Завршува есенската потрошувачка кошница, што нѐ очекува утре во маркетите?


Завршува мерката за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи што беа опфатени со есенската потрошувачка кошница. Одлуката ја донесе Владата во втората половина на септември, а со неа беа опфатени 73 основни прехранбени производи на кои бруто профитната маржа им беше ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало.  […]

Без струја делови од Кисела Вода и Арачиново


Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Арачиново. Во периодот од 08.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од ул. „Пандо Кљашев“ и дел од ул. „Стрмешево“, Пржино. Додека во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без струја […]

„Современа скулптура“ изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија


Во Галерија Ко Ра, Дом на култура ,„Кочо Рацин” во Скопје вечер (20:00) ќе биде отворена изложбата „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).    Оваа изложба на ДЛУМ е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура. – Уметниците […]

Концерт на камерниот состав Трио АУРА, добитници на наградата „Златна лира“ во 2023 година


Во Музеј на македонската борба во Скопје вечер концерт ќе одржи камерниот состав Трио АУРА, добитници на наградата „Златна лира“ во 2023 година. Камерниот состав Трио АУРА го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски, кои истовремено се редовни професори на Факултетот за музичка уметност во […]

Почнува 14. фестивал на виното „Виноскоп“


Фестивалот на виното „Виноскоп“, што ќе се одржува од денеска до 2 ноември годинава на плоштадот „Јадран“ во центарот на Скопје, ќе понуди врвни вина од над 30 винарии и врвни деликатеси. Најавена е и богата музичка програма со акцент на поддршка на македонската музичка сцена. На фестивалот ќе настапат: Куку Леле, Фолтин, Brass Brothers, […]

Наутро по одделни котлини магла, преку денот сончево со мала локална облачност


Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до […]

Конференција „Обединети против семејното насилство во Западен Балкан“


Во организација на Германската хуманитарна организација Arbeiter-Samariter-Bund (АСБ) и Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи Регионална конференција во рамките на проектот „Обединети против семејното насилство во Западен Балкан – Регионална соработка и поддршка за прифатилишта за жртви на семејно насилство“. Проектот е финансиран од […]

БДП на САД порасна и во третото тромесечје, што укажува на „меко приземјување“ на економијата


 Американската економија цело лето продолжи со силен растеж, поттикната од значителната потрошувачка на граѓаните и владата. Бруто домашниот производ (БДП) во третото тромесечје пораснал 2,8 отсто на годишна ниво, прилагодено на сезонски влијанија и инфлација, соопшти Министерството за трговија денеска. БДП е широк показател за производството на добра и услуги низ целата економија. Ова претставува […]

Боровинките ја подобруваат меморијата


Според најновите истражувања, некои од намирниците кои редовно ги јадеме имаат значително влијание врз здравјето на мозокот. Една таква храна на која науката посвети посебно внимание е боровинката, мала бобинка богата со хранливи материи која се чини дека има големи придобивки за меморијата и целокупната функција на мозокот. Боровинките се познати по нивната висока содржина […]

Харис е во сигурно водство во Висконсин и Мичиген: анкета на Си-Ен-Ен


  Потпретседателката Камала Харис одржува тесна предност во две од трите држави на „синиот ѕид“ кои колективно го претставуваат нејзиниот најчист пат до победа во Изборниот колеџ над поранешниот претседател Доналд Трамп, според новите анкети на Си-Ен-Ен спроведени од ССРС. Во Мичиген, Харис води пред Трамп со 48% до 43% меѓу веројатните гласачи. Харис, исто […]

САД: Севернокорејци во руски униформи се движат кон Украина


Шефот на американската одбрана Лојд Остин денеска изјави дека Вашингтон е „сè повеќе загрижен“ поради можното распоредување на севернокорејски војници во руската војна против Украина. Тој рече дека некои од илјадниците севернокорејски војници испратени во Русија веќе се доближиле до границата со Украина и оти носат руски униформи и руска опрема, пренесе ДПА. Американскиот министер […]

