Данска ја оправда улогата на фаворит и резервира билет за финалето, заврши бајката на Португалија


 Данската машинерија ја совлада волшебната Португалија, која во полуфиналето ја заврши својата неверојатна серија на Светското првенство во ракомет. Тие беа поразени од трикратните последователни светски шампиони со резултат 40:27 (20:16). Сепак тие ќе имаат можност да освојат медал во дуелот со Франција за бронзата. Иако напаѓачите на победничкиот тим беа извонредни, голема заслуга за […]

Просечна плата во Црна Гора во декември лани достигна 1.012 евра


Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во декември изнесувала 1.012 евра и е за 1,9 отсто повисока од ноември 2024 година, објави денеска Монстат. Просечната нето плата во декември во однос на истиот месец во 2023 година бележи пораст од 24,3 отсто. Заводот за статистика на Црна Гора објави дека лани просечната […]

Четири трендови во однесувањето на повозрасните во љубовните врски кои исчезнаа кај помладите генерации


Трендовите кога станува збор за запознавањето и перцепцијата за романтичните врски се менуваат со генерации, а кога се коментира за генерацијата Z, одредени работи кои претходно биле воспоставени веќе не се сметаат за прифатливи. Традициите за состанување од ерата Baby Boomer и генерација X се прилагодија да станат поотворени, повклучувачки и да ја прифаќаат уникатноста […]

Германија: Фридрих Мерц не успеа, парламентот го одби имиграцискиот закон поддржан од АфД


  Германскиот парламент го отфрли предлог-законот за заострување на имиграциските контроли предложен од фаворитот за следниот канцелар Фридрих Мерц, со поддршка на екстремно десничарската Алтернатива за Германија. Тоа дојде откако во средата парламентот го усвои слична, но необврзувачка иницијатива со гласовите на АфД, што предизвика бран протести од оние кои рекоа дека тоа е прекршување […]

Професори кај Сиљановска: Бришењето на предметот филозофија е деградирање


  Четворица професори од Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет ѝ кажаа дeнеска на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека планот на Министерството за образование за бришење на предметот филзофија за гимназиското образование се деградирачки и неприфатливи. Исто како и отсранувањето на предметите логика и етика. Во соопштението од кабинетот на Сиљановска се вели: „На средбата, професорите […]

Српските студенти и официјално се кандидати за Нобеловата награда за мир


Белград – Српскиот драматург и писател Синиша Ковачевиќ потврди дека српските студенти и официјално се кандидати за Нобеловата награда за мир. Таа информација ја објави на својот профил на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер). „Нобеловиот комитет штотуку доби потврда дека кандидатурата за Нобеловата награда за мир, со која г-ѓа Дијана Стојковиќ, адвокат и јас номиниравме […]

Извршени испитувања на мостот кај Башино село за можноста за негово времено повторно пуштање во сообраќај


Градежни стручњаци – професори од скопскиот Градежен факултет при УКИМ, денеска извршија испитувања на носечките греди на мостот на реката Вардар кај Башино Село, со цел викендов да ја донесат конечната одлука дали ќе дадат „зелено светло“  овој значаен мост за велешани и индустријата, од идната недела повторно да се пушти во сообраќај. Стручњаците планираат […]

Клубовите од Премиер лигата потрошиле и добиле најмногу пари од меѓународни трансфери во 2024 година


 Англиските клубови потрошиле и добиле најмногу пари од меѓународни трансфери во 2024 година, се вели во новиот извештај на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), што дополнително ја истакнува финансиската моќ на Премиер лигата, пренесуваат медиумите на Островот. Шест клуба од Премиер лигата влегоа во топ 20 на најголемите европски потрошувачи, а Манчестер Јунајтед е на второто […]

Таткото на загинатата Фросина: Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството


На протест во  Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на ул. „Партизанска“ во Скопје, попладнево беше побара одговорност за трагедијата и упатени пораки да се спречат идни, исто така и побезбедни улици, поголема свесност од сите. Неказнивоста е правен неуспех!, да не се повтори!, беше порачано на протестот. „Ова не […]

Меѓународни здруженија: Новинарите во Србија работат во атмосфера на сериозно заплашување и насилство


Белград –   Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) и Европската федерација на новинари (ЕФЈ) денеска предупредија дека новинарите во Србија работат во атмосфера на заплашување и насилство и укажаа на отпуштањата на новинарите кои учествуваа во демонстрациите како граѓани. „Ние стоиме со новинарите во Србија кои ја вршат својата работа во атмосфера на сериозно заплашување и […]

