Полскиот премиер ја повика Европа итно да подготви план за Украина


Полскиот премиер Доналд Туск денеска ги повика Европејците итно да создадат план за Украина и безбедноста на континентот, за нејзината иднина да не биде обликувана од други, бидејќи може да се случи мирот за кој преговараат глобалните играчи да не е во согласност со европските интереси. „На Европа итно и треба план, свој план за […]

Мицкоски се сретна со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ


  Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на работниот престој во Минхен, Сојузна Република Германија денеска оствари средба со претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген.    На средбата се разговараше за актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот, како и за можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста.   Премиерот […]

(Видео) Пожар во хотел во Лондон познат по престојот на Мадона, Кајли Миног и Том Круз…


Околу 100 луѓе се евакуирани од хотел во Лондон откако избувна пожар во приземјето на зградата. Пожарот избувнал во хотелот и ресторанот „Chiltern Firehouse“, познат по тоа што го посетуваат познати личности како Мадона, Кајли Миног и Том Круз. На местото на пожарот се испратени повеќе од 100 пожарникари и 20 противпожарни возила. Around 100 […]

Еве колкава е просечната плата во Германија за 2025 година


Во Германија, платите значително се разликуваат од професија до професија. Но, колку се заработува во просек? Веќе има прелиминарна проценка на платата за 2025 година. Според германските медиуми, 2025 година започна позитивно за луѓето со ниски примања. Од почетокот на годината многумина имаат повисоки саатници. Сепак, и другите работници ќе добијат повисоки нето плати во […]

Од 19 февруари градежни активности на патот Охрид-Св. Наум пред туристичката населба Лагадин


Градежното претпријатие „Илинден“ – Струга, известува дека од 19 февруари 2025 година, на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, пред туристичката населба Лагадин во правец на Св. Наум, ќе се изведуваат градежни работи на пат. Како што соопшти ЈП за одржување и заштита на магистралните и регоналните патишта, поради тоа сообраќајот ќе се одвива […]

Инспекторите во Струмица казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли


 Општинскиот инспекторат за животна средина вчера казни три лица за согорување отпад од електрични кабли, информираа од општина Струмица во рамки на редовното објавување на извршените надзори. Имено, вчера биле извршени три контролни и два вонредни инспекциски надзори над компании и физички лица. Две лица се затекнати на државно земјиште како согоруваат отпад од електрични […]

Јужна Калифорнија погодена од поплави и лизгање на земјиштето


Жителите на Јужна Калифорнија кои претрпеа штети од пожарот во населбата Итон сега се погодени од поплави и лизгање на земјиштето поради невремето што ја зафати областа. Во четвртокот вечерта, вода, камења и кал се слеваа по планината во градот Сиера Мадре. Булдожери вчера ги расчистуваа улиците покриени со кал во градот со 10.000 жители. 

Водовод со акција за отплата на долгови без пресметка на камата заклучно до 2 април 2025 година


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. Оттаму соопштуваат дека акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење и започнува од 17.02.2025 година, а завршува заклучно со […]

Германскиот канцелар му одговори на Џеј Ди Венс


Германскиот канцелар Олаф Шолц денес одлучно го бранеше својот став против екстремната десница, велејќи дека неговата земја нема да прифати луѓе кои „се обидуваат да интервенираат во нашата демократија“, еден ден откако американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ги критикуваше европските лидери за нивниот пристап кон демократијата. Германскиот лидер зборуваше осум дена пред клучните избори во […]

Португалски град им забрани на туристите да се шетаат во костими за капење. Казните се до 1.500 евра


На туристите во популарниот португалски град Албуфеира наскоро би можело да им биде забрането да шетаат низ градот во костим за капење, или ќе се соочат со високи казни. Крајбрежен град во јужниот регион Алгарве, популарна дестинација за британските туристи, го промени кодексот на однесување, експлицитно забранувајќи им на луѓето делумна или целосна голотија на […]

