Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови


На Попова Шапка утрово се измерени – 5 степени Целзиусови, а 4 во Гевгелија. Најмногу снег со 54 сантиметри има во Маврови Анови, додека за изминатите 24 часа до 07 часот најмногу дожд 12 литри на метар квадратени во Крива Паланка. УХМР соопшти дека се измерени -4 степени во Маврови Анови и Крушево, -1 Претор […]

Европска земја урива рекорди во очекуваниот животен век: Еве што прават нејзините жители сосема поинаку


  Луѓето од Монако живеат во просек речиси 90 години. Зошто? Монако е земја со многу мала површина – само Ватикан е помал. Ова кнежевство е познато по своето богатство, но и по тоа што летата се суви и топли, а зимите благи. Времето не е единствениот фактор што влијае на животниот век на жителите, […]

Од Лозано до Калиопи – Крива Палaнка со шестдневна новогодишна програма


Крива Паланка и оваа година организира  спектакуларна новогодишна програма, додека градот блеска во сјајот на празничната магија. Од 26 до 31 декември, Градскиот плоштад ќе биде сцена на неверојатни настани кои ќе донесат радост и забава за сите генерации. Цела недела , во пресрет на Новата 2025 година, публиката ќе ужива  во  музика, претстави, концерти и многу изненадувања. Калиопи, Некст тајм, Слаткар, Сара Мејс, Влатко […]

Традиционалниот концерт за Василица во НОБ со гости од Шпанија


На 11 и 13 јануари 2025 во 20 часот ќе се одржи Традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“ 2025. Оваа година се одбележуваат 30 години од првото одржување на традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“, кој првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 година на сцената на МОБ и низ годините потоа, тој стана препознатлив, […]

Данска го зголемува буџетот за одбрана на Гренланд, тврдат дека нема врска со коментарите на Трамп


Кралството Данска најави дека ќе има зголемени трошоци во буџетот за одбрана на Гренланд, а од владата на оваа земја велат дека овој потег нема врска со коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Трамп најави дека е од суштинско значење за американската „национална безбедност“ да ја преземе контролата врз Гренланд, најголемиот остров во светот. […]

Два пожари во Куманово во две семејни куќи, во една пукнала плинска боца во другата се запалил бојлер


Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово во текот на вчерашниот ден регистрирал два пожари во две семејни куќи во Куманово. Првиот  пожар се случил во семејна куќа на улица „Народна револуција” каде пожарникарите интервенирале на запалена плинска боца. „Интервенирано во 10:20 часот со едно возило и петмина пожарникари. Зафатена била една соба од објектот […]

Новак: Русија годинава извезла околу 20 отсто повеќе гас во Европа отколку во 2023 година


 Вкупниот извоз на руски гас во европските земји оваа година бил меѓу 18 и 20 отсто поголем од минатата година, изјави денеска рускиот вицепремиер Александар Новак. -И покрај сите изјави и притисоци од санкции, гасот е високо еколошки производ, тој е баран. А рускиот гас е најпрофитабилен – и логистички и по цена, рече Новак. […]

Во БиХ се трага по метеоролог кој исчезна на Бјелашница


Вчера во Бјелашница исчезна 46-годишен вработен во Метеоролошката станица. Целодневната потрага синоќа беше привремено прекината поради тешките временски услови, а продолжи утрово во 9 часот, јавуваат босанските медиуми. Последната комуникација со Коњичанецот била извршена вчера околу 11 часот. Два часа подоцна бил пријавен за исчезнат, откако не им одговорил на колегите на телефон. Вработен во […]

Судбините на децата на диктаторите: Карма?


