Никогаш не приклучувајте го овој уред во продолжен кабел


Може да предизвикате пожар ако го приклучите овој уред во продолжен кабел, особено во зима. Она на што сите не предупредуваат деновиве е правилно ракување со грејните тела, бидејќи голем процент од пожарите кои избувнуваат се поради неправилна употреба на овие апарати за домаќинство. Греалките се втора причина за пожари, што многумина од нас ги […]

Градови на Јадранот се најдоа на листата најубави и најгрди приморски места во Европа


Британски Телеграф, од експерти побарал да ги издвојат најубавите и најгрдите крајбрежни места во Европа и врз основа на тоа објави интересна листа на која се најдоа и некои хрватски градови. И додека некои беа пофалени, други се најдоа на листата на „најгрди“. Наведувајќи дека британското крајбрежје има прекрасни места, но и градови кои навистина […]

Гласник на среќата и благосостојба: Овие соништа носат само добри работи


Некои соништа што ги сонуваме ги одразуваат нашите грижи и проблеми, додека некои укажуваат на позитивни промени. Соништата често го одразуваат она за што сме биле под впечаток во текот на денот, ги одразуваат нашите стравови, грижи, проблеми… Исто така, соништата може да содржат тајни пораки од Универзумот кои ни кажуваат дека сме на вистинскиот […]

Саем за Венчавки “Wedding Expo25” на 21 февруари во Скопје


Со богата програма и со најдобрите претставници од свадбената индустрија на 21 февруари се отвора традиционалниот Саем за Венчавки “Wedding Expo25”, во организација на  „Во бело, во бело“.    Ова ќе биде 13= то издание на саемот, а по традиција ќе се одржи во хотелот Александар Палас. Саемот ќе ги отвори вратите за посетителите во […]

Германски суд: Дубаи чоколадото мора да се произведува во Дубаи


Слатките познати како Дубаи чоколадо станаа исклучително популарни и барани во Германија, а судот во Келн одлучи дека под тоа име може да се рекламираат само производите кои всушност се направени во Дубаи. Производите на Alyan Dubai Handmade Chocolate, кои се продаваат во синџирот на попусти Aldi Sud, станаа вистински хит откако беа лансирани во […]

МОК ќе замени 10 олимписки медали што изгореа во пожарот во Лос Анџелес 


Американскиот пливач Гери Хол Помладиот ги остави зад себе своите 10 олимписки медали додека бегаше од пожарите во Лос Анџелес со своето куче Падлс. Во неделата дозна дека ќе бидат заменети. Меѓународниот олимписки комитет објави во соопштението на претседателот Томас Бах дека ќе обезбеди нови медали кои ќе ги заменат оние што Хол ги загуби […]

Синоќа во Белград нападнале студенти кои ги блокирале факултетите


Седум студенти кои во текот на ноќта го блокираа Правниот факултет во Белград се повредени во три инциденти предизвикани од непознати лица, објавено е на профилот на Инстаграм Студенти во блокада, пренесе Н1. Како што изјавија, напаѓачите фрлале стаклени и пластични шишиња кон учениците. „Една студентка била турната по скалите и паднала на глава, а […]

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица


Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долгови доспеани до 30 септември 2024 година, а неплатени до 31 декември 2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата на должници, која е јавно достапна на веб страницата на УЈП, има […]

Роналдо ќе го продолжи договорот со Ал-Наср со плата од 200 милиони евра


Мадрид – Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ќе го продолжи договорот со клубот, пренесува шпански „As“. Според изворот, новиот договор со 39-годишниот Португалец ќе трае до летото 2026 година. Платата на напаѓачот ќе биде 200 милиони евра. Оваа сезона Роналдо одигра 20 натпревари, постигна 17 голови и три асистенции. Роналдо направи трансфер во Ал Наср од […]

Гувернерот на Калифорнија го обвини Маск за поттикување грабежи со ширење дезинформации


Лос Анџелес – Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом денеска го обвини милијардерот Илон Маск дека „поттикнува грабеж во Лос Анџелес погоден од шумски пожар преку дезинформации што ги објавува на социјалните мрежи“. Како што објави денеска „Гардијан“, гувернерот на Калифорнија реагираше откако Маск, кој е најбогатиот поддржувач на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, повторно објави порака […]

