Голем пад на продажбата на „шампањско“ ширум светот


Париз – Голем дел од луѓето помлади од 35 години, во клучните пазари како што се САД, но и на светско ниво, се откажуваат од алкохолот – посочуваат некои истражувања. Тоа доведе и до пад на продажбата на „шампањско“ ширум светот, објави „Гардијан“. Така, според податоците, минатиот јули француските производители на „шампањ“ наложиле помал откуп […]

Кои се Палестинците ослободени од израелските затвори


  Во неделата, многу Израелци останаа залепени за ТВ екраните цело попладне за да видат како трите заложнички беа пуштени од Хамас со посредство на Црвениот крст. Снимките покажаа дека улиците се преполни од илјадници Палестинци, вклучително и вооружени лица на Хамас со зелени ленти за глава, додека милитантите ги предаваа заложничките на Црвениот крст […]

Ѓоковиќ го затвори тренингот пред натпреварот против Алкараз


Мелбурн – Новак Ѓоковиќ овој понеделник тренираше во комплексот Мелбурн Парк, но за првпат го затвори тренингот за новинарите и пошироката јавност. Комплексот го вклучува и Националниот тениски центар на Австралија, кој вклучува и затворени терени. Токму тука Србинот реши да направи генерална проба пред четвртфиналниот натпревар против Карлос Алкараз, кој е закажан за вторник во […]

„Катимерини“ за Маркова нога: Живеат на пет километри, а возат 130 километри за да влезат во Македонија


  За растојание од пет километри возат околу два часа. Ова е реалноста што ја живеат жителите на општина Преспа, кои и покрај тоа што живеат веднаш до Северна Македонија, за да ја посетат соседната земја треба да преминат преку граничниот премин Ники и да поминат над 130 километри. Причината е што граничниот премин кој […]

Пикот на грипот се очекува кон средината на февруари


Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, а пикот се очекува кон средината на февруари. Почетокот на второто полугодие за учениците и дружењето на луѓето во затворен простор поради ниските температури, се дел од факторите што допринесуваат бројот на заболени да расте во овој период. – Секоја година се зголемува бројот на заболени од грип […]

Повеќе од 200 договори за финансиски средства за инфраструктурни проекти потпишале општините


Повеќе од 200 договори со кои треба да добијат финансиски средства за реализација на инфраструктурни проекти, потпишале општините, а само два ќе треба повторно да се објават заради технички проблеми, изјави денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински.  – Задоволни сме од работењето на локалните самоуправи заради тоа што повеќе од 200 од вкупно 288 […]

Оксфам: Богатството на милијардерите расте се побрзо


Оксфорд – Богатството на супербогатите во светот расте сe побрзо, покажа студијата објавена денеска од меѓународната организација Оксфам пред Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос. Според извештајот, во 2024 година имало 2.769 милијардери ширум светот, што е зголемување за 204 во споредба со претходната година. Во исто време, бројот на луѓе кои живеат под прагот на […]

Трамп прави чистка во Стејт департментот


Голем број високи дипломати од кариера денеска поднесуваат оставка од Стејт департментот, откако добиле инструкции да го сторат тоа од помошникoт на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјавија за Вашингтон пост тројца неименувани американски функционери запознаени со ова прашање, пренесуваат медиумите во регионот. Присилните заминувања, со цел да се воспостави решителен прекин со администрацијата на претседателот […]

Судијата нема да биде променет на барање на Палчо – сведокот Трајковски е недостапен


Претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, одбил да го промени судијата Ивица Стефановски од судечкиот совет во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова го бараше првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, а одлуката ја добил на ден пред новата година. Обвинетиот Палевски на претходното рочиште, на 20 декември, побара да се изземе претседателот на […]

