Осум министерства, Заводот за статистика и Државниот архив на протест


Вработени од јавната администрација денес ќе излезат на проест барајќи потпишување на колективен договор и исплата на 30 проценти додаток на плата. Од Синдикатот на УПОЗ, кој ги обединува синдикалните организации на повеќе министерства и други јавни институции, во изјава за МИА велат дека на протест излегуваат осум министерства, Државниот завод за статистика и Државниот […]

Номинациите за Оскар ќе бидат објавени на 23 јануари


Лос Анџелес – Номинациите за најпрестижната американска филмска награда, Оскарите, се поместуваат речиси една недела подоцна од првичниот датум поради пожарите во Калифорнија. Номинациите ќе бидат објавени на 23 јануари, соопшти Академијата за филмски уметности и науки, што ги доделува Оскарите. Поради пожарите што се уште се активни низ Лос Анџелес, филмската академија исто така […]

Самит на НАТО сојузниците од Балтикот во Хелсинки


Брисе – Финскиот претседател Александар Стуб и естонскиот премиер Кристен Михал денеска ќе бидат домаќини на Самит на земјите членки на НАТО од регионот на Балтичкото Море што ќе се одржи во Хелсинки.  Според најавите, на Самитот ќе учествуваат и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија […]

Облачно со температури под нулата, снег во јужните и југозападните делови од државата


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со провејување на снег претежно во јужните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени. Во Скопје променливо облачно […]

Обвинителството проверува дали само полицаецот од „Блаце“ е виновен за бегството на Груби


„Обвинителството работи врз основа на докази. За поранешниот премиер Димитар Ковачевски засега нема истрага, но продолжува проверката на наводите од МВР“, рече републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. „Мерка стоп за Артан Груби е издадена по наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје неколку дена пред неговото бегство. […]

Обвинителството води шест предистраги за тендери на „Електрани на Северна Македонија“


Јавно обвинителство работи на повеќе предмети поврзани со „Електрани на Северна Македонија“, РЕК „Битола“ и случаи поврзани со набавка на енергенти, обелодени државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Одговорот дојде на прашањето – дали обвинителството води и други предистражни постапки за работењето на ЕСМ по отворањето на истрагата […]

Лос Анџелес во состојба на тревога: Метеоролозите со најави за нови силни ветрови


Противпожарната служба на Лос Анџелес предупредува на опасни временски услови што би можеле повторно да ги разгорат пожарите во метрополата на Западниот брег на САД. – Сушните услови и брзите ветрови предизвикуваат висок ризик од пожар во пошироката област на Лос Анџелес, рече началникот на пожарникарскиот округ на ЛА, Ентони Мароне. Прогнозите на метеоролозите се […]

Републиканците во Претставничкиот дом подготвија предлог-закон за купување на Гренланд


Републиканските пратеници во Претставничкиот дом на САД се обидуваат да добијат поддршка за нацрт-законот со кој се овластуваат разговори за купување на Гренланд, според нацрт-законот „Да го направиме Гренланд повторно голем“, чии копии беа дистрибуирани денеска, јавија американските медиуми. Тоа го потврдија канцелариите на републиканските конгресмени Енди Оглс и Дијана Харшбаргер. Ако биде усвоен, законот […]

Врховниот суд на САД не ја прекина тужбата против нафтените компании за отштета поради климатските промени


Американскиот Врховен суд денеска го отфрли барањето на нафтените и гасните компании да се запрат тужбите против нив за штети предизвикани од климатските промени. Највисокиот суд во земјата, во кој доминираа конзервативните судии, одби да го разгледа барањето, дозволувајќи му на градот Хонолулу да го продолжи случајот против нафтените и гасните компании, вклучувајќи ги Суноко, […]

Хаос околу платите во јавната администрација, Андоновски бара системско решение


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, смета дека проблемот со зголемувањето на платите во јавната администрација е комплексен и бара системско решение. Според него, решението е систем за плати којшто би овозможил вработени со исти компетенции да земаат иста плата. За утрешниот протест на вработените во осум министерства, Андоновски вели дека не треба веднаш да […]

