Во големите пожари во Јужна Кореја досега загинаа 26 лица (видео)


Шумските пожари што беснеат низ Јужна Кореја денеска се двојно поголеми во однос на претходниот ден, а бројот на загинати се зголеми на 26. Повеќе од 33.000 хектари земја веќе изгореа во најголемиот пожар што избувна во централниот дел на округот Усеонг, што го прави најголемиот поединечен пожар во историјата на Јужна Кореја. Противпожарни хеликоптери […]

Саем на книга 2025 од 8 до 14 мај во „Борис Трајковски“


Саемот на книга 2025, најголемиот книжевен настан во земјата, оваа година се одржува под мотото „Храна за душа“, истакнувајќи ја моќта на пишаниот збор да инспирира, образува и збогатува. Од 8 до 14 мај, арената „Борис Трајковски“ ќе се претвори во центар на литературата, каде што посетителите ќе можат да нурнат во светот на книгите […]

Пожарот во Кочани го отвори прашањето за нова опрема и екипираност на противпожарните служби


Интервенцијата на кочанските пожарникари во гаснењето на пожарот и спасувањето на младите лица во дискотеката „Пулс“, беше пожртвувана и храбра. Десетина дена по трагедијата и кај нив сѐ уште е присутен шокот од последиците што ги предизвика огнената стихија, иако во досегашното работење се соочувале со голем број слични предизвици. Тројца пожарникари се здобија со […]

Гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска со концерт во Софија


Во рамки на претставувањето на музичкиот проект „Балканско патување“, гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска, денеска ќе одржи концерт во галеријата на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија. Како што е најавено, ќе настапат Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска-Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. Аранжманите се на Пламенка […]

Изложба по повод 55 години творештво на Таки Павловски


 Во Музејот на Град Скопје денеска во 12, 30 часот ќе биде отворена изложбата „Објекти-градби 1970-1980“ на Таки М. Павловски составена од селектирани дела, дел никогаш неизложени, а ќе се одржи и промоција на неговата монографија „Едиција/ 55 години креативност (17 тома)“. Монографијата претставува издание од посебен вид, едиција на целокупно творештво од 55 години […]

Пет години членство на Македонија во НАТО – исполнета една од стратешките цели на државата


Република Северна Македонија денеска одбележува пет години од зачленувањето во НАТО откако на денешен ден во 2020 година стана 30-та членка на Алијансата. Со тоа, земјата реализираше една од нејзините стратешки цели која е зацртана и во Резолуцијата што Собранието ја усвои во 1993 година.  По повод петгодишнината денеска во Клубот на пратеници во Скопје […]

Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони во САД


Вашингтон – Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа ја потпиша извршната наредба со која се воведуваат царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони произведени во странство, јавија светските агенции. Трамп тврди дека го враќа богатството во САД, велејќи дека странските земји го ограбиле во размери без преседан. -Тие зедоа толку многу од нашата […]

На охридскиот аеродром прв лет од директната авиолинија на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул


Со пристигнување на патници од Истанбул денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе биде означен официјалниот старт на нововоспоставената авионска линија од Истанбул до Охрид.    Станува збор за првиот лет на директната линија на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ што од денеска ќе лета од Истанбул до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Според претходните најави, […]

Прогласување на лауреатите на СВП за 2025 година


Во амфитеатарот на Македонската академија на науки и уметности во Скопје денеска ќе бидат прогласени лауреатите на Струшките вечери на поезијата за 2025 година. Како што најавија од фестивалот, по прогласување на добитниците, традиционално ќе следи поетско читање на членови на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите, кои ќе ја споделат својата поезија, […]

Државните награди на академиците се најниски во регионот, вели првиот човек на МАНУ


