Цената на златото нагло порасна


Цените на златото пораснаа втор ден по ред во вторникот, како одраз на зголемената побарувачка на инвеститорите за безбедното средство во услови на ескалација на тензиите меѓу САД и Русија околу Украина Една унца злато на физичкиот пазар во вторникот по пладне се тргуваше по цена од 2.637 долари, што е највисока од 11 ноември […]

Германската економија продолжува да слабее


  Германската економија ќе ослабне и во четвртиот квартал, предупреди централната банка, отфрлајќи ги оптимистичките прогнози дека растот би можел да забрза кон крајот на годината. Иако прелиминарните податоци покажаа дека германскиот бруто домашен производ (БДП) неочекувано се зголемил за 0,2 отсто во трите месеци што завршуваат во септември, Бундесбанката смета дека нема многу докази […]

Патник се обидел да прошверцува над 300 тарантули во авион


Полицијата на аеродромот во Лима приведе патник откако кај него биле пронајдени над 300 тарантули, повеќе од сто стоногалки и други инсекти. Некои од нив, кои патникот имал намера да ги прошверцува со авион во Јужна Кореја, се на листата на загрозени видови. На 8 ноември, безбедносните службеници на аеродромот во Лима (ЛИМ) запреле сомнителен […]

Хамилтон ќе вози за Мерцедес на последните три трки во Формула 1


 Британскиот Ф1 возач, Луис Хамилтон ќе ги испочитува своите обврски кон неговиот сегашен тим Мерцедес и ќе вози на последните три старта според планираното – почнувајќи од Гран При на Лас Вегас овој викенд. Седумкратниот светски шампион ги зголеми сомнежите за неговата блиска иднина по зборовите упатени кон боксот на тимското радио на ГП на […]

Седум регионални берзи и ЕБОР заеднички ќе ги зајакнуваат пазарите на капитал


Седум берзи од Централна Европа и ЕБОР официјално ја потврдија својата намера да ги зајакнат заедничките напори во развојот на регионалните пазари на капитал. Добро функционалните пазари на капитал се од суштинско значење за реалната економија, особено за МСП, бидејќи обезбедуваат финансирање за брзорастечките и иновативни компании и им овозможуваат на домаќинствата да учествуваат во […]

Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд


Специјалниот апалециски суд против организиран криминал и корупција во Тирана , го отфрли барањето за поблаги мерки, со што поранешниот албански претседател и лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, останува во затворски притвор. Судот исто така ја потврди и мерката ” обврска за јавување” за неговата сопруга, со која се во процес на […]

Нетанјаху нуди 5 милиони долари за ослободен израелски заложник од Газа


Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нуди награда од 5 милиони долари на секој што ќе ослободи заложник во Газа. „Секој што ќе ослободи заложник ќе најде со нас сигурен начин како тие и нивното семејство да ја напуштат Газа“, рече Нетанјаху во видеото снимено на палестинска територија, се вели во соопштението од неговиот […]

ЕУ и Македонија заеднички ќе работат на безбедност и одбрана


  Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Брисел потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана меѓу Македонија и Европската унија.   Договорот за партнерство меѓу земјава и ЕУ ќе придонесе за зајакнување на отпорноста и ќе овозможи заедничко справување со […]

Без вода утре делови од општина Карпош


Корисниците на дел од ул. „Варшавска“ во населба Тафталиџе утре (20 ноември) од 10 часот ќе немаат вода поради дефект на приклучна цевка на таа улица бр. 62б. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинато водоснабдувањето ќе имаат корисниците на ул. „Варшавска“ односно потегот од ул. „Виенска“ до ул. „Лондонска“. Водоснабдувањето ќе […]

Вархеи: Проширувањето на ЕУ е неизбежно, прашање е колку земји ќе се приклучат и кога


Понатамошното проширување на Европската унија е неизбежно, а сега прашање е колку земји ќе се приклучат и кога, изјави денеска комесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеи пред парламентарната комисија за европски прашања. -Политиката на проширување стана една од најважните теми за ЕУ, рече Вархеи говорејќи за последните пет години на таа функција. Зборувајќи […]