Коцевски тврди: Почнале да гонат корупција, но не заради притисок од власта


Јавниот обвинител  Љупчо Коцевски вели дека упатството за давање приоритет на предметите за корупција се совпаднало со најавите на премиерот Христијан Мицкоски за акција против корумпираните судии и обвинители. Коцевски не се согласува со тезата дека со упатството тој признава дека обвинителствата не постапувале како што треба до тој момент и нагласува дека јавното обвинителство […]

Шокантна снимка од руско воено возило на „патот на смртта“ во Донецк (Видео)


  Видео снимено од камерата на руски војник додека се вози со мало теренско возило (АТВ) на пат наречен „патот на смртта“ во близина на украинскиот логистички центар Покровск во регионот Донецк во источна Украина – една од клучните цели на руската офанзива во Донецк – прикажува уништени или напуштени возила и паднати војници, станаа […]

Србија: Околу 85 отсто од студентите ги поддржуваат блокадите и барањата


Околу 85 отсто од студентите, вклучително и оние кои лично не учествуваат во блокадите од различни причини, ги поддржуваат студентските блокади и барања, покажува истражувањето на социолозите од Филозофскиот факултет во Белград, во кое учествуваа околу 2.000 студенти од пет државни универзитети, пренесе Бета. Студентите кои се активни за време на протестите се уште пообединети, […]

Заменикот на Екатерина Захариева кандидат за министер за надворешни работи на Бугарија


  Изгледа дека формирањето на новата политичка влада на Бугарија е при крај. Во среда претседателот Румен Радев треба да му го даде првиот мандат за составување влада на Росен Желјасков, близок соработник на Бојко Борисов уште од времето кога тој беше градоначалник на Софија. Според вестите од бугарските медиуми коалициската влада треба да биде […]

На трет пациент му е вграден „Неуралинк“ чип во мозокот


Компанијата Neuralink успешно го вгради својот уред за интерфејс меѓу мозок и компјутер (BCI) на трет човечки пациент. Маск го потврди овој револуционерен момент за време на преносот во живо од Лас Вегас, кој беше емитуван на неговата социјална мрежа X. Напредокот претставува уште еден чекор кон исполнување на амбициозната мисија на Neuralink да го […]

Андоновски: Со валидноста на печатената форма на документот изваден по електронски пат, граѓаните нема да плаќаат двапати


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека со законските измени со кои отсега печатената верзија на документот изваден по електронски пат преку порталот uslugi.gov.mk станува валидна, граѓаните нема да плаќаат двапати како досега кога поради неважење на печатената верзија беа принудени повторно да го вадат истиот документ на шалтерите и за истиот да плаќаат.  […]

„Газпром“ може да отпушти над илјада работници откако го загуби ЕУ пазарот


Рускиот гасен гигант „Газпром“ размислува да отпушти повеќе од илјада административни работници, потврди портпаролот на компанијата, која е потресена од загубата на извозот во Европа. Украина ги прекина децениските договори за транзит на руски гас на 1-ви јануари – договори кои донесоа милијарди долари и на Киев и на Москва – во обид да ги […]

„Хитроу“ руши рекорди, опслужил 83,9 милиони патници


Лондонски Хитроу, најпрометниот аеродром во Европа, минатата година опслужил рекордни 83,9 милиони патници, што е за 4,7 милиони повеќе од претходната година, односно шест отсто повеќе од 2023 година и три милиони или четири отсто повеќе од претходниот годишен рекорд поставен во 2019 година. Оваа година аеродромските оператори очекуваат дополнителен раст до 84,2 милиони патници. […]

Холивудската актерка загина во пожарите во Лос Анџелес


Холивудската актерка Дејлис Кари почина среде ужасните шумски пожари во Лос Анџелес, а судскиот вештак потврди дека нејзиното тело е пронајдено. Посмртните останки на 95-годишната актерка, за жал, беа лоцирани во нејзиниот уништен дом во Алтадена среде разорниот пожар Итон, потврди судскиот вештак во неделата. Дејлис – која во своето семејство беше позната како мама […]

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва


 Активни забрани за тешки товарни возила попладнево има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово, како и на планинските премини Плетвар, Пресека и Ѓавато. Покрај забраната за движење на автобуси и товарни моторни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, за останатите видови возила задолжителна […]