Сите службени возила ќе бидат обележани со специјални регистарски таблички


Сите службени возила ќе бидат обележани со специјални регистарски таблички во боја за да се избегне нивната злоупотреба, најави директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски. „Одлучивме да воведеме специјални таблици во боја, а регистарот паралелно да го работиме во текот на годината. Правилникот го имаме донесено и сега се чека […]

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, вчера не поминаа четири амандамани


 Во Собранието денеска продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година. Поднесени се вкупно 307 амандмани од кои 204 се на опозициската СДСМ. На првиот ден од амандманската расправа не беа прифатени четири амандмани од кои еден од СДСМ и три од Движењето на Турците на Македонија. Вкупните приходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво […]

Ангеловска-Бежоска – Лујен Д. Тран: Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска остварила средба со Лујен Д. Тран, заменик-помошник секретар во Канцеларијата за техничка помош во Трезорот на САД, на која станало збор за зајакнувањето на финансиската стабилност и унапредувањето на билатералната соработка. Преку оваа средба, како што соопшти Народната банка, била нагласена поддршката од САД за економскиот развој и зајакнувањето […]

ВМРО-ДПМНЕ е љубоморно на Шекеринска и затоа молчи, вели СДСМ


  Опозициската СДСМ денеска реагира зошто вчера никој од власта, а ниту претседателката на државата не испрати честитка до Радмила Шекеринска, која беше назначена за заменик-генерален секретар на НАТО. „Избраа да бидат ‘мали’ во момент кога Македонија е голема“, вели СДСМ. Во соопштението на партијата се вели: „Додека цела Македонија и Балканот гордо го слават […]

Дали е проблем замастен црн дроб?


Замастен црн дроб се карактеризира со акумулација на маснотии во хепатоцитите. Стеатотичен црн дроб се карактеризира со акумулација на повеќе од 5 проценти маснотии во хепатоцитите. Оваа болест може да биде резултат на голем број фактори, меѓу кои нездрава исхрана, прекумерна тежина, дијабетес, алкохолизам и генетски предиспозиции, пишува Stetoskop.info. Заболувањето на замастен црн дроб поврзано […]

Путин подготвен за преговори?


Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да преговара за крај на конфликтот во Украина, ексклузивно дознава агенцијата Ројстерс, повикувајќи се на пет извори блиски до Кремљ. Како што објави агенцијата, Путин изразил подготвеност да разговара за крајот на војната со новиот американски претседател Доналд Трамп, но, како што се наведува, експлицитно ќе бара Русија да […]

Утрово блокиран и новосадскиот суд, пратеници влегоа во институцијата: „Ова е воена состојба што ја прогласи Вучиќ“


Во Нови Сад од утрово се во сила силни безбедносни мерки по вчерашните протести кои продолжија и денеска. Пред судот се претставници и советници на опозицијата Мариника Тепиќ, Борислав Новаковиќ, Павле Грбовиќ, Борко Стефановиќ, Александар Јовановиќ Ќута, Радивоје Јововиќ, Миран Погачар, Младин Цвијетиќ и други. Тие во еден момент го развиориле знамето на Србија и […]

Грција под 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати


Работниците ширум Грција рано утринава започнаа 24-часовен штрајк, приклучувајќи се на масовниот протест организиран од синдикатите за да протестираат против економските политики на владата, јави ДПА. Синдикатите бараат итна акција за справување со инфлацијата, платите што стагнираат и несоодветните социјални бенефиции. Училиштата, градинките и владините канцеларии се целосно затворени, додека државните болници ќе работат со […]

ОКТА со донација за целите на кампањата за борба против гладот на Црвениот Крст на Град Скопје


ОКТА АД – Скопје, во рамки на својата долгорочна определба за општествено одговорно делување, повторно ја поддржа кампањата на Црвениот Крст на Град Скопје „Помислете на нас“ која ја промовира потребата за борба против гладот. Донираните средства ќе бидат наменети за набавка на основни прехранбени производи кои ќе бидат дистрибуирани до социјално најранливите категории граѓани. […]

„Во гужва сум, не е до тебе“: Како раскинуваат хороскопските знаци?


Раскинувањето никогаш не е лесно, а секој знак се занимава со крајот на љубовта според своите карактеристики. Кога ќе погледнеме подобро, исходот не треба да не изненади. Без разлика дали сте раскинале со Овен, Лав или Водолија, речениците секогаш ќе бидат конзистентни со нивниот карактер. Тоа би изгледало вака: ОВЕН – Во брзање сум, морам […]

Што претставува ХОББ? – Се одбележува Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест


Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) ќе се одбележи денеска, а целта е да се подигне свеста за значењето и социо-економскиот товар на болеста. Од Македонското респираторно здружение посочуваат дека голем број фактори ја предизвикуваат оваа болест но пред се дека тоа се аерозагадувањето и пушењето. – ХОББ е голем проблем на денешницата. […]

Промоција на деби-албумот на Иван Кукиќ оваа сабота во „АудиоКултура“


Деби-албумот на македонскиот кантавтор и мултиинструменталист Иван Кукиќ насловен „Sunday vibes“, објавен под закрилата на Croatia Records, својата скопска промоција ќе ја има во сабота, 23 ноември 2024-та во 13 часот во „АудиоКултура“. За таа прилика Иван подготвува и мал акустичен концерт, со своите најблиски соработници. Самиот албум содржи десет песни, од кои две се веќе промовирани како синглови: „Балада за една љубов“ и „Друмови“. […]

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.  На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија […]

Изложба на фотографии на Киро Урдин во Романија


Во Окружниот музеј во Бузау во Романија денеска ќе биде отворена изложба на фотографии на мултимедијалниот уметник Киро Урдин. Романските љубители на уметноста ќе можат да уживаат во уметничките фотографии продуцирани од Урдин вдолж реката Омо, на југот на Етиопија, за време на неговите чести патувања на црниот континент. Во најавата за „Луѓето од долината […]

Трамп ја избра Линда Мекмахон за секретарка за образование


Вашингтон – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека ја избрал коосновачката на Ворлд реслинг Ентертејнмент Линда Мекмахон да биде идна американска секретарка за образование. Ворлд реслинг Ентертејнмент (World Wrestling Entertainment) попозната по кратенката WWE, е голема компанија која организира професионални настани во борење. Ја основал свекорот на Мекмахон, Винсент Мекмахон постариот, во 1963 година […]

Промоција на стручната книга „Колоквијалниот изговор во Скопје“ од д-р Блага Панева


Стручната книга „Колоквијалниот изговор во Скопје и влијанието на артикулациjата на гласовите врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма“ од д-р Блага Панева, во издание на „Супрема“ ќе биде промовирана вечерва во 19 часот  во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Веселинка Лаброска и д-р Александар Маркоски. Како […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови од утрото со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата – ќе бидат пообилни во западните и во северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува засилен до силен јужен ветер, наместа над 70 километри на […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 20 ноември 2024 година, 325-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 41 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 30 минути, а ќе зајде во 16 часот и 9 минути. Денов трае 9 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Шекеринска: Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте


Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска на социјалната платформа Х напиша дека ќе и биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на генералниот секретар на НАТО Марк Руте. – Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте. Посветена сум на работата […]

Румен Радев ѝ го честиташе назначувањето на Шекеринска во НАТО


  Бугарскиот претседател Румен Радев преку мрежата Икс го поздрави именувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО велејќи дека очекува таа да придонесе во зајакнувањето на колективната одбрана и безбедност на Алијансата. „Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзниот придонес во зајакнување на колективната […]