Потомците на најголемите диктатори имаа различни судбини – за некои смртта тропна на врата, а некои поединци до крајот на животот докажаа дека не се исти како нивните родители. Кога детето ќе дојде на свет, не е ни свесно колку товар може да носи на својот грб поради постапките на неговите родители. Иако секој ја […]

Новиот шеф на сириската дипломатија испрати предупредување до Иран: Не ширете хаос во Сирија


Новоименуваниот сириски министер за надворешни работи Асад Хасан ал Шибани синоќа му порача на Иран да не шири хаос во Сирија, туку да ја почитува волјата на сирискиот народ и суверенитетот на земјата. „Иран мора да ја почитува волјата на сирискиот народ и суверенитетот и безбедноста на земјата. Ги предупредуваме да не шират хаос во […]

Дончиќ неизвесен за натпреварот со Минесота


Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ може да го пропушти божиќниот натпревар против Минесота. Според „ESPN“, 25-годишниот Словенец може да го пропушти натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Тимбервулфс. Тој претходно пропушти два натпревари поради повреда на петицата, иако играше во понеделникот против Портланд. Дончиќ сезонава играше на 21 натпревар во НБА лигата, […]

Пет хороскопски знаци кои што имаат развиено шесто сетило


Дали некогаш сте доживеале необјасниво чувство да знаете нешто без никакво логично објаснување? Шестото сетило е всушност вродена способност што некои поединци ја поседуваат да согледаат информации надвор од петте традиционални сетила. Понекогаш ни се случува нешто што не можеме да го објасниме, но како однапред да го знаевме. Во светот на астрологијата, се верува […]

Патнички авион се урна во Казахстан. Објавена снимка од несреќата


Патнички авион со 72 лица се урна во Казахстан, соопшти тамошното Министерство за вонредни ситуации. Летот на Азербејџан ерлајнс летал од главниот град Баку за Грозни во Русија, но бил пренасочен поради магла. Се урна во близина на аеродромот Актау на западот на земјата. Reports are coming in of an accident at Aktau Airport, Kazakhstan […]

Голем напад на Русија врз енергетската инфраструктура на Украина, тројца ранети во Харков


Министерот за енергетика на Украина Герман Галушченко денеска преку Фејсбук објава информираше дека Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на земјата. Галушченко додаде дека компанијата за управување со енергетската мрежа го ограничила снабдувањето со електрична енергија за да се минимизираат штетите. Руските напади врз енергетската мрежа на Украина се засилија во пролетта, предизвикувајќи штети на […]

Експлозија во трговски центар во Русија


Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во експлозија на гас во трговски центар во рускиот град Владикавказ, соопштија локалните служби за итни случаи. Според руските медиуми, експлозијата се случила на третиот кат од трговскиот центар додека вработените ги подготвувале продавниците за отворање. Експлозијата предизвика пожар, а во моментов околу 800 квадратни метри малопродажен […]

Укината забраната за сообраќај на товарни моторни возила на патниот правец Крива Паланка –Деве Баир


Утрово во 07.30 часот е укината забраната за сообраќај на товарни моторни возила на патниот правец Крива Паланка –Деве Баир и обратно, соопштија од диспечерски– информативен центар на ЈП Македонијапат.

Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најуспешните во 2024 година


Атлетската федерација на Македонија на свечена церемонија вчеравечер во Скопје ги додели наградите за најуспешните атлетичари во 2024 година. Претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова е задоволна од постигнатите резултати. -Горда сум што можам да застанам исправено пред вас, да дискутираме за напредокот и успесите на атлетиката, спортот со кој што пораснав, спортот […]

Израелската истрага заклучи дека присуството на израелски војници најверојатно довело до убиство на шест заложници во Газа


Истрагата на израелската армија заклучи дека присуството на израелски војници во областа веројатно довело до убиство на шест заложници кои ги држел Хамас во Појасот Газа. Телата на овие луѓе, заробени во нападот што го изврши палестинското исламистичко движење против Израел на 7 октомври минатата година, беа пронајдени во подземен бунар на крајот на август. […]

Снег и силен ветер го блокираат сообраќајот во Босна и Херцеговина


Сообраќајот во БиХ сè уште е во прекин на неколку патни правци поради големото количество снег, додека дополнителен проблем претставува и силниот ветер. На следните патни правци сообраќајот е целосно запрен за сите категории возила: Гламоч-Млиниште, Босанско Грахово-Дрвар-Босански Петровец,Дрвар-Гламоч, Сански Мост-Клуч, Купрес-Ново Село, Котор Варош-Теслиќ (Борја), Бања Лука-Кнежево и Бихаќ-Босански Петровец-Клуч. За возила над 10 […]