Промоција на готскиот трилер „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо


 „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ вечер во 19 часот ќе биде промовиран новиот роман  „Што се случи со Исидора?“ на авторката Јана Мишо. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Како што информираат од „Арс Ламина – публикации“, приказната во „Што се […]

Изложбата „Австриската уметност по 1945“ е потврда за важноста на меѓудржавните културни политики


Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска-Ѓоргова, вчеравечер во Даут-пашиниот амам, пред многубројните љубители на уметноста, екселенции и други гости, се обрати на свеченото отворање на изложбата „Австриската уметност по 1945“, за која потенцираше дека ќе остане забележана како потврда за долгата историја на одличните односи меѓу двете држави и култури. „Одржувањето […]

Најмалку 95 загинати во поплавите во Шпанија. Судот во Валенсија претворен во мртовечница


Источна Шпанија е погодена од разорни поплави, кои однесоа најмалку 95 животи. Меѓу жртвите има и деца, а досега се извлечени телата на најмалку три бебиња. Снимките од воздух го покажуваат обемот на уништувањето. Во една од операциите спасувачите од хеликоптер го снимиле подрачјето зафатено од поплавите, а сцените се шокантни. Оние делови кои не […]

„Општествените правила“ на Миа и Влатко оживеани на скопските улици (видео)


Хрватската ѕвезда Миа Димшиќ го објави спотот за темата „Општествени правила“ („Društvena pravila“,), создадена во соработка со легендарниот гитарски виртуоз Влатко Стефановски. Видеото е снимено низ шармантните скопски улици, истото зрачи со урбана естетика која во комбинација со стиховите на Миа создава атмосфера на личен отпор и размислување за општествените норми. Режијата ја потпишува Ива Чаиса од „Croatia Records“, зад камерата се најде нашиот Александар Ристовски, додека Дамир Бачиќ […]

Ким Џонг-ун: Лансирањето интерконтинентална ракета е предупредување до непријателите


 Северна Кореја соопшти дека денеска тестирала интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ), „најмоќното стратешко оружје во светот“, додека Сеул предупреди дека Пјонгјанг може да добие ракетна технологија од Русија за помошта во војната во Украина. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на лансирањето на ракетата и рече дека тестот е предупредување за непријателите кои ја загрозуваат безбедноста […]

Супертајфунот Конг-реј го погоди источниот брег на Тајван


Моќниот тајфун Конг-реј денеска го зафати источниот брег на Тајван, па сите градови и окрузи мораа да прогласат слободен ден, а затворени се финансиските пазари и откажани се стотици летови поради, како што најавуваат, најголемото невреме во последните 30 години. Невремето ги погоди планинските и ретко населениот округ Таитунг на источниот брег, наведе тајванската централна […]

Зеленски остро ги критикуваше САД: „Како протече тајниот план? Беше доверлив“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека побарал од Соединетите Држави ракети со долг дострел „Томахавк“ за да помогнат во поразот на Русија – додека остро ја критикува Белата куќа за објавување тајни на американските медиуми. Ракетите „Томахавк“ можат да достигнат до 1.500 километри и ќе и овозможат на Украина да изврши напади длабоко во Русија, […]

Маск повикан во суд, делел пари преку лотарија на гласачите на изборите во САД


Судија во Филаделфија му нареди на милијардерот Илон Маск да се појави пред суд на сослушување во врска со делењето по еден милион евра на регистрираните гласачи во таканаречените колебливи држави на САД. Обвинителите од Филаделфија се изјаснија против иницијативата на Маск да подарува милиони преку лотарија, по што беше поднесена тужба. Канцеларијата на градското […]

Потеклото на човекот и на Македонците


Клучниот проблем во односте меѓу Македонија и Бугарија произлегува од разликите во гледањето на потеклото на македонската нација. Бугарските историчари и политичари не сакаат да прифатат дека и македонската нација, како и сите други нации во светот, е родена во историски процес, кој започнал во 19. век и има свои историски корени и свои херои […]

Пократката работна недела на Исланд е „полн погодок“


Економијата на Исланд ги надминува повеќето европски земји откако воведе пократка работна недела низ целата земја без намалување на платите, покажа истражување објавено минатата недела. Помеѓу 2020 и 2022 година, 51 отсто од работниците во земјата ја прифатиле понудата да работат пократко, вклучително и четиридневна работна недела, открија два тинк-тенкови и додадоа дека денес веројатно […]

