Македонските ракометари поразени во Литванија


Вилнус – Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби на гости од Литванија со 29:27 во 2. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров не успеаја да одговорат на агресивната, на моменти и груба игра од домаќините. Во неколку наврати словачките судии не ги санкционираа прекршоците на Литванците и им овозможија […]

Украина синоќа беше нападната со рекордни 145 руски дронови, соопшти Зеленски


Киев – Украина синоќа беше нападната со 145 руски дронови, што е рекорд, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски на Х. Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека 62 од тие 145 дронови биле уништени во 13 региони во земјата. Украинското воздухопловство истакна дека бројот на дронови во синоќешниот напад го надминал претходниот „рекорд“ од 135 дронови […]

Еве зошто Шарлиз Терон е кралица на Холивуд


Шарлиз Терон го прегрна дизајнерскиот тексас на галата Baby2Baby 2024 во Лос Анџелес во саботата. Актерката избра тоалетасо длабоко деколте на Schiaparelli со темен тексас корсет , кој доаѓа од колекцијата на етикетата за пролет 2025 година. Терон избра златни обетки и соодветни метални потпетици. Ѕвездата од „Fast X“ моментално работи со стилистката Лесли Фремар, […]

Мишел Јео драматично го смени својот изглед


Додека оскаровката Мишел Јео знае како да ги сврти главите со својата долга црна коса, таа сега докажува дека русокосите навистина се забавуваат. Така е, Јео сега е русокоса! Доколку сте го пропуштиле, на 9 ноември, Yeoh пристигна со многу други ѕвезди на премиерата на Wicked, одржана во павилјонот Дороти Чендлер во Лос Анџелес.  На […]

Пуштено на домашно лекување момчето тешко повредено при пукање во Арачиново


 Пуштено е на домашно лекување, 20-годишното момче кое беше тешко повредено при пукање во Арачиново на 1 ноември. Тогаш беше убиен 56-годишниот татко на момчето. – Во врска со вториот пациент, примен на 1 ноември во Ургентниот центар со прострелни рани, информираме дека пациентот е во добра општа здравствена состојба и пуштен на домашно лекување, […]

Шведска и Бразил договорија проширување на соработката во полето на воздухопловството


Стокхолм– Шведска и Бразил потпишаа писмо со намери за проширување на соработката во областа на воздухопловството, при што Бразил има намера да купи борбени авиони СААБ, додека Стокхолм ќе купи товарни авиони Ембраер, соопшти шведската влада. Во 2010 година, Бразил потпиша договор со шведската одбранбена компанија Саб за купување на 36 авиони JAS 39 Gripen. […]

Струмичките пожарникари транспортираа повреден велосипедист од планината Беласица


Тим од четворица струмички пожарникари со теренско возило транспортираа повреден велосипедист од планината Беласица, кој претпладнево излетал во провалија на планината Беласица, на местото „Ѓаволски мост“, соопштија попладнево од ТППЕ Струмица. -Велосипедистот спуштајќи се по патеката излетал во провалија и се здобил со повреди при што од неа бил извлечен од други велосипедисти. Со теренското […]

ЕУ за медиумската сфера: Остана „ограничен напредок“, исчезна „поволниот општествен контекст“


Северна Македонија е помеѓу одредено ниво на подготовка и умерено ниво на подготовка за слободата на изразување и има ограничен напредок во оваа област. Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги беше изменет во јули 2023 година за да се усогласи со Директивата за медиуми (на ЕУ-н.з.). Законот повторно беше изменет во февруари 2024 година за повторно […]

Украина ја нападна Москва со 34 беспилотни летала, што е најголемиот удар врз руската престолнина


Украина ја нападна Москва во неделата со најмалку 34 беспилотни летала, што е најголемиот напад со беспилотни летала врз руската престолнина од почетокот на војната во 2022 година. Како што објави Ројтерс, во нападот е повредено најмалку едно лице а сите предвидени летови од трите аеродроми биле пренасочени. Руската противвоздушна одбрана уништила уште 36 други беспилотни […]

