Тајни сигнали: Како да препознаете неверство кај хороскопските знаци


Проверете како да го фатите секој хороскопски знак во неверство. Овен Овните се склони кон авантури. Доколку забележите дека губи интерес за семејните обврски, се облекува неуредно и постојано прави „тајни“ повици, можно е нешто да крие. Бик Ако вашиот мирен Бик одеднаш стане премногу зборлив, а потоа рамнодушен кон домот и семејството, тоа може […]

Механичар ги предупредува возачите: Направете го ова за да не останете негде на пат (Видео)


Познатиот автомеханичар Скоти Килмер нагласи дека акумулаторите се чувствителни на студ и постои голем ризик да престанат да работат. Тестирањето на акумулаторот е важно Студот ги успорува хемиските реакции во акумулаторот, што го отежнува одржувањето на полнењето. Ова значи дека дури и мала загуба на енергија може целосно да ја испразни, што ќе им отежне […]

Над 230 Палестинци осудени на доживотен затвор во Израел за да бидат ослободени и испратени во егзил во трети земји


 Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, што стапи во сила вчера, предвидува повеќе од 230 Палестинци осудени на доживотен затвор да бидат меѓу ослободените во замена за 33 израелски заложници. Израел објави список од 734 затвореници кои би можеле да бидат ослободени според првата фаза од договорот за прекин на огнот за […]

Цената на новата криптовалута на Трамп зголемена за 73 отсто


Криптовалутата, објавена од Доналд Трамп на крајот на минатата недела, денеска ја зголеми својата цена за 73 отсто на 46,06 долари и пазарна капитализација од над 9 милијарди долари. Позната како $TRUMP, таа достигна пазарна капитализација од 9,2 милијарди долари. Трамп го најави лансирањето на новата криптовалута, чиј токен го носи неговиот лик од времето […]

Претседателска инаугурација на Доналд Трамп – каде ќе се одржи, како се одвива и кој ќе присуствува?


Доналд Трамп денеска ќе го заокружи неверојатниот кам-бек откако ќе положи заклетва за втор мандат како претседател на Соединетите Американски Држави. По поразот на изборите во 2020 година, многумина веруваа дека политичката иднина на Трамп е завршена. Критичарите, исто така, се сомневаа дали скандалите што го придружуваа ќе го засенат неговото наследство. На крајот на […]

Трагедија во Србија: Шестмина загинати во пожар во дом за стари лица


Шест лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава околу 4 часот и 30 минути избувна во дом за стари лица во Велики Борак, во белградската општина Бараево, јави РТС. Пожарот е изгаснат, а во гаснењето учествувале голем број пожарникари и противпожарни возила. Др. Виолета Николиќ од Итната медицинска помош за РТС изјави […]

Денеска е најдепресивниот ден во годината


Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивен ден во годината. Иако нема научни докази за да го поткрепат ова тврдење, таканаречениот Син понеделник стана популарна тема во медиумите, а многумина се согласуваат дека овој ден носи одредени предизвици. Концептот на Синиот понеделник го создал британскиот психолог Клиф Арнал во 2005 година, користејќи формула која […]

ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година


Првата пленарна сесија на Европскиот парламент оваа година започнува денеска и ќе трае до четврток во Стразбур, при што европратениците ќе разговараат за програмата на шестмесечното полско претседавање со Советот на ЕУ и ќе коментираат голем број прашања од надворешната политика вклучувајќи го и влијанието што се очекува да го има вториот мандат на новоизбраниот […]

Што се знае за инаугурацијата на Трамп


Доналд Трамп денесака ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД. Уставот на САД предвидува мандатот на секој нов претседател да започне на 20 јануари точно напладне, по локално време во Вашингтон (18 часот по средноевропско време). Инаугурацијата обично се одржува на западната страна на зградата на Капитол под отворено небо. Инаугурацијата привлекува огромни толпи […]

