Половина Ново Лисиче без вода поради дефект


Утрово од 10 часот, половина од скопската населба Ново Лисиче нема вода за пиење, поради дефект на улична цевка.   „Поради уличен дефект ф 100 мм на Бул. „Видое Смилевски Бато“ бр.77, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.„Видое Смилевски Бато“ од бр.3 до бр.91 од 10 часот до санирање на дефектот„, информираат од „Водовод […]

Ханој прогласен за најзагаден град во светот


 Главниот град на Виетнам, Ханој денеска е прогласен за најзагаден град во светот, откако се измерени 266 микрограми опасни честички, познати како ПМ2,5, на метар кубен. Ханој е покриен со густ смог во последните неколку недели, што е резултат на густ сообраќај, горење ѓубре и индустриска активност. Вицепремиерот Тран Хонг Ха повика вчера на забрзана […]

Француски професор казнет со 300.000 евра за прекршоци: „Па, јас немам ни кола“


Универзитетски професор од Франција чиј идентитет е украден се соочи со казна од 300.000 евра за сообраќајни прекршоци што не ги направил. Професорот стана жртва на кривично дело кражба на идентитет. Но, приказната не завршува тука – возилата регистрирани на негово име биле користени и за криминални активности како грабежи и провални кражби во Белгија. […]

Левица: Имаме инспектор за албански јазик, а немаме за македонскиот!


Веднаш по празниците, покрај овој Закон за патни трошоци, ние ќе поднесеме и Закон за посебен инспекторат за државни инсигнии”, истакна пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, во емисијата „24 анализа“.   – Дали знаете дека ние кога поднесовме претставка против еден министер на ДУИ, што го стави само албанското знаме, од инспекцискиот совет […]

На продажба е оригиналниот Ford GT40 од 1966 година – се тркал на Ле Ман


Еден од осумте историски примероци на моделот Ford GT40, кој учествувал на трката 24 часа Ле Ман во 1966 година, ќе биде продаден на аукција. Станува збор за моделот Ford GT40 MkII, чија цена се проценува до 11 милиони долари. Автомобилот, со број на шасија P/1032, првично бил испорачан на Шелби Американ кон крајот на […]

Жолт аларм за снег низ Хрватска – завеани патишта


Силен снег паѓа низ Хрватска, а многу патишта се затворени. Пристигна најавената промена на времето. Снег врне низ копнениот дел од земјата, а во делови од Хрватска веќе се формира снежна покривка. Снег паѓа во Лика, Горски котар, но и во внатрешноста – во Загреб, Карловац, Сисак, Бјеловар, Кутина… Како што најавуваат метеоролозите, на копното […]

Бајден одлучи да го блокира купувањето на „Ју-Ес стил“ од 15 милијарди долари од страна на „Нипон стил“


Понудата за преземање на „Ју-Ес стил“ (US Steel) од 14,9 милијарди долари, објави во петокот The Washington Post, цитирајќи двајца неименувани претставници на администрацијата кои не биле овластени да зборуваат за ова прашање. Се очекува Белата куќа да ја соопшти одлуката на Бајден во петок, пишува The Washington Post. Одлуката за тоа дали да се […]

Маск: Злобните идиоти избраа погрешно возило


Лас Вегас – Извршниот директор на „Тесла“ , Илон Маск, најави дека ќе ја разгледа можноста за поднесување тужби против медиумите поради нивното покривање на експлозијата на кибер камионот што во средата се случи пред хотелот „Трамп“ во Лас Вегас. Конзервативниот активист Роби Старбак на платформата Х сподели напис на „Бизнис инсајдер“ во кој инцидентот […]

Човекот во автомобилот-бомба пред хотелот на Трамп извршил самоубиство пред експлозијата


Човекот, кој беше во автомобилот што експлодира пред хотелот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас извршил самоубиство пукајќи си во главата пред експлозијата, соопштија претставници на американската полиција. Метју Ливелсбергер (37) од Колорадо, бил високо одликуван припадник на Зелените беретки на американската армија, кој бил распореден двапати во Авганистан и веројатно планирал […]

Вкупното богатство на 500-те најбогaти луѓе во светот во 2024 година надмина десет билиони долари


Вашингтон – Вкупното богатство на 500-те најбогати луѓе во светот за првпат ја надмина бројката од 10 билиони долари, објави Блумберг повикувајќи се на својот индекс на милијардери за 2024 година. За една година тие станале побогати за 1,5 билиони долари. Главен дел од ова покачување на богатството е кај технолошките компании. Меѓу првите десет […]