Научник тврди дека дешифрирал натпис стар 2.600 години пронајден во Турција


Марк Мун, професор по старогрчка историја и археологија на Државниот универзитет во Пенсилванија, тврди дека дешифрирал древен, тешко оштетен натпис издлабен во споменик стар 2.600 години во Турција. Споменикот, на кој се врежани слики од лавови и сфинги, е познат како Арслан Каја, што на турски значи карпа лав. Натписот го покажува името на Матеран, […]

ЕК за образованието: Резултатите на учениците слаби, буџетот потпросечен


Слаби ученички резултати на меѓународните тестирања, буџет за образование кој е далеку под просекот на ЕУ, дигитална трансформација која е ефективна, кохерентна и инклузивна. Ова се само дел од забелешките нотирани во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, кој се однесува на образованието. Иако има многу предизвици, сепак, во делот кој се однесува […]

Месец на машко здравје: Срцето не ги простува така лесно гревовите


Ноември е месец посветен на машкото здравје, а токму денеска се одбележува и Меѓународниот ден на мажите. И покрај напредокот во медицината и во здравствената заштита, мажите честопати имаат тенденција да го занемаруваат своето здравје, што доведува до доцна дијагноза на состојби како што се срцеви заболувања, рак на простата и нарушувања на менталното здравје. […]

Битолчанка измамена од лажен американски војник за 10.000 евра


Шеесетгодишна жена од Битола вчера пријавилa дека била измамена од лице за сума од 10.000 евра. „Пред околу четири месеци на фејсбук жената стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е со македонско потекло, дека е вработен во армијата на САД, а моментално на мисија во Сирија и дека сака да ја прекине […]

Илјадници британски земјоделци протестираат во Лондон поради најавата за нов данок


Илјадници британски земјоделци се собраа денеска во центарот на Лондон на протест против воведувањето на контроверзниот данок на наследство за некои фарми, објавен од лабуристичката влада. Игнорирајќи го дождот и слабиот снег, демонстрантите, од кои некои дојдоа со трактори, се собраа пред Даунинг стрит за да го изразат својот гнев од владиниот план, кој го […]

Солидарниот данок утре на седница на Уставен суд


На утрешната сеница на Уставниот суд, ќе се најде и Законот за данок за солидарност, за кој до судот беа поднесени неколку иницијативи за оцена на неговата уставност, во целина или одделни делови.  Како што појаснија попладнево од Уставен суд подносители на иницијатиите се Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска, потоа […]

Димитриеска-Кочоска: Владата не ја плаќа каматата на компаниите, целта е да добијат поевтини кредити


Комуникацијата со банките продолжува. Се очекува од нивна страна да се произнесат во однос на каматната стапка и нивната можност таа да биде на пониско ниво и од 3,25%, како и да се утврдат некои детали во однос на критериумите. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во ТВ Сител, која истакна […]

„Фајнанс тинк“ смета дека растот на приходите во Предлог-буџетот од 12,8 отсто е нереален


Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ (Finance Think) оцени денеска дека Предлог-буџетот 2025 покажува знаци на благи структурни поместувања во споредба со претходните години, поголема реалистичност на макроекономските претпоставки, како и одредена но ограничена фискална консолидација, додека критичните точки на проектирањето бараат понатамошен напор кој ќе ја оптимизира развојната компонента и ќе демонстрира […]

Македонија изгубила на арбитража, ќе треба да плати 450 милиони долари?


  Македонија ќе треба да плати 450 милиони долари како резултат на арбитража поради изгубена добивка, соопшти денес на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот не прецизира за кој спор станува збор. „Еве ќе ви дадам еден пример, да речеме завршува една арбитража и поради едно такво неодговорно однесување на претходната влада сега вие граѓаните ќе […]

„Фајзер“: Антимикробната отпорност убива 1,3 милиони луѓе ширум светот секоја година


Во светот, околу 1,3 милиони луѓе годишно умираат од антимикробна резистенција (АМР), односно отпорност на телото на антибиотици, и поради тоа, Генералното собрание на Обединетите нации донесе декларација со која се предвидува намалување на смртноста за 10 отсто до 2030 година, соопшти денеска фармацевтската компанија „Фајзер“, по повод Светската недела за подигање на свеста за […]