Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа


„Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пред европратениците од Комитетот за надворешни работи и за безбедност и одбрана во Европскиот парламент во Брисел. „Иднината на европската и глобалната безбедност зависи од исходот на војната во Украина. Сите сакаме оваа војна да заврши. Но, пред сe, […]

Пленковиќ: Не одиме на инаугурацијата на Милановиќ


 Ден по поразот на Драган Приморац во вториот круг од претседателските избори, се состана претседателството на ХДЗ и, како што најави лидерот на партијата и премиер Андреј Пленковиќ, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Зоран Милановиќ,новиот/стар претседател на државата. „Нема да дозволиме да бидеме во ситуација да мораме да го слушаме Милановиќ како дава заклетва […]

Доли Партон три пати го одбила Претседателскиот медал на слободата


Кантри ѕвездатаДоли Партон три пати одбила да го прими Претседателскиот медал на слободата, двапати од новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и еднаш од американскиот претседател Џо Бајден. Партон откри дека ја одбила наградата од Трамп и Бајден во интервју во 2021 година. Тие не ја коментираа нејзината одлука. На 4 јануари 2025 година, американскиот […]

Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари


Лос Анџелес – Вкупните штети и економски загуби предизвикани од шумските пожари во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари, соопшти денеска метеоролошката компанија AccuWeather. Прелиминарните проценки го надминуваат обемот на штетите од сезоната на пожари во 2020 година, изјави главниот метеоролог на компанијата, Џонатан Портер, предупредувајќи дека шумските пожари во областа […]

Шолц го отфрли барањето на Трамп земјите-членки на НАТО да потрошат пет отсто од БДП за одбрана


Берлин – Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го отфрли барањето на идниот американски претседател Доналд Трамп, Германија и другите земји-членки на НАТО да потрошат пет отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, јави ДПА. „Пет проценти би биле над 200 милијарди евра (204 милијарди долари) годишно, а федералниот буџет не е ни 500 милијарди […]

Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија


Министерството за здравство попладнево информира за успешна трансплантација на Клиниката за ортопедија, со имплант, односно коска од починат донор, што е имплантирана на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија. Како што истакнуваат од Министерството, кај нас за првпат е извршен ваков тип трансплантација. Детето, нагласуваат од Министерството, е со уреден постоперативен тек. Во пишаната […]

ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот


Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се евидентирани од 6 до 12 јануари. По два случаја се регистрирани во Куманово и во Струмица, по еден во Скопје и во Кичево, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавени денеска. Пет лица од новите случаи биле на возраст над 60 години. Еден случај бил регистриран […]

Меланија Трамп вели дека е спакувана и подготвена за враќање во Белата куќа


Вест палм Бич – Новата прва дама Меланија Трамп вели дека е  спакувана и подготвена да се врати во Белата куќа, каде што синот Барон ќе има спална соба и дека планира да ја оживее својата детска иницијатива Be Best. Трамп, исто така, во снименото интервју емитувано во понеделникот на „Фокс и пријателите“ на Фокс […]

Како да го „натерате“ ChatGPT да користи квалитетни извори?


Постојат неколку трикови што можете да ги користите за значително да го подобрите квалитетот на резултатите од пребарувањето и собирањето податоци што ги врши алатката за вештачка интелигенција на OpenAI. Користењето на ChatGPT за собирање податоци може да ви заштеди значително време. Но, точноста и веродостојноста на резултатите во голема мера зависат од квалитетот на […]

Само Србија, Русија и Белорусија од Европа беа на инаугурацијата на Мадуро


  Србија, земја кандидат за ЕУ, беше единствената европска земја, освен Русија и Белорусија, која присуствуваше на инаугурацијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, која беше бојкотирана од огромното мнозинство на меѓународната заедница. На инаугурацијата на Мадуро присуствуваше и претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, како личен пратеник на претседателот Александар Вучиќ. Мадуро беше обвинет за […]

Двајца велешани повредени откако со автомобил удриле во наплатната станица „Сопот“


Патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 41 годишниот А.Д. од Велес, синоќа по полноќ удрило во столб од наплатната станица „Сопот“, на автопатот Скопје – Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил  41 годишниот Л.М. од Велес, кој бил сопатник во возилото, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани […]

По Кина и Индија одлучи да не ги прима танкерите со руска нафта кои се под санкции


  Индија нема да дозволи танкери под новите санкции на САД да влезат во нејзините пристаништа поради пренесување руска нафта, изјави висок индиски функционер. Според него, само оние пловни објекти кои биле изнајмени пред 10 јануари ќе можат да се истоварат, под услов тоа да го сторат до 12 март, пренесува Блумберг. Покрај тоа, индиските […]

Шекеринска: И Шведска како и Македонија се соочи со предизвици на патот до НАТО


Брисел – Патот кон членство во НАТО може да потрае подолго од очекуваното, барем така беше во случајот со Северна Македонија, а знаеме со какви предизвици се соочи и Шведска, но таа успеа да ги реши и сега е дома, изјави заменик генералната секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска во обраќањето на Годишната национална конференција на здружението […]

Фицо го покани Зеленски на преговори за транзитот на гас низ Украина


Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска упати покана до украинскиот претседател Володимир Зеленски за преговори за прашања поврзани со транзитот на гас. „Таков состанок ќе создаде добра основа за отворени дискусии за испорака на гас за Словачка и други земји преку украинска територија“, рече Фицо во отвореното писмо до Зеленски. Двете земји се вклучени во жесток […]

ЗНАМ бара од Европскиот фронт да предложи замена за Даути


Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска побараа нов предлог од „Европскиот фронт“ за претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади наместо Илире Даути за која во петокот помина интерпелацијата поднесена од Левица. Пратеникот на ЗНАМ, Бобан Карапејовски во изјава за медиумите нагласи дека нелогично е Илире Даути да продолжи да ја […]

Нападнат контролор на ЈСП „Скопје“


Контролор во автобус на ЈСП „Скопје“ синоќа бил физички нападнат на подрачјето на Центар од едно машко лице кое немало билет. Како што се наведува во МВР-билтенот, се работи за С.А.(44) од Скопје, кој синоќа во 19:20 часот случајот го пријавил во СВР Скопје. Според пријавата, инцидентот се случил во 19:02 часот. Полицијата презема мерки […]

„Вреди“: Отворен Балкан е проект без визија


Коалицијата Вреди се пожали дека ДУИ и остабиле тежок товар и дека успеале да ја тргнат државата од пректот наречен Отворен Балкан.  Коалицијата ВЛЕН не го донесе Отворениот Балкан, туку го затекна, како тежок товар што ДУИ нон грата го остави за државата и граѓаните. -Овој проект никогаш не бил во интерес на Албанците, Северна […]

Политички игри околу разрешувањето на Илире Даути


  Претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, Илире Даути од „Европскиот фронт“, ќе се повлече од функцијата ако мора да го спроведе заклучокот на Собранието, односно да закаже седница за Законот за бранителите, откако парламентот со 61 глас во минатиот петок ѝ ја изгласа интерпелацијата  поднесена од пратеничката група на Левица. Таа денес индиректно […]

Вевчанци на снег, под маски, ја „исмеваа“ политиката и актуелните случувања


Вешто криените маски, денеска во полн сјај прошетаа по вевчанските улици, во рамки на официјалниот дел од Вевчанскиот карневал. Вевчанци на сатиричен начин, во речиси 15-вековна традиција, ги прикажаа случувањата во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство, од изминатата година. Дефилето традиционално започна кога двете василичарски друштва Горна и Долна маала […]

Осум министерства, Заводот за статистика и Државниот архив утре на протест


Вработени од јавната администрација утре ќе излезат на протест барајќи потпишување на колективен договор и исплата на 30 проценти додаток на плата. Од Синдикатот на УПОЗ, кој ги обединува синдикалните организации на повеќе министерства и други јавни институции, велат дека на протест утре излегуваат осум министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив. Освен утрешниот […]