Мистериозното исчезнување на девојка и млад човек во Србија. Тој е пронајден мртов, од неа нема трага


Ммногу неодговорени прашања има во случајот со младиот исчезнат пар Тамара Новаков и Елвис Николиќ од српски Банат. Имено, сè започна уште на 19 октомври, кога и двајцата беа видени последен пат. Потоа заедно заминале во непознат правец и со денови не контактирале со семејствата. Иако на прв поглед може да се помисли дека се […]

Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време


Вкупно 17,1 проценти од вработените во ЕУ на возраст од 20 до 64 години лани биле ангажирани со скратено работно време, што претставува мал пораст во однос на претходната година кога ваков статус имале 16,9 отсто од европските работници.  Според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, во претходната деценија уделот на ангажираните лица со […]

Том Хоман им порача на демократите „да му се тргнат од патот“ за плановите за масовна депортација на мигранти


Том Хоман, новоименуваниот шеф за граници на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, им рекол на демократските претставници кои би можеле да се спротивстават на плановите за масовна депортација „да му се тргнат од патот“, пренесува Би-Би-Си. Трамп вчера најави дека на непопустливиот поранешен директор на Агенцијата за граници и имиграција, Том Хоман, му го доверува […]

Хороскопот објаснува зошто Доналд Трамп и Меланија се уште заедно


Од контроверзии и ладни рамења до гласини афери и повторно активирање на предбрачниот договор, врската помеѓу Доналд и Меланија Трамп е траен извор на фасцинација и јавни шпекулации. Неодамна, извори изјавија за Page Six дека Меланија е главното влијание зад губењето на тежината на поранешниот претседател, помагајќи му да се храни поздраво и да ја […]

Откриен насловот за осмиот филм на Том Круз „Mission: Impossible“, заедно со првиот трејлер


Конечно е откриен насловот за осмиот филм на Том Круз „Mission: Impossible“, заедно со првиот трејлер. „The Final Reckoning“ сега е официјалниот наслов на „Mission: Impossible 8“, кој првично беше планиран да биде „втор дел“ на „Dead Reckoning“ од 2023 година. Планирано е да излезе на 23 мај 2025 година. Филмот првично беше поставен за […]

ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете


 Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска информира дека согласно член 6 став 2 од Законот за санитарната и здравствената инспекција, до министерот за здравство ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на петгодишното дете на Детската клиника во Скопје. Инспекторатот констатирал недостатоци во работата на оваа клиника. По издаден налог од директорот, од […]

Законската обврска за носење зимска опрема во возилата започнува за четири дена


Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП), во рамки на кампањата „Користи зимска опрема“, ги потсетува возачите на моторни возила на законската обврска за поседување на зимска опрема во возилото (независно на тоа дали се вклучени во сообраќајот во населено место или надвор од населено место), од 15 ноември оваа година до 15 […]

„Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ соперници и во 2025 година


Лос Анџелес – Времето на нивните најголеми успеси, се чинеше, помина, но соперништвото ќе живее и во 2025 година. Во февруари ќе бидат доделени новите „Греми“ награди, па и „Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се номинирани во некои од најважните категории. „Битлс“, имено, се номинирани за „најдобра плоча“, што се смета за прва и најважна „Греми“ […]

Скопјани се жалат на загаден воздух, медицински лица велат заштитни маски не се решение


Скопје деновиве повторно е на листите на најзагадени градови во светот. Воздухот е загаден и во други градови, а граѓаните апелираат надлежните да преземат соодветни мерки. Попладнево на листата на IQAir Скопје е на 23 место а според нивните мерења се оценува дека воздухот не е доволно здрав за чуствителни категории граѓани. Вчера изутрина главниопт […]

Уште нема договор со банките за унгарскиот кредит, Мицкоски сака на состанок да им каже „некои работи“


Во врска со кредитот за компаниите од унгарскиот заем, премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ѝ дал насока на министерката за финансии во недела во 12 часот во Министерството за финансии да организира состанок со банкарската асоцијација на кој ќе присуствува и тој. „Ќе им кажам уште некои работи на состанокот, а дотогаш имаме уште […]

Холандија од 9 декември воведува контрола на копнените граници


Холандија ќе воведе контрола на копнените граници од 9 декември, изјави денеска портпаролот на Министерството за миграција на Кралството, цитиран од британските медиуми, со што ја потврдија претходната најава на холандската агенција АНП. Граничните контроли, од кои сите се со земјите кои се членки на Шенген зоната, ќе траат шест месеци – дел од пошироките […]

