Трамп се соочи со […]