За предвидените проекти, тековното функционирање, капиталните инвестиции развојот на Академијата, науката и друго, неопходна ќе биде силна финансиска поддршка од државата. Во моментот, со новиот буџет за 2025 година состојбата за основната дејност на МАНУ е коригирана, но ние со аргументирана упорност и ентузијазам ќе продолжиме да преговараме со надлежните финансиски институции на државата со […]

Зградата на МАНУ, бисер на модерната на Балканот, комплетно ќе се реконструира


Оваа година ќе се изработи проект за комплетна реконструкција на објектот на МАНУ кој е изграден во 1976 година, рече вчера, првиот човек на МАНУ, академик Живко Попов во експозето на Редовното годишно собрание осврнувајќи се на работата во изминатата година – прва во неговиот мандат.  Зградата на МАНУ важи за бисер на модерната во […]

Данска подготвена да купи американски авиони Ф-35 и покрај спорот со Гренланд


Копенхаген – Данските власти денеска соопштија дека размислуваат да купат повеќе американски борбени авиони Ф-35, и покрај затегнатите односи со американскиот претседател Доналд Трамп, кој сака да го анектира Гренланд, автономен регион на Данска. „Треба да го зголемиме бројот на борбени авиони. И сосема е логично да набавиме повеќе Ф-35“, изјави данскиот министер за одбрана […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 20 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 27 март 2025 година, 85-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 280 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 25 минути, а ќе зајде во 17 часот и 54 минути. Денов трае 12 часа и 28 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Алкалоид со победа го заврши регуларниот дел на Суперлигата


Ракометниот клуб Алкалоид со победа од 29:26 над ГРК Охрид го заврши регуларниот дел на Суперлигата и во плејофот пренесува два бода! Најдобар стрелец во екипата беше Мартин Серафимов со осум гола, пред Мартин Ивановски со шест гола. Следен натпревар за тимот е во Европскиот Куп на ЕХФ на 30 март, каде игра дуел за […]

Двајца иселеници од Дебарско загинаа во сообраќајка во Италија


Во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Италија, животот го загубиле  двајца иселеници од Дебарско. Станува збор за Бајрам Бајрамоски (53) од село Жировница, општина Маврово и Ростуше, кој според неговите соселани од Жировница, во Италија бил над две децении. Оженет и татко на две деца. Втората жртва е Фуат Етемовски (65) од […]

Франција ќе додели уште две милијарди евра за воена поддршка на Украина


Париз – Франција ќе додели дополнителни две милијарди евра за воена поддршка на Украина. Ова вечерва го соопшти францускиот претседател Емануел Макрон, пренесоа светските агенции. Тој рече дека новиот пакет помош за Украина вклучува противтенковски ракети, ракети земја-воздух и беспилотни летала. Макрон имаше средба со својот украински колега Володимир Зеленски, кој денеска пристигна во Париз […]

Сопствениците на ПСЖ ќе купат шпански клуб


Сопствениците на Пари сен Жермен, „Катар Спорт Инвестментс“ се во преговори за купување на шпанскиот второлигаш Малага, пренесе „Екип“. Катарците го купија ПСЖ во 2011 година, но сега почнуваат да го прошируваат своето портфолио во фудбалот. Тие неодамна купија 21,67 отсто од португалска Брага. Според „Екип“, преговорите за купување на Малага се во напредна фаза […]

СДСМ вечерва одржува Централен и Извршен одбор


Во седиштето на СДСМ вечерва се одржуваат седници на Централниот и Извршниот одбор. Пред почетокот, пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска најави дека фокусот на дебатите ќе биде ставен на актуелните политички состојби, но и на внатрепартиските избори што се одложија поради трагедијата во Кочани. – Вечерва треба да зборуваме за неколку точки на дневен ред […]

Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците


Премиерот на Канада, Марк Карни денеска изјави дека трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп против Канада им штети на Американците. – Неговата трговска војна е на штета на американските потрошувачи и работници и ќе боли уште повеќе. Гледам дека довербата на американските потрошувачи е на многу ниско ниво, посочи Карни за време на предизборната […]