Пропаднаа адутите на ВМРО-ДПМНЕ, нема нова преговарачка рамка ни одложено дејство на уставните измени, вели Кржаловски


  Директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски, вели дека она што ВМРО-ДПМНЕ го промовираше за време на парламентарните избори во врска со преговорите со Европската унија, измената на преговарачката рамка за членство на земјава во Европската унија, не се случи. „Не се дозволи одложено дејство на уставните измени, ниту измена на […]

Македонија рутински ја совлада Гвинеја, оди во втората рунда


  Македонската репрезентација ја оствари првата победа на Светското првенство во ракомет  совладувајќи ја Гвинеја со 29-20 во рамки на последното трето коло, во рамки на групата Д. Сега нашата репрезентација ќе оди во главната фаза на турнирот каде што ќе пренесе еден бод и ќе се натпреварува со најдобрите три селекции од групата Ц, […]

Расистички изјави на таблоидите и Јелена Карлеуша, студентите ги осудија


  Студентите во блокадата денеска го осудија директното таргетирање на нивниот колега, откако тој беше мета на таблоидите и пејачката Јелена Карлеуша, кои расистички навредуваа еден од учесниците на протестот пред Радио телевизија на Србија прексиноќа. Во објава на својот Инстаграм профил, Студентите во Блокада истакнаа дека поттикнувањето расизам и омраза е спротивно на сите […]

Флотила на НАТО кај Естонија ќе ги штити подводните кабли во Балтичкото Море


  Флотила на НАТО споредена со „безбедносната камера на Балтикот“ се собра на брегот на Естонија додека воената алијанса се обидува да ги заштити европските подморски кабли и цевководи од саботажа. Во потег што ја зајакнува борбата со Русија за морското дно, кое до сега остана главно скриено, холандска фрегата и поморски истражувачки брод, како […]

МЕПСО ќе оди под капата на Министерството за енергетика


  Не може под исто министерство да биде производството на струја и дистрибуцијата, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во интервју за Радио Слободна Европа. Таа вели дека зимава се најмногу фокусирани на обезбедување на електрична енергија за граѓаните. Владата и министерството краткорочни и долгорочни стратегии. Краткорочните се фокусирани на РЕК […]

Хамас ги ослободи првите три заложнички, тие се веќе во Израел


  Три жени кои Хамас ги држеше како заложници во тунелите под Газа за време на 15-месечниот разорен конфликт, беа драматично ослободени во првиот чин од договорот за прекин на огнот со цел да се стави крај на конфликтот. Емили Дамари (28), Роми Гонен (24) и Дорон Штајнбрехер (31) беа предадени на Меѓународниот комитет за […]

Мицкоски на средба со директорот на „Рамбл“, Крис Павловски


  Премиерот Христијан Мицкоски, кој во САД да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, имаше средба со Крис Павловски сопственик на „Рамбл“ компанијата каде дел од акционерската структура е и Хауард Лутник, номинираниот министер за трговија. „Директно од аеродром на состанок… во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател Крис […]

Почина момчето повредено од струен удар откако се качило на вагон


  Почина 17-годишното момче од Волково кое на 16 јануари качено на цистерна-вагон доживеало струен удар. „За жал и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17-годишниот пациент со изгореници и тешки телесни повреди“, велат од КАРИЛ. Пациентот бил третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и торакална хирургија во единицата за интензивно лекување, […]

Насилството врз студентите е пораз за српското општество: Новак Ѓоковиќ од Мелбурн


  На прес-конференција по победата над Јиржи Лехечка во четвртото коло на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ рече дека ги следи актуелните случувања во неговата татковина и додаде дека насилството врз студентите и младите е пораз за српското општество. Тој ја повтори поддршката за студентите, кои, додаде, се иднината на државата. „Следам што се случува во […]

Ѓоковиќ лесно го скрши Лехечка, но ги бојкотира интервјуата на теренот поради навреди на новинар


  Новак Ѓоковиќ ќе ги бојкотира интервјуата на теренот на Австралија опен и настапите во медиумите со Канал девет додека не добие извинување од австралиската телевизиска мрежа, откако нејзиниот известувач ги „исмејуваше“ српските навивачи и „даде навредливи и напаѓачки коментари“ кон него. Ѓоковиќ требаше да разговара со Џим Куриер за интервјуто на теренот откако се […]