Вредноста на биткоинот надмина 80.000 долари


Њујорк– Цената на криптовалутата Биткоин денеска за првпат го надмина прагот од 80.000 на платформата Bitstamp. Најстарата и најпознатата криптовалута се искачи за над четири проценти во споредба со претходниот ден, достигнувајќи до 80.047 долари. Во изминатите седум дена, водечката криптовалута доби повеќе од 17 проценти во вредност. Другите криптовалути како Етер или Солана се […]

Шон „Диди“ Комбс останува во притвор, не помогна ниту  новата кауција од 50 милиони долари


Њујорк (Ројтерс) – Шон „Диди“ Комбс во петокот предложи нов пакет кауција од 50 милиони долари, поддржан од неговата вила на Флорида, за кој музичкиот магнат се надева дека ќе го ослободи од затворот во Бруклин, каде што е затворен осум недели поради секс трговија со луѓе. На Комбс му беше одбиена кауцијата три пати […]

Само 23 отсто од Французите го поддржуваат Макрон


Париз – Само 23 отсто од Французите го поддржуваат францускиот претседател Емануел Макрон, што е второ најниско ниво на поддршка од неговиот избор во 2017 година, покажа истражување на агенцијата за испитување на јавното мислење Ипсос, нарачана од весникот „Трибун Диманш“. Рејтингот на Макрон падна за два процентни поени во однос на октомври. Најмала поддршка […]

Таравари: Годинава морталитетот на Детската клиника – Скопје е помал од минатите години


 Министерот за здравство и претседател на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари вели дека морталитетот на Клиниката за детски болести – Скопје годинава е многу помал во споредба со претходните години. -За жал, се злоупотребуваат сите случувања. На клиниките, за жал, се случуваат смртни случаи. Директорот ни испрати и статистики од другите години и сега, колку […]

Принцезата Шарлин од Монако сподели ретка јавна изјава за нејзините деца


  Монако– Принцезата Шарлин од Монако можеби е една од најрезервираните и најмистериозните членови на кралското семејство, но за француското издание Гала се отвори дека е мајка. Шарлин ги дели 9-годишните близнаци Жак и Габриела со нејзиниот сопруг, принцот Алберт. Во интервјуто, Шарлин понуди редок увид во личностите на нејзините деца, велејќи дека нејзиниот син […]

Бијонсе номинирана во сите кантри категории за Греми откако претходно беше исклучена од CMA


  Бијонсе продолжува да пишува историја со нејзиниот познат албум од 2024 година, Каубој Картер, огромна одисеја низ кантри музиката која сега има 11 номинации на Греми наградите во 2025 година. И покрај фактот што Бијонсе беше целосно исклучена на CMA наградите (на Кантри музичката асоцијација) во 2024 година, не успевајќи да добие ниту една […]

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје


Синоќа во 23:50 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, откако му бил одбиен влез во државата, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Д.С.А.Д.(34) од Бразил, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. -При претрес над […]

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави


Вашинтон– Проекциите покажуваат дека Доналд Трамп победил на претседателските избори во САД и во американската сојузна држава Аризона, што значи дека ги освоил сите седум држави кои важеа за клучни држави. Би-Би-Си јави дека по четири дена пребројување, Аризона е последната американска држава која го објави резултатот, Трамп сега има 312 електорски гласови, а демократската […]

Мицкоски за средбата со „Рош“: Целта е граѓаните да добијат врвни здравствени услуги


Се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени, вака накусо премиерот Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање околу неговата средба со раководството на компанијата „Рош“. -Во напредна фаза сме, станува збор за една од првите три комапнии во светот која тука одреден период не беше пристуна. Конечно, се […]

Поради дефект без вода делови од Скопје


Поради дефект на два затварачи (шибер) во шахта Ф100мм на улица „Кочо Битољану“, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците оваа улица број „518“ и „519“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до завршување на работните активности. Од ЈП Водовод и канализација Скопје информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф80мм на улица […]

Јовановиќ : Победата на Трамп негативно ќе се одрази врз македонската економија


Победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неминовно ќе се одрази негативно и на македонската економија, околу тоа не треба да има никаква дилема, оценува економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ од реномираниот Виенски институт за меѓународни економски студии. Во изјава за МИА, Јовановиќ посочува дека главното ветување на Трамп во кампањата за воведување на царини на […]