Влатко Стојкоски е нов директор на ДПИ, разрешен е Горан Трајковски
Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), потврдија од Владата за МИА.
Досегашниот директор на ДПИ, Горан Трајковски е разрешен поради промените на кадрите на новата власт.
Претходно, заменик-министерот за економија Марјан Ристески осврнувајќи се на ефектите од есенската потрошувачка кошничка, соопшти дека вчера е назначен нов директор на ДПИ.
– Мерката е одлично дефинирана и имаше одредени трговци кои сакаа да ја изиграат, но Државниот пазарен инспекторат се надевам дека во претходниот период сериозно си ја врши работата и во одредени моменти настапи со казни кои не беа мали. Се надевам дека ДПИ и во иднина ќе има многу поголема контрола и ќе прави контролни мерки и надзори во сите трговски места каде се продаваат прехранбени производи за да можеме да ги регулираме цените со цел заштита на стандардот на граѓаните. Од вчера има нов директор така што се надевам и дека можеби и мерките ќе дадат подобри резултати, ќе видиме, рече Ристески, во гостување на ТВ Сител.