Путин одобри повлекување на Голдман Сакс од Русија


Москва – Рускиот претседател Владимир Путин денеска даде зелено светло на инвестиционата банка Голдман Сакс да ја продаде својата руска подружница, што претставува симболичен потег во контекст на масовното повлекување на западните компании од Русија. Американската банка, која во 90-тите години беше ангажирана од Кремљ за привлекување странски инвеститори, уште во март 2022 година најави дека […]

„Сувенир из Сарајева“: „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“ промовираа песна и спот


Македонскиот трибјут бенд  „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“, предводен од  познатите музичари Стевче Грозданов – гитара и пејачот Зоран Рудан – Цеки, синоќа, во скопскиот мјузик бар „Интермецо“, приредија незаборавна ноќ за паметење. Досега „верно на оригиналот“ и со музика и со изглед и со својот сценски настап го пресликуваа најголемиот рок ен рол бенд на сите времиња на […]

Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ


Нион – На денешната ждрепка во седиштето на Европската федерација во Нион беа извлечени двојките за плеј-офот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Дербито е меѓу Манчестер Сити, актуелниот англиски шампион и освојувачот на трофејот во 2023 година, од една страна и шампионот на Ла Лига и рекордерот по број на европски титули – […]

Американска помош за македонските институции во вредност од 12 милиони е запрена


Проценките се дека околу 12 милиони долари би се скратиле средствата на невладините организации во земјава и на сите оние кои работеле проекти поддржани од администрацијата на САД по одлуката на новиот американски претседател за замрзнување на програмите за помош во странство.  Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека она што го добивале државните институции […]

Уметнички лизгачи, студенти, воени лица и група на ловци се дел од жртвите во авионската несреќа која се случи во Вашингтон


Жртвите од судирот меѓу авионот на компанијата „Американ Аирлајнс“ и армиски хеликоптер вклучуваат тинејџерски фигуративни и уметнички лизгачи кои се враќале од национално натпреварување со нивните родители и тренери, студентка од Охајо која се враќала од погребот на нејзиниот дедо, двајца кинески државјани и група ловци кои се враќале од организиран лов во Канзас, пренесува Асошиејтед […]

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии се стабилни, Буџетот е ликвиден


Јавните финансии се стабилни и ликвидни. Буџетот се реализира согласно планот и редовно се сервисираат обврските. Дефицитот во 2024 е понзок од проектираниот, а исто така и нивото на јавен долг на крајот на 2024 е пониско од проектираното. Процесот на исплата на Еврообврзницата од 2018 година е успешно заокружен, а се работи и на […]

Малолетно девојче го прободело својот татко во Пробиштип


Во четвртокот,  во ОВР Пробиштип било пријавено дека околу 9.40 часот во семејниот дом, по претходна расправија помеѓу родителите, 16 – годишно девојче од Пробиштип со остар предмет го нападнало и му нанело убодна рана на својот татко И.А.(46). Тој бил пренесен во Здравствен дом Пробиштип, каде му била укажана помош, а по извршен преглед […]

МБА: Договорите со банките ќе се потпишуваат согласно нивните интерни процедури


Македонската банкарска асоцијација попладнево соопшти дека од страна на Развојната банка е доставен рамковниот договор за учество во кредитната линија од унгарскиот заем наменета за компаниите. Банките, како што информираат од МБА, ќе ги потпишуваат договорите со Развојната банка во согласност со нивните интерни процедури, а по склучувањето на договорите, средствата ќе бидат ставени на […]

Канада и Мексико во исчекување на царините што Трамп треба да ги воведе в сабота


  Компаниите, потрошувачите и земјоделците ширум Северна Америка се подготвуваа во петокот за американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини од 25 отсто на канадскиот и мексиканскиот увоз в сабота, потези кои би можеле да ја нарушат годишната трговија од речиси 1,6 билиони долари. Трамп постави краен рок во сабота да ги наметне казнените мерки […]

Тригодишно дете заболено со голема кашлица


За една недела, односно во периодот од 24 до 30 јануари годинава, пријавен е еден нов случај на голема  кашлица, за разлика од претходниот седмодневен период кога биле пријавени два случаи. Станува збор за дете од Пробиштип на возраст од 3 години, вакцинирано согласно возраста, кое е епидемиолошки поврзано со претходно заболен член од  истото […]