Прва победа на Руд над Алкараз


Торино – Норвешкиот тенисер Каспер Руд во петтиот обид успеа да ја оствари првата победа над Шпанецот Карлос Алкараз, совладувајќи го денеска со 6-1, 7-5 во дуел од 1. коло од групата „Џон Њукомб“ на АТП финалето во Торино. Алкараз триумфираше над Руд прв пат во 2021 година во четвртфиналето на турнирот Мастерс 1000 во Мадрид […]

Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови


Јапонската влада состави предлог со кој се обезбедуваат 10 трилиони јени (61 милијарда евра) субвенции и други форми на финансиска помош за домашната индустрија за чипови во период од неколку години, покажува нацрт-документот. Минатата година Токио најави околу два трилиона јени помош за домашната индустрија за чипови. Новиот документ покажува дека вредноста на финансиската поддршка […]

„Филип Морис“ и Тутунски комбинат Прилеп одбележаа десет години успешна соработка


„Филип Морис Интернешнл“ (ФМИ) и Тутунскиот комбинат Прилеп денеска одбележаа десет години од воспоставената соработка.  Иновации во тутунската индустрија, производството на брендови на „Филип Морис Интернешнл“ (ФМИ) за потребите на над девет странски пазари, финансиска консолидација на „Тутунски Комбинат Прилеп“ (ТКП), зголемена ефективност и продуктивност се само дел од придобивките од 10 годишното партнерство помеѓу […]

„Бекутан“ ги собира познатите татковци во Скопје: Родителството некогаш и сега


Тарик Филиповиќ, актер и водител на квизот „Милионер“; Петар Бенчина, актер, познат по улогата на докторот во филмот „Тома“, Сашко Коцев, актер и Жарко Димитриоски од „Еден на еден“, ( и во улога на модератор),  ќе го раскажат своето татковско искуство на Првата Бекутан регионална конференција за современо родителство утре (12 ноември) во Скопје, во […]

Полска ќе им понуди на НАТО и САД проширување на „противракетниот штит“


Полска ќе преговара со САД и НАТО за проширување на областа на примена на „противракетниот штит“ на Северноатлантскиот сојуз, изјави вицепремиерот и министер за национална одбрана, Владислав Косињак-Камиш. – Според мене, треба да го прошириме опсегот на противракетниот штит и за тоа секако ќе разговараме со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и со нашите […]

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани


Граѓаните кои го блокираат пристапот за возилата за собирање и транспорт на отпадот и покрај снегот и дождот, попладнево не им дозволија на камиони од соседните општини да поминат кон депонијата кај селото Бели. Возилата за одржување на комуналната хигиена беа запрени пред крстосницата каде што две недели без прекин се одвива блокадата. Од возачите […]

Младите се највредниот ресурс на една нација, да ги задржиме дома


Заменик-министерката за европски прашања доцент  д-р Викторија Трајков, денеска присуствуваше на првиот настан од проектот „Дијалог на граѓанското општество меѓу Македонија и Бугарија“, финансиран од Европската Унија, кој се фокусира на темата „Човечки развој – млади и одлив на мозоци“.  Во своето обраќање, заменик-министеркaта Трајков истакна дека задржувањето на младите и на талентираните кадри е […]

Санчез најави пакет помош за поплавените шпански региони од 3,76 милијарди евра


Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дополнителни мерки во вредност од 3,76 милијарди евра за обнова на областа Валенсија по најсмртоносните поројни поплави во модерната историја на Шпанија. Повеќе од 220 луѓе загинаа откако поројните дождови на 29 октомври предизвикаа поплави кои ги зафатија предградијата јужно од регионалниот главен град Валенсија. Мерките се над 10,6 милијарди […]

До крајот на годината Европа ќе испорача милион артилериски гранати во Украина


Европа е блиску до исполнување на ветувањето за испорака на милион артилериски гранати на Украина, изјави денеска министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел. „Речиси сме готови. Веќе испорачавме повеќе од 980 илјади гранати, а многу наскоро ќе испорачаме милион гранати“, изјави Борел. Тој посочи дека ЕУ не успеала да ги испорача ветените милион […]