Вучиќ сака со Азербејџан да гради гасна централа кај Ниш


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорот со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, изјави дека Србија и Азербејџан ќе се обидат да изградат гасна централа, која долгорочно ќе го стабилизира снабдувањето со електрична енергија на земјата, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ, кој присуствува на Самитот за климатски промени COP-29 во организација на Обединетите […]

Велешкиот театар со две актерски награди на Меѓународниот фестивал во Никшиќ


Актерката Јована Миладинова за Изабел де Валоа во претставата „Едвард Втори“ доби Гран при за главна женска улога на свеченото доделување на наградите на 20. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора. Васил Зафирчев за Пирс Гејвстон во истата претстава доби Гран при за споредна машка улога. Претставата „Едвард Втори“ е работена според текст на […]

„Марковски компани“ работи во РЕК „Битола“ со сите власти, уште од 2012 година


  Ќе пропадне ли компанијата „Марковски компани“ ако не се тендерите во РЕК „Битола“? Ова е прашањето кое бизнисмени од Битола го поставуваат како контра прашање доколку ги запрашате каков статус има компанијата во градот и меѓу бизнис фелата во Битола. Друштвото за трговија производство и услуги „Марковски компани Борче“ ДООЕЛ увоз извоз Битола, чии […]

Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи суспендиран


Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против јавниот обвинител Мустафа Хајрулахи, за кого постои основано сомнение за сторено продолжено кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.   Кривичната […]

Карпош ќе ги отстранува хаварисаните возила


Општина Карпош е прва општина која потпиша договор со колективен постапувач за отстранување на отпадни (хаварисани) возила.  Општина Карпош на 11.11.2024 год склучи Договор за соработка со колективниот постапувач ДУО Греен Роад ДООЕЛ, Скопје за собирање, регулирање и отстранување на отпадни (хаварисани) возила на јавни површини на територија на локалната самоуправа. Инспекторатот на Општина Карпош […]

Мицкоски: Судии и обвинители добиваат стoмачни напади кога треба да гонат криминалци


Инсталациите на СДСМ и на ДУИ во правосудството се жилави, а борбата со нив ќе биде жестока и ни малку лесна, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Прилеп, прашан за коментар на одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата. Комисијата во петокот ги поништи одлуките на Судскиот  совет и на Советот на јавни обвинители, […]

11 ноември во историјата – Ден на примирјето: Заврши Првата светска војна


  Во 11-от час на 11-от ден од 11-от месец 1918 година, завршува Големата војна. Во 5 часот утрото, Германија, без доволно војници и залихи и соочена со неизбежна инвазија, потпиша договор за примирје со сојузниците во железнички вагон надвор од Компиењ, Франција. Првата светска војна остави девет милиони загинати и 21 милион ранети војници, […]

Катастарот подготвен и мобилизиран за решавање на сите предмети за коридорите 8 и 10


Во Агенцијата за катастар на недвижности има наплив на предмети за коридорите 8 и 10, за експропријациите коишто се однесуваат на автопатите што ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“. Предметите, според директорот на Катастарот, Иван Живковски, веднаш се решаваат за да нема застој и проектите да течат согласно предвиденото од страна на државата. – Според […]

ЕК: ЕУ нема донесено одлука за испраќање војници во Украина


 Нема одлука ЕУ да испрати војници во Украина со каква било задача, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Европската комисија како одговор на прашања поврзани со информациите во европските медиуми за можното испраќање европски мировници. Портпаролот истакна дека ЕУ спроведува мировна мисија за обука на украински војници на европска територија, чиј мандат неодамна беше продолжен. […]

Чешката амбасада донира современ инкубатор за кумановската општа болница


Чешката амбасада донираше современ инкубатор за новороденчињата во кумановската општа болница за одделот неонатологија. На денешното примопредавање на инкубаторот, присуствуваше и министерот за здравство, Арбен Тараври. кој заедно со менаџерскиот тим на болницата се заблагодарија за донацијата на апаратот, значаен за кумановската болница. – Посебна чест и задоволство денеска со амбасадорот на Чешка во Макеоднија […]

„М.Г. Фешн“ стана еден од најголемите акционери во „Македонијатурист“, поседува 7,69 отсто од капиталот


