Речиси 600 птици убиени, 15 на интензивна нега – од петарди и огномети во Бугарија


Огномет и петарди убија 600 птици во областа Копривштица во Бугарија. Екипата на Центарот за спас „Зелен Балкан“ не пречека во новата година со 591 планинска сипка на обдукциската маса и уште 15 полуживи на интензивна нега!  -И ова во никој случај не е целосниот број на сите мртви птици, туку само на оние што […]

ЕУ сигурна дека ќе се справи со затворањето на гасоводот во Украина


Европската Унија најави дека е целосно подготвена да се справи со намалувањето на дистрибуцијата на руски гас за Европа, предизвикано од одлуката на Украина да го прекине транзитот на енергенсот преку нејзина територија од 1 јануари годинава.  Европската комисија истакна дека овој прекин на дистрибуцијата на гасот нема да предизвика позначајни проблеми, имајќи предвид дека […]

Најмногу очекуваните 25 филма за 2025 година


Лос Анџелес – На почетокот од 2025 година, американскиот „Лос Анџелес тајмс“ објави 25 филмови што ги оцени како „најнестрпливо очекуваните“ за годинава. На листата се наоѓаат: документарецот „Лајза: Навистина страшна, апсолутно вистинска приказна“, (Liza: A Truly Terrific Absolutely True Story) (во кината на 31 јануари), „Бриџит Џонс: Луда за момчето“ (Bridget Jones: Mad About the […]

Милијардер почина откако се лизнал на мраз и ја удрил главата


Паоло Вители, кој ја основаше Azimut Yachts кон крајот на 1960-тите, почина на 77-годишна возраст, потврди компанијата во вторникот. Компанијата Азимут, која е позната по своите луксузни јахти кои ги посакуваат богатите и познатите во светот, соопшти дека претприемачот починал во својот дом во селото Маскоњац, лоцирано во северниот италијански регион Аоста. Како што соопштија, […]

Трамп го нарече „центар на универзумот“. Мар-а-Лаго е магнет за сите што сакаат влијание


  Познати личности како извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, канадскиот премиер Џастин Трудо и сопственикот на „Тесла“ и Икс, Илон Маск, се појавуваат на појадок, ручеци и други социјални собири што се одржуваат секојдневно во раскошниот клуб Мар-а-Лаго. Во текот на викендот, Мајк Лав, еден од оригиналните членови на „Бич бојс“, ги изведе најголемите […]

Земјоделците да ги зацврстат пластениците, порачуваат агрометеоролозите по најавата за дожд и снег


По најавите на УХМР за врнежи од дожд и снег во наредните денови, агрометеоролозите препорачуваат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции. Треба, велат, да се расчистат и одводните канали за полесно одлевање на површинските води.  Врнежите, сепак, оценуваат агрометеоролозите, се добредојдени, го зголемуваат полскиот воден капацитет кај сите земјоделски култури. Појавата на снег […]

Меланија Трамп ја започна 2025 во секси издание


Мајами- Првата дама на САД во чекање, Меланија Трамп го сврте вниманието на новогодишната забава во клубот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида. Таа на прославата се појави заедно со нејзиниот сопруг Доналд Трам во елегантен црн фустан со длабоко деколте и длабок шлиц на едната нога. Фустанот го искомбинирала со црни шпицасти салонки.Ја носеше косата […]

Вучиќ вели дека студентите се „глупирале“ за Нова година


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека не го разбира значењето на студентскиот протест што се одржа на новогодишната ноќ. „Кој беше смисолот за ова глупирање за Нова година? Тие луѓе кои настрадаа во Нови Сад, настрадаа напладне, не на полноќ“, изјави Вучиќ за телевизијата Пинк. Тој праша дали со протестите на полноќ „сакаат […]

Од утре дожд и снег


УХМР информира дека под влијание на влажен бран, утре во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2). Според УХМР, […]

Нема зголемување на старосната граница за пензија и на давачките, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека немаат намера да ја зголемуваат старосната граница за заминување во пензија, ниту да ги зголемуваат давачките, што беше предлог на Фискалниот совет, но и дел од препораките на Светска банка. Фокусот е на политики за намалување на сивата економија, намалување на даночната евазија со цел […]

Меган Маркл се врати на Инстаграм


Меган Маркл, војвотката од Сасекс, се врати на социјалната мрежа Инстаграм. Таа отвори свој профил на Нова година објавувајќи безгрижно видео снимено на плажа во близина на нејзиниот дом во Калифорнија.     На видеото, направено од нејзиниот сопруг, принцот Хари, 43-годишната Маркл го сврте грбот кон камерата додека боса трчаше по песокот кон брановите. […]

Азиските берзи паднаа на почетокот на 2025 година. „Тоа е невообичаено и загрижувачко“


На повеќето Азиски берзи цените на акциите паднаа во првиот работен ден од новата година, најмногу на кинеските пазари, кои се под притисок на слабите економски показатели. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции беше намален за 0,5 отсто во 7 часот наутро, откако минатата година порасна за повеќе од 7 отсто. Во Австралија утрово цените на […]

Без вода дел од Црниче и Гази Баба


Поради уличен дефект на улицата Чедомир Кантарџиев број 3 во населба Црниче, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа улица и од Свети Наум Охридски, информираат денеска од Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето било прекинато од 10:45 часот, предвидено е прекинот да трае до санирање на дефектот.  Поради уличен дефект, без вода од […]

Скопје денеска меѓу десетте најзагадени градови во светот


Главниот град Скопје денеска е меѓу десетте најзагадените градови во светот со висок индекс на загадување од 176 според последните податоци на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-Кју-Ер“.  Скопје моментално се наоѓа на деветто место, а како најголем загадувач се посочуваат ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 91 микрограми на кубен метар, додека […]

Киев: Не може да дојде до мир додека Русија не ја плати цената


Советникот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, изјави дека преговорите за завршување на руско-украинската војна се нереални додека Русија не плати висока цена за своите дејства. Подољак рече дека многумина зборуваат за преговори со цел да се стави крај на руско-украинскиот конфликт, но дека тоа е само илузија. – Не може да има преговарачки процес, […]

Оскарите ќе бидат „тест“ за пријателството меѓу Никол Кидман и Деми Мур


Лос Анџелес – Деми Мур и Никол Кидман ќе се упатат кон славата на Оскарите оваа претстојна сезона на награди, што е малку непријатно бидејќи тие се блиски пријателки надвор од екранот повеќе од три децении и мразат да бидат конкурентни една со друга, ексклузивно раскажува извор за In Touch.  „Деми и Никол се пријатели […]

Москва се „грижи“ за економијата во Европа по прекинот на рускиот гас


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова оцени дека прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина негативно влијае на економскиот потенцијал и животниот стандард во Европа. „САД и Киев се главни виновници за растот на цените на енергијата во Европа,“ рече Захарова. Таа посочи на штетите што ги претрпеа европските земји, како […]

Филков: Правдата не смее да биде под влијание на политичките партии


Враќањето на довербата на граѓаните во правосудниот систем е едно од најголемите предизвици со кои се соочуваме денес. Низата скандали, обвиненија за корупција и сомневања за политичка вмешаност, се сериозен проблем кој ја подрива основната функција на правосудството како независен и непристрасен орган. Мора да биде јасно дека правдата не смее да биде под влијание […]

Сондата на НАСА помина покрај Сонцето, сè уште работи


НАСА денеска соопшти дека нејзината соларна сонда Паркер е „безбедна“ и работи нормално откако успешно го завршила најблиското приближување до Сонцето од вештачки објект во историјата. Леталото помина на само 6,1 милиони километри од површината на Сонцето на 24 декември, летајќи низ надворешната атмосфера на Сонцето, наречена корона, во мисија што треба да им помогне […]

Судски совет утре избира нов претседател 


 Судскиот совет утре на седница ќе избира нов претседател, откако поранешната претседателка, Весна Дамева, пред еден месец поднесе неотповиклива оставка, а изборот беше одложен до комплетирање на составот со изборот на двајца нови членови од редот на судиите.  Првиот човек на Судскиот совет и неговиот заменик се бираат од членовите со право на глас, откако […]