Мицкоски предвидува нови 100 до 120 електрични автобуси по локалните избори


 Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната летна или есенска сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси кои ќе сообраќаат во јавниот градски превоз во градовите кои имаат организирано таков превоз. -Во моментов го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси, но истовремено […]

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина


Руските вооружени сили регрутираа стотици Јеменци да се борат во Украина, што доведе до операција за шверц на луѓе што ги истакнува растечките врски меѓу Москва и бунтовничката група Хути, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Јеменските регрути кои отпатувале во Русија изјавиле за британскиот дневен весник дека им биле ветени високо платени работни места, па дури […]

Мицкоски се пофали за договор со банките за унгарскиот кредит, каматата ќе била 1,95 отсто


  Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. „Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на […]

Бела вода 2021 на Тиквеш е најдобро македонско вино на саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“


На годинешниот Open Balkan Wine Trophy Competition, кој се одржа во рамките на саемот Wine Vision by Open Balkan во Белград, Винарската Визба „Тиквеш“ уште еднаш го потврди својот статус на водечки производител на премиум вина во регионот. Виното „Бела Вода“ црвено од бербата 2021, купажа од сортите вранец и плавец, ја освои наградата National […]

Физичка пресметка меѓу татко и син во Неготинско


 Пријава за физичка пресметка помеѓу татко и син во неготинско, пристигнала вчера во неготинската полициска станица, информираа денеска од СВР Велес. – Вчера во 13.00 во Полициска станица Неготино од Итна медицинска помош Неготино било пријавено дека добиле повик од лице кое пријавило дека во село Долни Дисан, неготинско, имало физичка пресметка. По излегување на […]

Битола доби кукла робот за да поттикне дебата за родова еднаквост


Кукла – робот опремена со мегафон, дизајнирана да ги анимира и едуцира граѓаните, но и да ги поттикне да говорат за родовата еднаквост преку интеракција, насловена како „Конзулката од Битола”, беше поставена на Градското шеталиште во Битола.  Јавна поддршка за родова еднаквост на жените и девојчињата во Битола и пелагонискиот регион, искажа Калиопа Кривашија Стилиновќ, […]

Владата на Србија му го одзеде имунитетот на Горан Весиќ


Белград – Владата на Србија на 22 ноември му го одзеде имунитетот на министерот за градежништво во оставка, Горан Весиќ, по што му беше одредена мерка притвор, јави дописникот на МИА од Белград. Весиќ беше уапсен на 21 ноември-четврток со уште 11 лица поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, кога при уривање на […]

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1


Лас Вегас – Британскиот возач на Мерцедес Џорџ Расел со Мерцедес победи на трката за ГН на Лас Вегас во Формула 1, но големата вест е четвртата последователна светска титула на Холанѓанецот Макс Верстапен со Ред Бул. Заврши на петтата позиција, но зад себе го остави големиот ривал Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен), оставајќи го […]

Македонија очекува од Нова година да влезе во СЕПА – што ќе значи тоа?


Вицегувернерката Емилија Нацевска зеде учество на состанокот на вицегувернерите од Западен Балкан, посветен на пристапниот процес кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА), којшто се одржа во Будимпешта на покана на Народната банка на Унгарија. Високите претставници на централните банки од регионот имаа можност да се запознаат со унгарското искуство во процесот на пристапување […]

Кристоф Ле Риголер: Може да сметате на француската поддршка за модернизација на Армијата


Иако соработката меѓу Париз и Скопје постоеше и пред пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, членството во Алијансата обезбедува дополнителна рамка за соработка и солидарност во областа на одбраната, посочува  новиот француски амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер во интервју за МИА. – Северна Македонија, која сега треба да ги исполни капацитетните цели што произлегуваат […]

Донел  бомба на забава. Млад човек загина, четворица се ранети, девојка се бори за живот


Книн- Синоќа дошло до експлозија во зграда во Книн, Хрватска. Едно лице загина, а четворица се ранети. Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неутврдена експлозивна направа, во која едно лице загинало, а четири лица се повредени и итно пренесени во болница. На местото […]

„Бербер шоу“ во Скопје по повод месецот на машкото здравје


Секцијата на фризери при Занаетчиска комора – Скопје денеска во Скопје традиционално ќе одржи „Бербер шоу“ на фризери по повод месецот на машкото здравје „Movember“, каде ќе учествуваат мајстори – бербери од од целата држава, кои ќе се погрижат за изгледот на оние, кои ќе дојдат за да им се средат брадата и мустаќите. – […]

Кавадарци бара обиколница за да го намали загадувањето, но и за поголема безбедност во сообраќајот


  Околу 14 километри треба да биде заобиколницата од кај село Марена до висорамнината Витачево, најавена како капитален проект и стратешка инвестиција. Обиколницата би требало да придонесе кон намалувањето на загадувањето во градот Кавадарци, но и за поголема безбедност во сообраќајот, во кој сега учествуваат голем број возила, од кои многу тешки товарни возила, како […]

Медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас


Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес. На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се […]

Утрово најниска температура измерена во Берово, а највисока во Гевгелија


Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро и многу студено време. Дуваше слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Најниска температура од -10 степени Целзиусови е измерена во Берово, а најтопло беше во Гевгелија каде е измерен 1 степен Целзиусов. На Попова Шапка е измерена температура од -8 степени Целзиусови, -7 во […]

Филхармонија одбележува 80 години од основањето


Националната установа Филхармонија одбележува 80 години од нејзиното основање. По тој повод на прием кај претседателката Гордана Сиљановска Давкова биле актуелниот и поранешни директори на институцијата – Александар Котевски, Мелпомени Корнети, Маја Чаначевиќ, Ангелина Димоска, концерт-мајсторот Анна Кондратенко и концерт-мајсторот во пензија Румен Димитриев. На средбата, претставниците на Филхармонија ја запознале претседателката со роденденската сезона […]

Во шумски пожари лани уништени над 500 000 хектари земјиште во ЕУ и соседството


Брисел – Во текот на минатата година Европа, Блискиот Исток и Африка се соочија со едни од најголемите шумски пожари регистрирани од 2000 година, при што беа опожарени над 500 000 хектари земјиште, се наведува во извештајот на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.  – Во последниве години катастрофалните шумски пожари станаа вообичаени во Европската […]

Руте идната недела ќе ги посети Анкара и Атина


Анкара – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте се очекува на 25 ноември да ја посети Анкара, а на 26 ноември Атина. Руте во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан и министерот за одбрана Јашар Ѓулер. Тој ќе разговара и со претставници на турската одбранбена […]

Ведро и многу студено


Времето денеска изутрина ќе биде ведро и многу студено, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови. И во Скопје наутро ќе биде студено, а преку […]