Синер суспендиран на три месеци


Италијанскиот тенисер Јаник Синер е суспендиран на три месеци поради случајот Клостебол, супстанца на која беше позитивен на тестот во март 2024 година (со концентрација помала од 1 милијардити дел од грам на литар). Постигнат е договор меѓу тенисерот број еден на АТП листата и ВАДА. Санкцијата започнува на 9 февруари и ќе трае до […]

Хамас изведе тројца израелски заложници пред голема толпа во Појасот Газа пред предавањето на Црвениот крст


 Хамас денеска изведе тројца израелски заложници пред голема толпа во Појасот Газа пред нивното најавено предавање на Црвениот крст како имплементација на договорот за прекин на огнот според кој Израел треба да ослободи стотици затворени Палестинци во замена за заложниците. Тројцата заложници кои денеска ќе бидат ослободени се Иар Хорн (46), двоен државјанин на Израел […]

Кумановскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Смрт и девојка“


„Смрт и девојка“ е насловена претставата што вечерва со почеток во 20 часот во малата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ премиерно ќе ја изведат актерите од кумановскиот театар пред публиката. Драмата од аргентинскиот писател Ариел Дорфман е во режија на Мирослав Петковиќ, а играат Марко Трајковиќ, Владо Дојчиноски, Сања Русеска. -Драмата „Смрт и девојка“ од […]

Одлуката да се разреши Коцевски не била само правна, туку и морална, вели министерот за правда


Министерот за правда Игор Филков осврнувајќи се на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека негова оставка би била логичен и неопходен чекор за зачувување на интегритетот на правосудниот систем доколку е нарушена довербата или ако има доволно аргументирани причини за неговата одговорност. -Овие резови, реформи и трансформации нема да бидат […]

Администрацијата на Трамп отпушти високи лидери на Националниот архив


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп отпушта високи лидери на Националниот архив на САД, објавија денеска американските медиуми. Цитирајќи извор запознаен со ситуацијата, Си-Ен-Ен објави дека потегот дојде откако претседателот Трамп минатата недела ја отпушти директорката на Националниот архив (НА), Колин Шоган. Како директорка на НА, Шоган беше одговорна за надзор на владините документи и […]

Трамп Медиа во загуба 400 милиони долари минатата година


Акциите на Трамп Медиа (Trump Media & Technology Group) паднаа за околу 1% во продолженото тргување во петокот, откако операторот на Truth Social ги објави своите резултати за 2024 година. Приходите на компанијата паднаа за 12% во однос на претходната година, според нејзиниот годишен извештај. Компанијата забележа дека нејзината нето загуба се прошири на 400,9 […]

Меџити: Вкупно 1.500 здравствени работници ќе добијат решенија за работа, без разлика кој ги вработил


Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле вработени во минатото, но со години останале со привремени договори. „Во овој период ќе донесеме само една одлука на владата за трансформација на оние кои биле вработени во здравството во минатите влади и останале […]

„Еурактив“: Понижување на Европа


По сите најави во последните години околу „стратешката автономија“ и геополитичкото влијание на ЕУ, оваа недела и официјално видовме колку навистина Европа е мала на глобалната сцена, се наведува во коментар на бриселскиот портал „Еурактив“ во врска со последните случувања околу Украина.  Според авторот на коментарот, колку е Европа мала, станува јасно ако се види […]

Вртоглави животни трошоци: Во Западен Балкан потрошувачите ги бојкотираат супермаркетите


Сѐ почна во Хрватска кон крајот на јануари. Веќе неколку недели, во земјата се одржуваат многубројни бојкоти на супермаркети, со коишто граѓаните го изразуваат своето незадоволство од сѐ повисоките цени. Исто толку незадоволни се купувачите и во други земји-членки на ЕУ, како и во неколку држави што сакаат да се зачленат во блокот.  Бојкотот на […]

Силен земјотрес регистриран во Сибир, прогласена состојба на висока готовност


Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во Сибир, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на 29 километри северно од градот Кош Агач во регионот Алтај. Земјотресот бил почувствуван и во Казахстан. Откако силен земјотрес го потресе сибирскиот регион, во Алтај е […]