Српски синдикати од образованието повикаа на бојкот на второто полугодие


Во Србија денеска треба да почне второто полугодие во основните и средните училишта, но според синдикатите тоа нема да се случи во голем број школи во државата. Професори кои не се согласуваат со договорот меѓу репрезентативните образовни синдикати и српската влада најавија дека денеска на првиот ден од второто полугодие ќе ја прекинат работата во […]

Во трка за наградата „Роман на годината“ 43 дела


На годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ којшто траеше од 15 декември до 15 јануари, пристигнати се 43 романи. На конституитивната седница, жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатирала дека во конкуренција се романи од различни […]

Доналд Трамп денеска полага заклетва како 47. претседател на САД


Доналд Трамп денеска ќе положи заклетва како 47. претседател на САД. Уставот на САД предвидува мандатот на секој нов претседател да почне на 20 јануари точно напладне, по локално време во Вашингтон (18 часот по средноевропско време). Инаугурацијата обично се одржува на отворено на западната страна на зградата на Капитол, меѓутоа, температурите во главниот град […]

Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон


Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД, ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон. Мицкоски, како што информира владината прес-служба, на инаугурацијата ќе биде придружуван од министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и […]

Во Хрватска масовни повици за бојкот на продавниците: Не купувајте ништо в петок на 24 јануари


Корисници на социјалните мрежи во Хрватска масовно споделуваат пораки во кои повикуваат на бојкот на   трговските синџири в петок, 24 јануари. Пораките за бојкот се поради високите цени на производите. „На 24 јануари во Хрватска има бојкот против високите цени на храната. Се повикуваат луѓето да не купуваат ништо тој ден, но ништо. Осигурете се […]

Учениците се враќаат во училиштата, почнува второто полугодие од учебната 2024/2025


По тринеделен зимски распуст, денеска за основците и за средношколците почнува второто полугодие од учебната 2024/2025 година. Учебната година ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за матурантите, кои според календарот за организација на учебната година во јавните средни училишта, ќе учат до 16 мај.  Учебната година нема да биде продолжена како минатата […]

Магла на неколку патни правци низ државата


Во Прилеп и Македонски Брод поради појава на магла видливоста на патиштата е намалена од 30 до 50 метри, а во Струмица и Берово и на патниот правец Тетово кон село Гајре од 50 до 70 метри.  Авто мото сојузот на Македонија утринава информираше дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по […]

Утрото студено, преку ден до 11 степени


 Утрово е студено со појава на магла по одделни котлини, а преку ден ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната од 3 до 11 степени. Во Скопје, претпладне студено со појава на магла, преку ден […]

Трамп вети „сосема нов ден“ и строги имиграциски ограничувања на „победничкиот митинг“ пред инаугурацијата


Доналд Трамп им рече на илјадници поддржувачи на митингот во Вашингтон, еден ден пред неговата инаугурација, дека ќе воведе строги ограничувања за имиграцијата на првиот ден од неговиот нов мандат и вети дека брзо ќе го исполни клучното предизборно ветување. „Кога сонцето повторно ќе зајде утревечер, инвазијата врз нашата земја ќе престане“, рече Трамп за […]

Левица ја исклучи од партијата директорката на библиотеката „Браќа Миладиновци“, шурувала со ВМРО-ДПМНЕ


  Левица соопшти дека ја исклучила од партијата директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје Снежана Стојчевска поради наводно коруптивно и клиентелистичко влијание, како и несоодветно и своеволно раководење со институцијата. Од партијата велат дека таа во соработка со ВМРО-ДПМНЕ местела конкурси за вработување. „Дисциплинската одлука е донесена бидејќи таа, во дослух и таен […]

ТикТок повторно е онлајн во САД откако Трамп најави дека ќе ја одложи забраната на апликацијата


Платформата за кратки видео снимки ТикТок по неколкучасовен прекин, повторно е активна за корисниците во САД, по изјавата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека во понеделник ќе потпише извршна наредба за одложување на нејината забрана. Трамп тоа го објави на неговата на платформа Truth Social, откако милиони корисници на ТикТок денеска се разбудија и открија […]