Астрономски календар


Денеска е недела, 24 ноември 2024 година, 329-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 37 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 35 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 31 минута. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее […]

(Видео) Илјадници луѓе протестираа во Барселона: „Половина плата трошиме на кирија. Доста е“


Околу 22.000 луѓе протестираа во Барселона, барајќи пониски цени за изнајмување и подобри услови за домување. Домувањето стана главен проблем во Шпанија, која се бори да го балансира туризмот, клучен двигател на нејзината економија и високите цени за изнајмување поради гентрификацијата и одлуката на сопствениците да се префрлат на попрофитабилни, краткорочни изнајмувања. Цената на киријата […]

Манчестер сити – Тотенхем 0:4 – историски дебакл на Пеп Гвардиола


Манчестер сити претрпе тежок пораз на домашен терен во 12. коло од Премиер лигата. Тотенхем го надигра со големи 4:0. Јунак на гостинската победа беше Џејмс Медисон со два гола, додека еден додаде Педро Поро. И покрај поразот, Сити остана втор со 23 бода, но Ливерпул има шанса да го мине со дури осум бода. […]

УНРВА: Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради


Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави денеска агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права. УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се […]

Илон Маск никогаш не бил побогат. Тој сега има речиси 350 милијарди долари


Последиците од претседателските избори во САД во 2024 година беа благодет за Илон Маск. Најбогатиот човек во светот стана уште побогат во петокот, а нето богатствот на Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари, објави Блумберг. Тоа го надминува неговиот претходен рекорд поставен во ноември 2021 година, кога нето вредноста на основачот на Тесла надмина 340 […]

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година


Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави денеска дека верува оти има шанси војната да заврши во 2025 година. Тој го соопшти ова за време на разговор со странски медиуми во рамките на третата меѓународна конференција за безбедност на храната „Жито од Украина“, пренесува Укринформ. „Што се однесува до кога ќе заврши војната… Кога Русија сака […]

Американски инвеститор размислува да го преземе „Северен тек 2“


Инвеститор од Соединетите Американски Држави побарал дозвола од американската влада да го купи прекинатиот гасовод „Северен тек 2“, доколку биде ставен на аукција, објави „Волстрит џурнал“. Финансиерот Стивен Линч поднел барање до американската влада за дозвола да понуди понуда за гасоводот доколку биде ставен на аукција во швајцарската стечајна постапка, објави Волстрит журнал. Американската сопственост […]

(Видео) Јапонија откри огромно богатство, кое ќе ја поддржува нејзината економија со децении


Јапонија неодамна откри богати резерви на ретки минерали во своите води на дното на Тихиот Океан во близина на островот Минами-Тори-шима, на околу 2.000 километри од главниот град, што може да ја трансформира јапонската економија и нејзината улога во глобалните технолошки синџири на снабдување.  Овие минерали, клучни за напредните технологии како што се електричните возила, […]

Русија ќе им ги прости кредитните долгови за учесниците во воената операција врз Украина


 Претседателот Владимир Путин го потпиша законот за отпишување на кредитни долгови во износ до десет милиони рубљи (околу 9.200 евра) за учесниците во специјалната воена операција, се наведува во документ објавен на веб-страница за официјалното објавување на правните акти. Законот се однесува на: мобилизирани; лица кои служеле воена служба во вооружените сили на Русија и […]

Италијанците изборија финале во Дејвис купот, таму ги чека Холандија


Бранителот на титулата во Дејвис купот, Италијанците, обезбедија пласман во финалето на овогодинешното издание на најпрестижното екипно тениско натпреварување, чие финале се игра во Малага. Во полуфиналето ги совладаа минатогодишните финалисти Австралија. Првиот бод за Италија го донесе Матео Беретини кој по два часа и 43 минути игра го совлада Танаси Кокинакис со резултат 6:7 […]

Климатскиот самит на работ на колапс. Сиромашните земји бесни, ги напуштија преговорите