Бајден ги нарече поддржувачите на Трамп ѓубре. Тој на митинг дојде со камион за собирање ѓубре


Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, по изјавите на Бајден за поддржувачите и ѓубрето, одржа говор на митинг во Висконсин во рефлективен елек. Пред тоа на митингот возеше со камион за ѓубре. „Како ви се допаѓа мојот камион? Тоа е во чест на Камала и Џо Бајден“, им рече Трамп на новинарите. TRUMP ARRIVES […]

Најмалку две лица убиени, а 34 повредени во руски напад врз Харков


Најмалку две лица загинаа, а 34 се повредени во руски напад со воздушна бомба врз повеќекатна зграда во Харков, соопшти денеска шефот на регионот Харков, Олег Синегубов. „Во овој момент повредени се 34 лица. Едно дете почина“, рече тој. Како што пренесуваат украинските медиуми, поради рускиот напад доцна во средата, целосно е уништен влезот на […]

Поддржувач на Трамп им се заканувал со мачета на две приврзанички на Камала Харис


Против 18-годишен приврзаник на Доналд Трамп е покренато обвинение за закана со мачета од 60 сантиметри на две жени, приврзаници на Камала Харис, во Нептун Бич, Флорида, додека тие воделе кампања пред избирачко место, потврди полицијата. Кејлеб Џејмс Вилијамс е обвинет за кривично дело напад врз лице над 65 години и за прекршок за прикажување […]

Роденденска крводарителска акција во Карпош


Во пресрет на Денот на Општината – 3 Ноември, Општина Карпош денеска организира традиционална крводарителска акција. Граѓаните од општина Карпош, но и други општини од градот, кои се традиционални дарители или сакаат да даруваат крв, тоа ќе може да го сторат денеска од 9 до 17 часот, во спортската сала на ООУ „Јан Амос Коменски“ […]

СБ на ОН го повика Израел да ја поништи забраната за работа на УНРВА


Советот за безбедност на ОН во средата го повика Израел да ја поништи одлуката за забрана на агенцијата на Обединетите нации која обезбедува „витални“ услуги за палестинските бегалци со децении. „Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот исток (УНРВА) е рбетот на целиот хуманитарен одговор во Газа“, соопшти Советот […]

Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница


Нормализирана е состојбата со дистрибуција на струја до Клиничка болница-Штип. Директорот на болницата, Владко Захариев за МИА информира дека откако вчера околу 15 часот беше скинат кабел, екипите на ЕВН кои работеа во текот на ноќта проблемот го решиле околу 1 часот по полноќ. Тој утринава истакна дека состојбата со струјата е нормализирана и болницата […]

Наградата „Ацо Караманов“ за поетесите Ирена Павлова Де Одорико и Олга Панкина


Македонската поетеса Ирена Павлова Де Одорико и руската Олга Панкина се добитнички на наградата „Ацо Караманов 2024“. Павлова Де Одорико наградата ја доби за најдобар необјавен поетски ракопис од македонски автори и автори кои пишуваат на македонски јазик за книгата „Новоженство“, а Панкина интернационалната книжевната награда „Ацо Караманов 2024“ за книгата „Меѓусебна потрага“. Наградите ги […]

Промоција на стрипот „The Jitters“ од Стефан Николовски


Во просториите на „ОРО Радио Бар Галерија“ денеска ќе биде промовиран стрипот „Д Џитерс“ („The Jitters“) од Стефан Николовски, работен според негово сценарио и цртеж. Станува збор за жанровски антолошки стрип во боја, збирка од четири различни приказни, во кои протагонистите ги занемаруваат последиците предизвикани од нивните исполнети желби. Преку наивното вкусување на четири бонбончиња, […]

Весник „Илинден”: Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија


Македонскиот весник „Илинден” во Тирана во електронското издание објави напис под наслов „Ексклузивно-Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија“. -Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана во 2017 година жестоко реагираше кога во Република Албанија во Законот за малцинства беа запишани непостоечки Бугари како малцинство. Таквиот чин беше реакција на силниот притисок кој го […]

Милеј ја разреши министерката за надворешни работи поради гласање во ОН против американското ембарго кон Куба


Аргентинскиот ултралиберален претседател Хавиер Милеј ја разреши својота министерка за надворешни работи, Дијана Мондино, откако таа на Генералното собрание на Обединетите нации го осуди трговското ембарго на САД против Куба, соопштија од кабинетот на претседателот. Милеј, кој е на функција од декември, ја разреши Мондино откако таа гласаше за укинување на американското економско ембарго кон […]