Цукерберг назначи поранешен функционер на Републиканската партија за претседател за глобални прашања во „Мета“


Сопственикот на „Фејсбук“, компанијата „Мета“, го заменува претседателот за глобални прашања Ник Клег со Џоел Каплан, актуелен потпретседател за политика на компанијата и поранешен вработен во Републиканската партија. Потресот доаѓа три недели пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и е најнов знак за тоа како технолошките компании се позиционираат за новата администрација во Вашингтон. […]

Шмит ги поништи одлуките на РС за обид да се влијае врз судењето на Додик


Сараево – Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит вчера ги отфрли заклучоците усвоени од Парламентот на Република Српска во декември 2024 година, обидувајќи се на тој начин да го оспори легитимитетот на судските тела на ниво на БиХ и да го доведе во прашање продолжувањето на судењето на Милорад Додик. Националното собрание на […]

Мизо: Потребни се квалитетни инвестиции, а за тоа треба државата да инвестира во напредно образование


Една милијарда евра директни странски инвестиции до крајот на изминатата година се остварливи, смета првиот човек на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо. Во изјава за МИА, тој вели дека е потребно да се стремиме кон поголем квалитет кај идните инвеститори, за што државата треба да инвестира во соодветно образование и постојано да ја унапредува […]

Шефовите на дипломатиите на Германија и Франција, Бербок и Баро во посета на Сирија


Дамаск – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок заедно со својот француски колега Жан-Ноел Баро денеска престојува во еднодневна посета на Сирија. За време на посетата Бербок ќе се сретне со лидерот на новата сириска Влада, Ахмед ал Шара.  „Моето денешно патување, заедно со мојот француски колега и во име на ЕУ, е јасен […]

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови


Утрово е најстудено во Берово, -7 степени, а најмногу снег има во Маврови Анови, 45 сантиметри. Според УХМР, до 08:30 часот се измерени и -6 степени во Скопје Петровец, -5 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, -4 Битола, Велес, Куманово, Попова Шапка, -3 Тетово, Штип, Демир Капија, Кавадарци, Крива Паланка, -2 Лазарополе, -1 Гевгелија, Прилеп, 0 Охрид, Претор, […]

Возачот на експлодираното возило Тесла бил елитен војник


Шерифот Кевин Мекмахил од полицискиот оддел во Лас Вегас на прес-конференција изјави дека мртвиот човек во експлодираниот Тесла „сајбертрак“  пред хотел на  Доналд Трамп,  имал прострелна рана во главата. Во возилото биле пронајдени два пиштоли, пасош, воена лична карта и кредитни картички. „Сајбертракот“ бил натоварен со пиротехнички средства и канти со бензин. Очигледно, детонацијата имала намера да […]

Русија мобилизирала меѓу 140.000 и 180.000 затвореници за војната во Украина


Киев  – Русија мобилизирала меѓу 140.000 и 180.000 затвореници кои се бореле во војната против Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на украинската Служба за надворешно разузнавање.  Според нејзините податоци, заклучно со ноември минатата година, во руските казнени колонии казни отслужувале приближно 300-350 илјади луѓе.  „Овој број е половина од затворениците во колониите во 2014 година. […]

Обвинение за криумчарење луксузни автомобили


Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во дејствија на криумчарење луксузни автомобили, како и фалсификување службени и други исправи, соопшти државното Јавно обвинителство. – Во текот на 2021 и 2022 година, тие со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале […]

Изборни маратонци – ќе се трча до локалните избори во октомври


Во 2024 година, Северна Македонија доби нова Влада, а до крајот на 2025 година ќе добие и друга локална власт. Градоначалниците на 80 општини и Градот Скопје започнаа да ги „трчаат“ последните девет месеци од мандатот. Поголем дел од партиите, но и поединци, меѓу нив и актуелни градоначалници, и покрај завршувањето на парламентарните избори, не […]

Канадскиот диригент Јаник Незе-Сегуин ќе диригира со виенскиот Новогодишен концерт во 2026


За прв пат, Виенската филхармонија го покани канадскиот диригент Јаник Незе-Сегуин да го диригира Новогодишниот концерт во 2026 година. Уметничката соработка помеѓу Јаник Незе-Сегуин и Виенската филхармонија започна на Неделата на Моцарт во Салцбург во 2010 година. Оттогаш, Незе-Сегуин редовно диригира со оркестарот на концерти во Виена и Салцбург, како и на турнеја. Еден посебен […]