Трпението е при крај, а тензиите зоврија на климатските разговори COP29 во Азербејџан, кои требаше да завршат вчера, но се уште продолжуваат. Претставниците на десетици острови чувствителни на климата и африкански земји излегоа од разговорите откако го отфрлија нацрт-договорот за парите што ќе им помогнат да се справат со климатските промени. По две недели напната […]

Во Франција поради невреме без струја 33.000 домаќинства


Околу 33.000 домаќинства останаа без струја денеска во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што вчера го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.   „Денеска во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и […]

На граничните премини „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до еден час


На граничните премини „Блаце“ и „Табановце“ за влез и излез од државата се забележува чекање од околу 30 минути до еден час, информираат од АМСМ.  На другите премини нема подолги задржувања. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози во источниот дел, додека во западниот дел коловозите се претежно влажни. АМСМ препорачува прилагодена […]

Зеленски: Во руските напади оштетен 321 објект од пристанишната инфраструктура


Руски  беспилотни летала и проектили оштетија 321 објект на пристанишната инфраструктура во Украина од јули минатата година, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Во руските напади се оштетени и 20 трговски бродови на други земји“, додаде Зеленски. Според него, со украинскиот извоз на храна се снабдуваат 400 милиони луѓе во 100 земји во светот. 

Енди Мареј нов тренер на Ѓоковиќ


Неодамна пензионираниот британски тенисер Енди Мареј е нов тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, соопштија денеска неговите претставници, цитирани од српските медиуми. Мареј ќе работи како тренер во стручниот штаб на Ѓоковиќ на Гренд слем турнирот во Австралија во јануари. Ѓоковиќ има освоено рекордни 24 Гренд слем трофеи и е играч со најмногу недели поминати […]

Трамп размислува да го назначи Гренел за пратеник за војната во Украина


  Новоизбраниот претседател Доналд Трамп размислува за да го назначи Ричард Гренел, неговиот поранешен шеф на разузнавањето и амбасадор во Германија, како специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт, според четири извори запознаени со плановите за транзиција, јави Ројтерс. Во споследните месеци на првиот мандат на Трамп Гренел беше и специјален пратеник за односите меѓу Србија и […]

Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште


Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џозеф Блатер, ја критикуваше организацијата за комерцијализам. Неговите зборови ги цитира швајцарскиот весник „Вотсон“. Блатер рече „создадов чудовиште“ за да го опише својот однос кон ФИФА. Според него, проблем е големата количина на рекламирање на телевизија. -Фудбалот стана супер производ за телевизијата, супер шоу што може да се […]

Во Битола санирани комуналните проблеми по вчерашното невреме во градот


Стручни екипи од Општина Битола, заедно со претставници на приватните фирми со кои општината има склучено договори за градежно занаетчиски работи ги санираа комуналните проблеми по вчерашното невреме во градот. Од Општина Битола информираа дека извршен е увид во неколку основни и средни училишта каде беа пријавени штети после вчерашното невреме, предизвикано од силниот ветер. […]

Млад, а голем во свирењето: Басистот Иван Кукиќ е новата музичка ѕвезда


Иван Кукиќ, по години млад (26), по свирење голем. Со Влатко Стефановски трио, како басист, отсвири околу 137 концерти дома и во странство, а уште скромен, и секогаш насмеан. Има звучно презиме, а и личи на татко му, музичарот Горан Кукиќ. Мајка му, пак, пејачката Ленче Кукиќ е горда на својот единец кој тргна по […]

Во Италија од почетокот на годинава убиени се 99 жени, повеќе од една третина од нив постари од 65 години


Во Италија од 1 јануари до 18 ноември годинава се убиени 99 жени, се наведува во извештајот на Институтот за економски и социјални истражувања „Еурес“. Во извештајот се наведува дека повеќе од една третина од овие жени, 37 отсто, имале над 65 години и дека во повеќето случаи тие биле убиени од брачниот другар или […]