Кац: По израелските воздушни напади, иранските нуклеарни објекти се поранливи од кога било


 Новиот израелски министер за одбрана Израел Кац изјави вчера дека по израелските воздушни напади врз иранските системи за противвоздушна одбрана, иранските нуклеарни објекти се „поранливи од кога било“. -Иран денес е повеќе од кога било изложен на заканата од уништување на неговите нуклеарни постројки. Постои можност да ја постигнеме најважната цел – да ја спречиме […]

Над четири илјади полицајци и безбедносни лица ќе работат во Париз за време на натпреварот Франција – Израел


Националната единица за борба против хулиганизмот на француската влада гледа потенцијал за големи немири околу натпреварот од Лигата на нации меѓу Франција и Израел и мечот го прогласи од најголем ризик. Повеќе од четири илјади полицајци и безбедносни лица се повикани да го одржуваат редот и законот во Париз, а особено во областа „Стад де […]

Без вода корисниците на улиците „Финска“ и „Христо Татарчев“


Поради уличен дефект, без вода денеска од 07:45 чсот се дел од корисниците на улица „Финска“, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Вода од 09:00 часот ќе немаат и корисниците на дел од улица „Христо Татарчев“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектите.

Ангелоски на дводневен регионален инвестициски форум во Јахорина


Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски, денеска и утре, ќе учествува на регионален инвестициски форум во „Инвест Српскa” што ќе се одржи во Јахорина. Форумот се одржува во организација на Инвестициско-развојната банка на Република Српска, во соработка со Владата на Република Српска и со поддршка на претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ. На […]

Проекција на филмот „Нема да исчезнеме“ на Коваленко во рамки на „Зимски МакеДокс“


Во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“, во Кафе и кино „Котур“ вечерва ќе биде прикажан документарниот филм „Нема да исчезнеме“ на режисерката Алиса Коваленко. Како што соопштија од МакеДокс, „Нема да исчезнеме“ (Украина, Франција, Полска / 2023 / 100’) следи група тинејџери од Донбас, кои се на прагот на зрелоста и имаат сон да […]

Премиера на претставата „Снег“ од Максанс Фермин во режија на Зоја Бузалковска


Во Десинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје вечерва ќе се одржи премиера на претставата „Снег“ од Максанс Фермин на Независниот театар „Штрих“. Претставата е во режија на Зоја Бузалковска. Како што посочуваат,  „Снег“ зборува за себепотрагата и за љубовта. Таа го следи патот на младиот поет Јуко Акита до себеси и до […]

Поранешни конгресмени и претставници на ИРИ на средби во Собранието


Во посета на Собранието денеска ќе бидат поранешни конгресмени и службеници од Конгресот на САД, претставници на Меѓународниот републикански институт од Вашингтон и претставници од Канцеларијата на ИРИ во земјава. Тие ќе остварат средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши и потпретседателите на Собранието Антонијо Милошоски, Весна Бендевска и Јован Митрески, а потоа и со […]

Воена вежба на руска фрегата во Ла Манш


Руска фрегата вооружена со хиперсонични противбродски ракети „Циркон“, изведува антитерористичка вежба и обука за избегнување опасни цели во Ла Манш. Фрегатата на Северната флота „Адмирал Головко“ мина низ Ла Манш и во моментов извршува мисии во одредените области на Атлантски Океан. Тоа е прво патување на долги растојанија на фрегата откако беше пуштена во употреба […]

Трамп номинираше шеф на агенцијата за животна средина кој им помагал на нафтените компании


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека за раководител на Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) ќе го номинира поранешниот републикански конгресмен Ли Зелдин, кој често гласаше против нацрт-законите за зелените прашања, вклучително и мерката за спречување на нафтените компании да ги зголемат цените. „Ќе обезбеди донесување правични и брзи одлуки за дерегулација […]

Седница на Буџетскиот совет на Собранието


Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница. На дневен ред на седницата е Предлог – одлуката за давање согласност за изменување на Буџетот на Собранието на Република Северна Македонија за 2024 година.

Информацијата за именувањето на директорот на АНБ на дневен ред на Комисијата за надзор на работата на АНБ и на АР


Во Собранието денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.  Пратениците на СДСМ го оспоруваат именувањето на директорот на […]

Мајк Волц ќе биде новиот советник за национална безбедност на Трамп


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра конгресменот од Флорида Мајк Волц за свој иден советник за национална безбедност, јавија американски медиуми повикувајќи се на извори. Како републикански конгресмен лојален на Трамп, тој служеше и во Националната гарда како полковник и дипломираше со почести на Воениот институт во Вирџинија. Волц (50) ги критикуваше активностите на […]

Конференцијата за е-трговија со повеќе од 700 домашни и странски гости


Под мотото „E-commerce: Untangling Potential”, денеска  во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи седмото издание на Конференцијата за е-трговија. Еминентни експерти од големите светски брендови ТикТок, Опен АИ (креаторот на Чет ЏПТ), Кларна, Заландо, Виза, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси ќе бидат дел од најавената програма кои преку […]

Сенаторот Марко Рубио ќе биде нов државен секретар на САД


  Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се очекува да го именува сенаторот од Флорида Марко Рубио за свој државен секретар, според извештајот од понеделникот. Трамп можеби сепак ќе направи промена во последен момент, но се чини дека се одлучи за Рубио, објави „Њујорк тајмс“, цитирајќи три лица запознаени со неговите планови. Ниту тимот на Рубио, […]

Облачно и тивко со појава на магла


Времето ќе биде претежно облачно со појава на магла по котлините. Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а […]

Македонски експерт откри засега непознат вид пајак на планината Озрен


Здружението на граѓани од Маглај „Фојничани“ соопшти дека во пештерскиот комплекс Мокра Мегара е пронајден нов, досега непознат вид пајак и дека научно ќе го носи името на планината Озрен, која, како што соопштија, трајно го впишува овој простор во светската научна наследство. Пајакот Озрен (Porrhomma ozrenensis) беше претставен на 6-тата конференција на Мрежата за […]

Земјите-членки на ОН во Баку ги усвоија правилата на организацијата за пазарот на јаглеродни кредити


Земјите-членки на ОН во Баку вечерва ги усвоија првите правила на организацијата за контроверзниот пазар на јаглеродни кредити. Ова се случи за време на 29. конференција на земјите (КОП) на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени. Ова е клучна фаза во помагањето на земјите да ги исполнат своите обврски за климата. Овие одредби […]

Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, вели Димитриеска-Кочоска


Mинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија. Притоа таа не откри дали станува збор за една од трите најголеми банки во земјата. Вечерва во интервју за 360 степени Димитриеска-Кочоска посочи дека на неколкуте состаноци досега банките генерално се изјасниле […]

Протест на опозицијата пред Владата на Србија: Се бараат оставки од премиерот Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад


 Во Белград пред Владата и претседателството на Србија се одржа протест поради уривање на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени, јави дописникот на МИА од Белград. Протестот беше организиран од опозициските партиии и движења, а започна со минута молчење и читање на […]

Имигрантите кои престојуваат во Ѓадер ќе мора да се вратат во Италија


Имигрантите кои престојуваат во кампот во Ѓадер ќе мора да се вратат во Италија, откако денеска судот во Рим одлучил случајот да го испрати до Судот на правдата на ЕУ. – Одделот за имиграција на судот во Рим  денеска одлучи да го упати до Европскиот суд на правдата прашањето за имигрантите, кои според договорот Италија-Албанија […]