Фицо: Словачка ќе губи 500 милиони евра годишно поради прекинот на транзит на руски гас


Словачка ќе губи 500 милиони евра годишно како од надокнади за транзит на гас, поради одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја прекине испораката на руски гас преку Украина, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо. Во објава на Фејсбук, Фицо рече дека неговата партија Смер-СД е подготвена да преговара со своите коалициски партнери за […]

„И јас сум Сирма“ на Зоран Спасов-Ѕоф за еден месец стана најпродавана книга за 2024 година


Романот „И јас сум Сирма“ на хит-авторот Зоран Спасов-Sоф е најпродаваната книга за 2024 година според податоците на најголемиот издавач во државата „Арс ламина“ и неговиот синџир книжарници „Литература.мк“. Овој контроверзен роман од жанрот историска фикција побуди незапаметен интерес кај широката публика и за еден месец стана бестселер за 2024 година. Да потсетиме дека станува […]

Директорот на АНБ Бојан Христовски добил НАТО сертификат


Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност, добил позитивно мислење и сертификат за пристап до тајните на НАТО, дознаваме МКД.МК. Ова значи дека во иднина тој ќе може да располага со сите доверливи инфомации на Алијансата.   Вообичаено, процесот за проверка на подобноста за добивање на пристап до НАТО тајните го води централата на […]

Во Скопје доаѓа музичкиот трилер „Емилија Перез“ кој води со 10 номинации за 82. Златен глобус


Музичкиот трилер „Емилија Перез“ на Жак Одијар, за мексикански наркобос кој ќе го смени полот во жена, доаѓа во Скопје. Од 9 јануари е на репертоарот на Синеплекс. Филмот води со 10 номинации за 82. Златен глобус, кој ќе се одржи в недела,  пред конкурентите како мјузиклот „Злобница“, папскиот трилер „Конклава“ и повоениот еп „Бруталистот“. […]

Напаѓачот кој газеше луѓе и пукаше во луѓе во Њу Орлеанс немал помошници, велат истражители


Инспекторите на ФБИ не пронајдоа докази дека напаѓачот кој косеше луѓе со пикап и отвори оган во Њу Орлеанс на Нова година, имал соучесници, изјавија два извори за Си-Ен-Ен. Истрагата продолжува, а официјалните лица се очекува на денешната прес-конференција да разговараат дали осомничениот, идентификуван од властите како 42-годишниот Шамсуд-Дин Џабар, делувал како „волк-самотник“. Во часовите […]

Најголеми резерви на злато имаат Кина, Швајцарија и Индија


Кина, Швајцарија и Индија се на врвот според растот на златните резерви, покажуваат податоците на националните централни банки. На крајот на септември 2024 година, девизните средства на светските централни банки изнесуваа 14,3 билиони долари, во споредба со 12,9 билиони долари една година порано. Апсолутен лидер во нивниот раст беше Кина, која ги зголеми златните и […]

МНР изрази сочувство за жртвите во масакрот во Црна Гора: Нашите мисли се со вас


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати сочувство по масакрот што се случи вчеравечер на Цетиње, Црна Гора, во кој се убиени 12 лица. -Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли […]

Модни изданија што ја одбележаа 2024 година


Лос Анџелес – Познатите дами имаа впечатлив моден избор во текот на 2024 година, а меѓу оние кои оставија најголем печат се Мона Пател, Зендеја, Рита Ора, Џенифер Лопез. Заедно со Мет-гала, нарекувана и „Оскарите“ на модата, и бројните филмски премиери и црвениот тепих на филмските фестивали како тие во Кан и Венеција беа можност […]

Филхармонии и солисти од Македонија, Грција и Бугарија ќе ја изведат „Кармина Бурана“ во Софија


Во сала 1 на НДК под диригентство на маестро Најден Тодоров ќе биде изведена сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, информираат од Софиската филхармонија. Според нив, овој концерт е симбол на културната соработка во регионот. На 17 февруари на концертот ќе учествуваат и Филхармонијата на Република Северна Македонија и Државниот симфониски оркестар од Солун, […]

Во Норвешка, речиси сите нови автомобили продадени во 2024 година беа целосно електрични


Девет од десет нови автомобили продадени во Норвешка минатата година биле целосно електрични, покажаа податоците за регистрација, бидејќи земјата ја исполни својата цел да додаде само електрични автомобили на патиштата до 2025 година. Целосно електричните возила учествуваа со 88,9 отсто од продажбата на нови автомобили во 2024 година, според податоците на Норвешката федерација за патишта […]

Хрватската влада најави укинување на данокот на доход за иселениците по нивното враќање во земјата


Владата на Хрватска најави зголемување на пензиите и поддршката за новороденчињата, како и укинување на данокот на доход за иселениците по нивното враќање во земјата, по првата седница од новата година на која премиерот Андреј Пленковиќ го презентираше годишниот план за 2025 година, пренесува Анадолија. Пленковиќ истакна дека во 2025 година планираниот раст на бруто […]

Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра


На патарините во државава лани е регистрирана  фреквенција на 62.662.988  возила, а наплатата изнесува 99,2 проценти.  Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) денеска соопшти дека 2024 година ја заокружи со остварен приход од над 66.5 милиони евра по основ на наплата на патарини. Во споредба со 2023 година тоа се 270 милиони денари или над […]

Асад преживеал труење во Москва


Во шокантен пресврт на настаните, поранешниот сириски лидер Башар ал Асад бил отруен во обид за атентат. Инцидентот, кој наводно се случил за време на викендот, покрена прашања за стабилноста на позицијата на Асад бидејќи неговото здравје брзо се влошило откако се чувствувал лошо во неделата. Според извори од каналот на Телеграм General SVR, Асад […]

Во Хрватска ќе се градат четири гасоводи, ќе транспортираат и водород


Хрватската влада денеска го прогласи проектот „Поддршка на инфраструктура за стратешки инвестициски проект ЛНГ Терминал“ за стратешки инвестициски проект, а даде согласност и за преземање на кредитните обврски на ХЖ Инфраструктура, јави Хина. Проектот „Поддршка на инфраструктура за стратешки инвестициски проект ЛНГ Терминал“ е инвестициски проект на Плинарко. Вредноста на вкупните трошоци, проценети преку материјални […]

Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница


Во Собранието прва со работа утре во новата 2025 година ќе започне Комисијата за прашања на изборите и именувањата чиј што претседател закажа седница за утре напладне. За 10 јануари, пак, е закажана 29. пленарна седница на која на дневен ред се пет интерпелации. На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата […]

Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше актуелната влада во САД, нарекувајќи ја земјата под актуелното раководство „катастрофа“ и „смешка“ во очите на светот. На платформата  Трут сошл, Трамп ја обвини актуелната влада за политика на отворени граници, како и за слабо и неефикасно лидерство, што, како што рече, доведе до сегашната ситуација. Тој […]

Руските дронови утрово убија брачен пар, истакнати научници


Последниот руски напад со беспилотни летала врз Киев уби познат брачен пар научници, а шест лица се повредени, изјави министерот за образование и наука,Оксен Лисовиј. Министерот ја идентификуваше двојката како истакнат невробиолог Ихор Зима и доктор по биолошки науки Олесија Сокур. „Семејството го посвети речиси целиот свој живот на науката“, рече Лисовиј. Повеќе од 100 […]

Место со азиланти центарот за мигранти во Албанија се полни со кучиња


Центрите за притвор на  мигранти во Албанија сега се градови на духови. Во многу рекламираното решение за миграциската криза во Европа е сместена само италијанската полиција – која почна да посвојува кучиња скитници и да се сонча. Кога италијанската премиерка Џорџија Мелони го откри нејзиниот главен план за пресретнување, приведување и процесирање на баратели на […]

Наумоски: Недостиг од работна сила, пад на ликвидноста и корупција – трите проблеми кои влијаат врз македонската економија


Генералниот извршен директор на „Витаминка“ Прилеп, Сашо Наумоски, за подкастот „Бизнис-клуб“ во разговор со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ги посочи трите проблеми што денес влијаат врз македонската економија: недостигот од работна сила, падот на ликвидноста и корупцијата. Според него, иако во моментов во „Витаминка“ нема проблем со работната сила, при огласување слободно работно […]

Обновливите извори го трансформираат британскиот енергетски сектор


Електричната енергија во Обединетото Кралство во 2024 година беше најчиста досега, со рекордно ниско учество на фосилни горива и рекордно високо учество на обновливи извори, покажува анализата, пренесува ДПА. Во изминатата деценија, Обединетото Кралство повеќе од двојно го зголеми учеството на обновливите извори на енергија и го преполови учеството на фосилните горива, соопшти климатскиот и […]