Мелони единствена ќе ја следи инагурацијата на Трамп во Капитол


Џорџа Мелони е единствената европска премиерка која денеска во живо во Вашингтон ќе ја следи церемонијата на инаугурација на новиот американски претседател. Таа отпатува во САД со тројца пратеници од нејзината партија, но без ниту еден друг член од нејзиниот кабинет. Ова е потег што ја нагласува блиската врска на шефот на владата на Рим со […]

Во Нови Сад родителите ги поддржуваат наставниците кои штрајкуваат


 Родителите на ученици во новосадските основни и средни училишта од утрово се собираат пред училиштата и им даваат поддршка на наставниците кои решија да штрајкуваат и со тоа да ги поддржат своите ученици и нивните барања, јави Бета. На родителите им се придружија универзитетските професори од мрежата „Слободен универзитет“, како и претставници на Студентите во […]

Осум лица го загубија животот во пожарот во Домот за стари лица во Белград


Осум лица го загубија животот во пожарот што утринава околу 4 часот и 10 минути избувна во Дом за стари лица во белградската општина Бараево, соопшти в.д. директорот на Секторот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ. Тој рече дека прелиминарните резултати покажуваат дека пожарот го предизвикал еден од жителите на домот, пренесе Бета. „Пожарникарите спасија 13 […]

Инаугуративни балови: Ноќ на традиција, мода и славење


Претседателските инаугуративни балови беа значаен настан во историјата на САД од првиот на Џејмс Медисон во 1809 година. Со текот на годините, овие гламурозни гала еволуираа од едноставни танци до заслепени соари. Тие се голема прослава на мирниот трансфер на моќта на нацијата и американската историја. Целта на инаугуративните балови Од првиот инаугуративен бал на […]

По Доналд Трамп, и Меланија Трамп лансираше своја криптовалута


Новата прва дама на САД, Меланија Трамп, го следеше својот сопруг Доналд Трамп и ден пред званичната инаугурација и влез во Белата куќа лансираше своја крипто меме-монета со вредност од повеќе милијарди долари – па дури и му ја намали добивката од меме-монетата на нејзиниот сопруг, издадена само неколку дена порано. Претходно, вредноста на крипто-токенот […]

Притвор од 30 дена за Раде Трајковски – Штекли и за уште девет лица


Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор од 30 дена за Раде Трајковски познат по прекарот Штекли, како и за уште девет лица од криминалната група која е осомничена дека се занимава со продажба на дрога. Притворот, како што соопшти Основниот […]

Централната лабораторија сѐ уште не е акредитирана за ниту една метода за квалитет на воздух


Централната лабораторија за животна средина и теренски мерења минатата година не се акредитирала за ниту една метода за следење на квалитетот на воздухот. Состојбата со аерозагадувањето во многу делови во земјава, особено во поголемите урбани средини, ја наметнува потребата оваа државна институција да добие можност за мерење на изворите на загадување, со што ќе помогне и во […]

Турски туристи спасени кај Кањонот Матка откако пријавиле дека се изгубиле


Турски туристи кои се наоѓале спроти ресторанот „Кањон Матка“ синоќа безбедно се префрлени преку езерото. Центарот за управување со кризи денеска информираше дека вчера на бројот 112 е добиена пријава од нив дека не можат да се движат во мракот и дека им е потребна помош за да преминат од другата страна каде се наоѓа […]

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката […]

Новинарството во криза: Професионални предизвици и ниски плати, дали РСМ останува без млади новинари?


Ниските плати, несигурните работни места и недостатокот на професионален напредок се само дел од секојдневните предизвици со кои се соочуваат младите новинари во Северна Македонија. Овие елементи ги демотивираат младите од студирањето на новинарството, па дури ги тераат и да се повлечат од оваа професија. Студентите по новинарство се жалат дека на универзитетите ја немаат […]

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал


Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине викендов беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи фотографии на Татјана Ранташа. Настанот се одржа во барот „Макка“ во центарот на Скопје при што беа присутни околу стотина љубители на музиката, меѓу кои […]