Комерцијална банка: Донацијата за „Михајлово“ е придонес кој поттикнува спортски дух


Годината во која одбележува седум децении успешно опстојување, на Комерцијална банка и почна со реализација на проектот ски-центар „Михајлово“, за чие опремување донираше средства. Отворањето се случи на самиот почеток од Новата година. Со тоа Кожуф станува посакувана спортско-рекреативна дестинација, а кавадаречкиот регион добива уште една можност за поголем развој. Новиот ски-центар е во близина […]

Властите во Венецуела понудија 100.000 долари за информации за лидерот на опозицијата Гонзалес


Каракас – Властите во Венецуела понудија награда од 100.000 долари за информација што ќе доведе до апсење на опозицискиот лидер Едмундо Гонзалес Урутија, кој тврди дека го победи претседателот Николас Мадуро на изборите, а по нив замина во егзил во Шпанија.  „Гардијан“ пренесува дека полицијата на социјалните мрежи објавила фотографија за до неодамна малку познатиот поранешен […]

Судски совет избира нов претседател


Судскиот совет денеска на седница ќе избира нов претседател. Претседателот на Советот се бира со најмалку осум гласови од членовите на Советот со право на глас. Советот е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина ги избира Собранието од кои двајца на предлог на претседателот на државата. […]

Дел од населбата Кисела Вода без вода


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од  улиците „Жил Верн“, „Јордан Филиповски“ и „Есенинова“ во населбата Кисела Вода. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради поврзување нова на веќе постоечка мрежа Ф-100мм на ул.„Жил Верн“ бр.12 во населба Кисела Вода. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување […]

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови дожд и снег на планините


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта кон сабота врнежите ќе се прошират во поголем […]

Струмица со мерки против загадениот воздух


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150  mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат […]

Остро обраќање на српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас до амбасадорот Кристофер Хил


  „Сто илјади луѓе се собраа на протест во Белград пред десет дена на покана на студентите, а неколку десетици илјади присуствуваа на дочекот на Новата година, единствена во историјата на светот. Дочек во тишина. Тие што се иднината на Србија со недели ги блокираат своите факултети, иако власта ги обвинува дека се под влијание […]

Поплавени делови од Велика Британија, евакуација на домаќинства во Манчестер


 Делови од Велика Британија се погодени од поплави, а неколку домаќинства се евакуирани на неколку места во областа на Манчестер. Откако за два дена падна дожд колку просечни месечни врнежи, во делови од Манчестер автомобили беа поплавени до покривите, а беше прогласена и состојба на природна катастрофа. Според полицијата, тимови за спасување на планина се […]

Битолското обвинителство експресно отвори предмет за мртвата мечка на фотографијата со Сашо Дранго


  БИТОЛА – Основното јавно обвинителство од Битола денеска отвори предмет за случајот со застреланата мечка и фотографијата на која позира Сашо Дранго, заменик-директор на „Македонија пат“ . Од Обвинителството во Битола, вечерва за „Независен“ потврдуваат дека веднаш оформиле предмет.   „По објавата по медиумите оформен е предмет и се постапува за да се утврди што […]

Првородените бебиња годинава во Струмица се близнаци


Првородените бебиња во Струмица во новата година се машки близнаци. Попладнево, десетина минути пред 17 часот, на Одделението за гинекологија и акушерство при струмичката болница на свет ги донесе мајката Ѓоргина Стојчева од село Моноспитово, Општина Босилово. Првото бебе се родило во 16:45 часот со тежина од 2.480 килограми и долго 49 сантиметри, а второто […]

Извлeчено возилото што падна во Вардар кај Рашче – во него има три тела, по четвртиот човек се трага


Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три лица. Потрагата по четвртото лице продолжува, соопшти вечерва ЦУК. Како што појасни директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, од возилото извадени се телата на три женски лица. Потрагата по четвртото машко лице кое најверојатно од возилото излетало во […]

Ова се најдобрите градови за инвестирање во недвижности: Еден град од регионот е високо рангиран


Подгорица беше рангирана на третото место на листата на седум најдобри европски градови за инвестирање во недвижности во 2025 година, според истражувањето на Global Property Guide. Ова може да се припише на постојаното зголемување на цените за изнајмување на недвижности во главниот град на Црна Гора, каде месечната кирија за гарсоњера, според проценките, не може […]

Ранета жена со детето в раце побегнала од масовниот убиец од Цетиње


М.М.(38), иако ранета во масакрот во Цетиње, успеала со синот во раце да стигне до куќата на соседката и да им го предаде детето. Дури тогаш соседите, а потоа и полицијата дознале дека се случило страшно злосторство. Полицијата смета дека Ацо Мартиновиќ го убил сопругот на ранетиот М.М., исто така М.М., во две куќи на […]

Бугарија се доближува кон формирање политичка влада


  Чекор по чекор Бугарија се приближува кон формирање регуларна политичка влада по изборите минатата есен. И тоа од актери за кои донеодамна изгледаше дека нема да се здружат. На заедничка средба меѓу преговарачките тимови на ГЕРБ, Демократска Бугарија, БСП и ИТН денеска се разговараше за предлозите за нацрт-договорот за управување. Ова го соопштија ГЕРБ […]

Навивачите на Барселона побараа оставка од претседателот Лапорта


Организацијата на навивачите на Барселона побара оставка од претседателот на клубот Жоан Лапорта поради проблемите со регистрацијата на играчот од средниот ред Дани Олмо и напаѓачот Пау Виктор. -Она што го доживеавме во последните часови од 2024 година покажува дека маѓепсаниот круг во кој се најде управата на клубот е целосно прекинат. Побргу отколку што […]

Четиригодишно дете од сообраќајката кај Рашче пренесено во Клинички центар Скопје


 По сообраќајната несреќа во која попладнето автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар, случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.  – Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи […]

Јокиќ најдобар играч во Европа за 2024 година


Центарот на Денвер Нагетс и репрезентацијата на Србија, Никола Јокиќ ја доби престижната награда „Европски играч на годината“ со 32 отсто од гласовите, соопшти ФИБА. Третото место го зазеде уште еден член на „орлите“, Богдан Богдановиќ со 15 отсто од гласовите. Во 2024 година Јокиќ по трет пат во последните четири сезони беше прогласен за […]

Татко вечерва си го убил сопствениот син во Тетово


Татко си го убил сопствениот синот вечерва во Тетово, објавија повеќе локални медиуми. Според нив, се работи за македонско семејство кое живеело во населбата Блок 70. Според првите информации се работи за семејна тепачка која завршила со убиство, таткото го убил синот. Како што дознаваат медиумите, таткото во тешка психолошка состојба е пренесен во тетовската […]

ФБИ: Нема поврзаност меѓу терористичкиот напад во Њу Орлеанс и експлозијата на возило на Тесла во Лас Вегас


Федералното биро за истраги (ФБИ) засега не гледа дефинитивна поврзаност меѓу терористичкиот напад во Њу Орлеанс и екслозијата на возило на Тесла пред Трамп хотелот во Лас Вегас. -Во овој момент нема дефинитивна врска меѓу нападот овде и оној во Лас Вегас, изјави Кристофер Раја, заменик помошник на директорот на контраразузнавачкиот оддел на ФБИ. Безбедносните […]

Автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар


Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар. Од МВР за МИА информираа дека веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на […]