Вирална фотографија со изгорен Оскар се шири среде шумските пожари во ЛА


Помеѓу шокантните слики што се појавија од фаталните шумски пожари што го зафатија поширокиот регион на Лос Анџелес е и онаа што наводно зборува за трагедијата од уникатна холивудска перспектива: Фотографијата, која беше споделена од Изабела Роселини меѓу другите, прикажува статуетка на Оскар што лежи меѓу пепел и урнатини. Оскарот е изгребан и му недостасува […]

Германскиот министер за одбрана пристигна во ненајавена посета на Киев


Киев – Германскиот министер за одбрана Борис Писториус пристигна во Киев на разговори со украинската Влада, во посета која претходно не беше најавена од безбедносни причини, јави ДПА. По пристигнувањето, Писториус за ДПА изјави дека за време на посетата сака да разговара за дополнителната помош и да добие идеја за воената ситуација. Русија ја започна […]

Сите ги сакаат Доналд и Владимир: Може ли Србија да биде домаќин на блокбастерот?


Откако се појави можноста за средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека Србија би можела да биде домаќин на историската средба. Иако звучи како дипломатски триумф, останува прашањето колку се реални тие очекувања. Луѓето во Србија ги обожаваат и рускиот претседател Владимир Путин и идниот американски претседател Доналд Трамп […]

Во Малибу изгоре и легендарниот дом на Рајан О’Нил и Фара Фосет


Неверојатниот дом на починатиот актер Рајан О’Нил, вреден 2,6 милиони долари на плажата во Малибу – кој некогаш го делеше со долгогодишната љубов Фара Фосет – беше уништен во смртоносните шумски пожари во Калифорнија, откри неговата ќерка Тејтум О’Нил. О’Нил (61), која и самата е успешна актерка и доби Оскар на 10-годишна возраст за улогата […]

Почнува 29. Светско првенство во ракомет


Пореч – Со натпреварот Италија – Тунис, вечер од 17:30 часот во Пореч, Хрватска ќе почне 29-от ракометен Мундијал. Покрај Хрватска, ко-домаќини на Светското првенство ќе бидат и Данска и Норвешка. На шампионатот што ќе трае до 2 февруари ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи. Помеѓу нив е и македонската репрезентација.  Состав на […]

На Попова Шапка 62 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 39


На Попова Шапка е формирана снежна покривка од 62 сантиметри, во Маврови Анови 57, во Крушево 39, Битола 33, Берово 26, Тетово 25, а во Скопје девет сантиметри, соопшти УХМР. Најстудено утрово е на Попова Шапка -10 степени, во Маврово и Крушево е -7, Берово -4 Берово, -1 во Скопје, а над нулата е само […]

Контингент од 72 мексикански пожарникари се приклучи во гасењето на пожарите во Лос Анџелес


Лос Анџелес – Контингент од 72 мексикански пожарникари денеска им се придружија на американските колеги во борбата со шумските пожари кои беснеат во Лос Анџелес и Јужна Калифорнија. Групата е составена од воени експерти, вклучувајќи лекари, инженери и персонал за пребарување и спасување, како и пожарникари од мексиканскиот еквивалент на Шумската служба на САД. Во […]

Шпанскиот премиер предлага 100 проценти данок за домовите што ќе ги купат странци


Мадрид – Шпанскиот премиер Педро Санчез предложи низа мерки за борба против станбената криза во земјата, вклучително и данок од 100 отсто за купување домови од странци кои не се резидентни на ЕУ. Санчез рече дека мерката ќе наметне даночна стапка од 100 отсто на вредноста на имотот за граѓаните кои доаѓаат од земји што […]

Руте: Инвестирајте повеќе во одбраната или почнете да учите руски јазик


Берлин – Генералниот секретар на НАТО Марк Руте вчера ги повика Европејците да трошат повеќе за одбрана, велејќи дека во спротивно ќе треба да научат руски јазик или да одат во Нов Зеланд.  -Ако не го направите тоа, земете курс по руски јазик или одете во Нов Зеланд, рече Руте на дебата на заедничката средба на […]

Сообраќајот по влажни коловози и кашест снег, забрана за камиони на неколку патни правци


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково, информира АМСМ Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци […]