Родители од Карпош денес ќе дискутираат за врсничко насилство на работилница на „Макпетрол“


Во Кинотека на Македонија, денес (11 ноември), со почеток во 18 часот, ќе се одржи работилница против врсничко насилство наменета за родители. Фокусот на оваа средба е Карпош, како една од 26 општини кои што се приклучија на општествено одговорната кампања на македонската компанија, „Крени глас против врсничко насилство“. Како и на досегашните четири и […]

Пијанечко-Малешевскиот регион со снежна покривка


 Пијанечко-Малешевскиот регион утрово е под снежна покривка која е најизразена на повисоките места. Во градот Делчево и околните села снежната покривка е минимална, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево.  -Патиштата се проодни, а сообраќајот засега се одвива без проблеми. Апелираме да се почитува сообраќајната сигнализација и да […]

Нова IQOS зона во Bliss Mall Битола


Во срцето на трговскиот центар Bliss Mall во Битола е отворена нова IQOS зона, специјализирана област за сите полнолетни пушачи кои сакаат да го истражат светот на производите без чад. Оваа нова зона, втора надвор од главниот град ќе работи од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот и во недела од 10 до […]

Трамп: Хоман ќе биде задолжен за границите на САД


Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп најави дека поранешниот вршител на должност директор на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ), Томас Хоман ќе биде задолжен за границите во новата американска администрација. Трамп на својата платформа „Трут соушал“ (Truth Social) објави дека Хоман во новата администрација ќе биде задолжен за границите на САД, за поморската и […]

Судот во САД: Свршеничкиот прстен е подарок што по раскин на веридбата му припаѓа на давателот без разлика на вината


Врховниот суд на американската сојузна држава Масачусетс во петокот пресуди дека несудена невеста мора да му го врати свршеничкиот прстен од 70.000 долари на нејзиниот поранешен вереник. Судот, имено, застана на страната на Брус Џонсон во неговата долгогодишна правна битка со поранешната свршеничка Каролин Сетино во обид да ги врати скапоцените остатоци од нивната врска […]

Трамп ја номинира Елиз Стефаник за амбасадор на САД во ОН


  Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави дека и понудил на републиканската конгресменка Елиз Стефаник функцијата амбасадор на САД во ОН објавија американските медиуми. „Чест ми е да ја номинирам претседавачката Елиз Стефаник да служи во мојот кабинет како амбасадор на САД во Обединетите нации. Елиз е неверојатно силен, тврд и паметен борец на Америка“, наведе […]

Патот Кратово – Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег


Поради наноси од снег, од 07:00 часот во прекин е сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип, соопшти АМСМ Сообраќајот кон Пониква се одвива непречено по една коловозна лента, исто така и кон с. Бели, а од страна на граѓаните кои протестираат е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени […]

Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад


Опозициските парламентарни партии во Србија за денеска закажаа протест пред зградата на српската влада поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 14 лица. Барањата што ги покренаа демонстрантите се оставки на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ, декласификација на договорите поврзани со реконструкцијата на железничката станица во […]

Прва седница на новиот бугарски парламентарен состав


Новоизбраниот бугарски парламентарен состав (51. Народно собрание) ќе ја одржи претпладнево првата седница. согласно указ од 5 ноември на претседателот Румен Радев, јави БТА. Првата седница на Националното собрание ќе ја отвори најстариот присутен пратеник – во 51-от парламент тоа е Силви Кирилов од „Има таков народ“ кој има 73 години доека најмладиот е од […]

Се гасат подметнати пожари на депонијата во Визбегово


Здружени екипите на Инспекторат на Град Скопје, Бригадата за противпожарна заштита, ЈП Комунална хигиена, ЈП Улици и патишта и ЈП Водовод и канализација Скопје, со цистерни и тешка механизација синоќа неколку часа ги гаснеа подметнатите пожари на депонијата во Визбегово. Веќе се локализирани и изгасени две од вкупно пет опожарени локации, соопшти прес службата на […]

Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина


Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на повеќе извори. Весникот наведува дека Трамп разговарал со Путин во четвртокот, што бил нивен прв телефонски разговор по победата на Трамп на изборите, а една од темите на разговорот била војната во Украина. Според […]

Руски бомбардери полетале кон Украина, Киев со предупредувања за напади во поголемиот дел од земјата


Украинските власти утрово објавија предупредувања за воздушен напад во поголемиот дел од земјата, откако воздухопловните сили на Киев потврдија за полетување на руски бомбардери. „Внимание! Ракетна опасност низ цела Украина! Полетувања на МиГ-31К“, се вели во објавата на Телеграм на украинските ВВС.

Презентација на резултатите за квалитетот на внатрешниот воздух во училишта и градинки


Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ што го спроведува УНДП, денеска ќе бидат презентирани резултатите за квалитетот на внатрешниот воздухот во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга. Настанот ќе го отворат амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џејн и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. Резултатите од истражувањето ќе ги презентира ректорот на […]

Вучиќ разговараше со Трамп: Верувам во посилно партнерство со САД


Одличен, срдечен и содржајен разговор со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, соопшти претседателот Александар Вучиќ на Инстаграм. Тој наведе дека во телефонскиот разговор изразил надеж дека Доналд Трамп ќе ја посети Србија, бидејќи Србија била земја во која поддршката за неговиот избор била најголема во цела Европа, јави дописникот на МИА од Белград. -Одличен […]

Мицкоски во посета на Тутунски комбинат АД Прилеп


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе го посети Тутунски комбинат АД Прилеп. Како што информираат од владината прес-служба, предвидено е пртемиерот Мицкоски при посетата ќе даде изјава за медиуми.

Променливо облачно со повремен слаб дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната од 7 до […]

Разорен земјотрес со јачина од 6,8 степени на Куба (видео)


Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја потресе источна Куба, по неколкуте урагани и долги прекини на струја кои оставија многумина на островот да живеат во страв и неизвесност. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на приближно 40 километри јужно од Бартоломе Масо, Куба, на длабочина од 23,5 километри, според извештајот на Геолошкиот […]

Меланија Трамп секогаш им пркоси на модните правила како Прва дама – што да очекуваме сега? 


Толку многу работи се збунувачки за американската политика што Меланија Трамп, иако несомнено е една од нив, е толку далеку надолу на листата што е речиси недостојна за коментар. Но, тогаш, „недостојна за коментар“ е главно она што таа се обидува да биде во последно време. За време на поголемиот дел од предизборната кампања на […]

МВР со дрон трага по исчезнатата Трајковска


Полицијата пронашла неколку предмети за кои се верува дека и припаѓале на 43-годишната Лидија Трајковска, која од завчера е пријавена за исчезната, а последен пат била видена на автобуска станица во скопското село Јурумлери. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека го утврдиле движењето на жената – таа од Јурумлери се упатила по патот што […]

Дали таксата за ЦО2 ќе ја „задуши“ македонската индустрија?


  На нешто повеќе од една година, кога треба да почне да се применува новата давачка за емисиите на јаглероден диоксид, во нашата земја како да се крена нивото на тревога на највисоко ниво. Владата подготвува законски и подзаконски акти, стопанството е во исчекување како таксата за ЦО2 ќе се одрази врз нивното работење и […]