Друштвото за трговија, производство и услуги „М.Г. Фешн“ ДОО Увоз-извоз од Скопјестана еден од најголемите акционери во хотелската компанија „Македонијатурист“, со 7,69 проценти од вкупниот акционерски капитал на компанијата, објави порталот Фактор, врз основа на податоци од Централниот депозитар за хартии од вредност. Оваа компанија досега не беше акционер на хотелско угостителската компанија „Македонијатурист“. Минатата […]

„Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип


Познатиот германски бренд „Лидл“ во Штип е заинтересиран за отворање на маркети на две локации. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска на новинарско прашање, каде ќе биде лоциран „Лидл“ во Штип, одговори дека оваа компанија е заинтересирана за две локации, едната е спроти поранешното нервно одделение, каде што во моментов и интензивно се доградува […]

Севдије Коџа од Дебар разрешена поради фалсификуваниот сертификат од Пловдив


  Општата болница со проширена дејност Дебар од денеска има нов директор, дознава „Слободен печат“. Досегашната директорка на болницата педијатарката Севдије Коџа е разрешена од функцијата директорка на дебарската болница, откако во суд призна вина дека со фалсификуван сертификат по англиски јазик од правниот субјект „Јулија Цо. ЛТД“ Пловдив Бугарија, дошла на позицијата, односно аплицирала […]

Живковски: Катастарот ги намали цените на услугите, сега се на потег геодетите


 Во почетокот на 2024 година, кога беа покачени цените на катастарските услуги, се зголемија и цените на услугите на приватните геодетски фирми. Ние сега ги намаливме нашите цени, на потег се геодетите – дали ќе се одважат и ќе побараат намалување и на нивните цени кон граѓаните. Но, според моите информации, за такво нешто не […]

Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала


Шпанскиот винопроизводител Жозеп Ферер Сала – човекот кој стои зад едно од најуспешните и најпознати пенливи вина во светот, „Фрешенет“ (Freixenet), почина на возраст од 99 години. „’Фрешенет’ со жалење објавува дека Жозеп Ферер Сала – почесен претседател на компанијата, почина на 99-годишна возраст. Роден на 19 октомври 1925 во Сант Садурни д’Аноја (Каталонија, з.п.), […]

Ние се гушиме, претседателката и двајца министри ќе не спасуваат од загадување во Баку


Скопје и годинава е еден од најзагадените градови во светот, ама за таа тема никој не се ангажира во Македонија. Место тоа, двајца министри, Сања Божиновска и Изет Меџити, заедно со претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова отидоа во Баку на конференција  за климатските промени КОП29, за кои не прават ништо во сопствената држава.  Конференцијата […]

Поскапуваат горивата, дизелот по стара цена


Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од полноќ да се зголеми цената на горивата. Непроменета останува само цената на дизелот.  Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, а за денар ипол поскапува Екстра лесното масло за домаќинство.  Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 76 денари за литар, а […]

Преку порталот „е-услуги“ вадење имотни листови за неколку секунди


Граѓаните од денеска за неколку секунди до максимум минута или две ќе може да вадат имотни листови преку новиот портал „е-услуги“ на Агенцијата за катастар на недвижности. Порталот https://e-uslugi.katastar.gov.mk/ овозможува брз електронски пристап до вкупно 94 различни катастарски услуги, но и покрај неговото активирање, досегашната веб страница https://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/ останува во функција до 31 декември 2024 […]

Извештај: Земјоделството во ЕУ треба да ја намали зависноста од увоз на добиточна храна, ѓубрива и енергенси


Европскиот земјоделско-прехранбен сектор е еден од најсамодоволните во ЕУ, која е нето извозник на храна, пред се на основни продукти како месо, млечни производи и житни култури, а е увозник на помошни прехранбени стоки, како кафе, какао и тропско овошје, се наведува во извештајот на Универзитетот во холандскиот град Вагенинген.   Според авторите на извештајот, […]

„Полицаец на мирот“? Зар авторитарниот Азербејџан да биде домаќин на тоа?


„Темата“ избрана за Cop29 мора да биде некаква мрачна шега. Овој самит, како и оние пред него, е обичен чин на „перење“ за зелената агенда. Додека брзо ескалираат климатските и хуманитарните кризи, авторитарна нафтена држава без почитување на човековите права е домаќин на Cop29 – последниот годишен самит на ОН за климата што започнува денеска […]