Примирјето во Газа конечно стапи во сила, ќе бидат ослободени тројца заложници


  Долгоочекуваниот договор за прекин на огнот официјално стапи на сила. Првите тројца заложници што ќе бидат ослободени се именувани како Дорон Штајнбрехер (31) и британско-израелска државјанка Емили Дамари (28), кои беа киднапирани од нивниот кибуц и Роми Гонен (24), која беше однесена од фестивалот „Супернова“ во октомври 2023 година. Договорот за прекин на огнот […]

Илјадници луѓе покрај водите го следеа фаќањето на крстот (Галерија)


  Низ цела Македонија денеска беа насобрани илјадници луѓе да го следат фаќањето на светиот крст фрлен во водите на празникот Богојавление Водици. Празникот, длабоко вкоренет во македонската традиција се фрлаше во реките и во езерата. Времето беше многу студено, а водите речиси смрзнувачки.   Во Скопје крстот го фати Теодор Јовевски. Него во водите […]

Примирјето во Газа одложено, Хамас не го доставил списокот на заложниците за ослободување


  Крајниот рок за почеток на прекинот на огнот во Појасот Газа помина откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Хамас не ја исполнил својата обврска да ги даде имињата на тројцата заложници што требаше да ги ослободи подоцна во неделата во замена за голем број затвореници Палестинци. Прославите избувнаа низ територијата опустошена од војната, […]

И денес студено и магливо


  Времето денеска наутро студено, насекаде со негативни утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 12 степени. Во Скопје претпладне […]

Тик Ток престана да работи во САД уште пред забраната


  Тик Ток престана да работи во САД доцна во саботата, непосредно пред да стапи на сила федералната забрана за апликацијата за кратко видео во кинеска сопственост. Апликацијата повеќе не беше достапна на апликациите на „Епл“ и „Гугл“. Конгресот на САД донесе закон во април со кој се наложува матичната компанија или да го продаде […]

Четири големи канадски банки ја напуштија глобалната климатска коалиција пред инаугурацијата на Трамп


  Четири од најголемите канадски банки ја напуштија коалицијата поддржана од ОН, која има за цел да ги забрза климатските активности меѓу финансиските институции. Банките, вклучувајќи ги БМО, Народната банка, Групацијата ТД Банка и ЦИБЦ во петокот потврдија дека повеќе не се членки. Повлекувањата од алијансата следуваат по заминувањата на шесте најголеми банки во САД […]

19 јануари во историјата – Роден е Едгар Алан По


  На 19 јануари 1809 година, во Бостон, Масачусетс, САД, е роден поетот, писател и литературен критичар Едгар Алан По. Кога имал три години, двајцата родители на По умреле, оставајќи го на грижата на неговиот кум, Џон Алан, богат трговец со тутун. Откако посетувал училиште во Англија, По се запишал на Универзитетот на Вирџинија  во […]

Двајца клучни судии на Врховниот суд на Иран убиени во Техеран


  Ајатоласите Мохамад Могисех и Али Разини, судии на Врховниот суд на Иран, кои беа вмешани во случаи поврзани со тероризам и шпионажа, беа застрелани вчера пред судницата во Техеран. Двајца судии на Врховниот суд на Иран, кои беа вмешани во случаи поврзани со тероризам и шпионажа, беа застрелани во вчера пред зградата на судот […]

Трамп ја лансираше сопствената „мим“ криптовалута пред инаугурацијата


Вашингтон – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја објави својата „мим“ криптовалута пред неговата инаугурација закажана за 20 јануари, објавија денеска американските медиуми. Овој потег е најновиот потфат на Трамп во областа на криптовалутите, во врска со кои тој вети за време на неговата кампања дека ќе го регулира нејзиниот пазар. Трамп на својата социјална мрежа […]

РФМ доби казна од ИХФ и предупредување дека може да играме без публика на СП


Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) парично ја казни Ракометната федерација на Македонија поради однесувањето на навивачите за време на вчерашниот дуел со Холандија на Светското првенство во Вараждин. Фановите од трибините реагираа бурно во финишот од средбата поради катастрофалното судење на данските арбитри Мадс Хансен и Јеспер Мадсен па на теренот полетаа тврди предметни и шишиња […]