Шварценегер ја поддржа Камала Харис: Трамп ќе ни донесе уште четири години глупости


Поранешниот републикански гувернер на Калифорнија и филмска ѕвезда Арнолд Шварценегер најави поддршка за демократската претседателска кандидатка Камала Харис на изборите во САД следната недела. Тој рече дека победата на Доналд Трамп ќе значи „уште четири години глупости“. Во долга објава на X, Шварценегер (77) рече дека иако „не често поддржува кандидати“, „ја мрази политиката“ и […]

Пешак загина на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка


Пешак загина на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, откако во него удрил „пасат“, управуван од државјанин на Србија, соопшти денеска СВР Куманово. – Денеска во 17:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода каде возило „пасат“ со српски регистарски ознаки управувано од В.Б.(47) од Република […]

Штипската Клиничка болница работи со помош на агрегат, проблемот со струјата ќе се надмине по полноќ


Штипската Клиничка болница во моментов се снабдува со струја од агрегат, бидејќи околу 15 часот при изведување на градежните активности на новиот влез на болницата скинат е средно напонски кабел, потврди за МИА вечерва директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев. Тој истакна дека пациентите кои се критични и се хоспитализарни во болницата или доколку се […]

По 13 дена учениците од паралелката со проблематичниот ученик во Загреб се враќаат на час


Учениците од четврто одделение на загрепското основно училиште утре се враќаат на настава. Ова го решиле родителите откако добиле гаранции од в.д. директорот дека момчето со проблеми во однесувањето ќе отсуствува во следните три недели, јави ХРТ. Родителите добиле потврда дека 10-годишното момче со проблематично однесување се преоценува. И денеска учениците од четврто одделение не […]

Влатко Стојкоски е нов директор на ДПИ, разрешен е Горан Трајковски


Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), потврдија од Владата за МИА. Досегашниот директор на ДПИ, Горан Трајковски е разрешен поради промените на кадрите на новата власт. Претходно, заменик-министерот за економија Марјан Ристески осврнувајќи се на ефектите од есенската потрошувачка кошничка,  соопшти дека вчера е назначен нов директор на ДПИ. –  Мерката […]

Во Шпанија се случи природен феномен што предизвика повеќе дождови отколку кога би дошол ураган


  Најмалку 72 лица загинаа во невремето и поплавите во источна Шпанија, покажуваат најновите податоци што ги објави АФП. Тоа е најсмртоносната поплава во Шпанија во последните три децении, предизвикана од невиден дожд што во вторникот го погоди источниот регион Валенсија, оставајќи ги патиштата и градовите под вода. Хорхе Олчина, професор по географија и директор […]

Муртезани: На 18 ноември билатерална средба меѓу владите на Северна Македонија и Косово во Приштина


 Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани попладнево соопшти дека на 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу владите на Северна Македонија и Косово. Муртезани во интервју за „Лајм“ потенцира дека важноста на оваа посета е зајакнувањето на соработката и стабилноста на регионот. -На 18 ноември Владата на Република Северна Македонија предводена од […]

Зеленски: Никогаш немавме намера да ја заземеме нукларната централа во Курск


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека украинските сили никогаш немале намера да ја заземат нуклеарната централа во регионот Курск за време на упадот во тој руски регион на почетокот на август. Москва неколку пати го обвини Киев дека планира напад на нуклеарната централа Курск, што Украина го негираше. „Русите мислат дека се многу силни, […]

Египет повторно си ја бара назад бистата на кралицата Нефертити, Берлин не ја дава


Египет бара враќање на светски познатата биста на кралицата Нефертити, која се наоѓа во „Нојес“ музејот во Берлин повеќе од сто години. Германските власти го одбиваат ова и велат дека скулптурата ќе остане таму каде што е. Вредноста на скулптурата се проценува на 400 милиони евра и е еден од најпознатите артефакти на древниот Египет. […]