„Макпетрол“ утре организира работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром


Едукативните средби, преку кои родителите имаат можност подобро да се запознаат со булингот, продолжуваат в петок во Општина Аеродром. Во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, на 25 октомври со почеток во 18 часот ќе се одржи работилница во основното училиште „Љубен Лапе“. Ова е трета ваква средба, по […]

Ѓорѓиевски: Потегот на Белград да ни отстапи автобуси е добар, но говори за неспособноста на градоначалничката


Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски го оценува како добар потегот на Белград, кој според најавите, ќе отстапи автобуси „Соларис“ на Скопје, но смета дека од друга страна тоа говори за несериозниот пристап на градоначалниката на Скопје и неможноста таа да се справи со предизвиците.   – Во Скопје има бројни […]

Мицкоски сака да ѝ го префрли „жешкиот костен“ на Лајен


  Премиерот Христијан Мицкоски се обиде денес на средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, проблемот што го има Македонија со уставните измени да ѝ го префрли на Европската унија, инсистирајќи дека за негово решавање е потребна – заедничка соработка, дијалог и меѓусебно разбирање. Дали успеја да изнуди некакво ветување не е […]

Поради зголемен прилив на ДДВ – 04 пријави, системот Е – даноци работи забавено


Управата за јавни приходи извести дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на пријавите. Тимови од УЈП активно го следат функционирањето на системот. УЈП постојано апелира до даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот момент за поднесување и кооперативно да придонесат за навремено, целосно […]

Македонија со скок од три места на најновата ФИФА ранг листа


Одличните настапи и победите на гостувањата кај Летонија и Ерменија во Лигата на нации доведоа до скок на фудбалската репрезентација на Македонија од три места на најновата ФИФА ранг листа. Македонија сега се наоѓа на 69. место на кое последен пат беше во април оваа година На врвот прва е Аргентина, а по неа следуваат […]

Државата се задолжува, на берзанска котација обврзници во вредност од 4.536.450.000 денари


 Македонска берза објави  дека согласно поднесени барања од страна на Министерството за финансии за котација на државни обврзници, почнувајќи од денеска на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државни обврзници во вкупна вредност од 4.536.450.000 денари (околу 73,7 милиони евра, заб.).  Според објавата од Берзата, со првата емисија се опфатени 139.380 […]

Драма околу ЗЕЛС: Орце Ѓорѓиевски побара од Костадинов и Јакимовски „да се вразумат“


  Градоначалникот на Струмица дознал од медиумите дека неговата општина не добила пари од унгарскиот кредит. Претседателот на ЗЕЛС исто така дознал од медиумите дека Струмица ја напушта организацијата на локалните самоуправи. Иако изгледа дека заминувањето на една општина од ЗЕЛС и најавата на втората (Карпош) изгледа како мала политичка битка, тоа денеска предизвика своевиден […]

Помилуваниот од Сиљановска повторно приведен од полицијата


По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи денеска непосредно по излегувањето од КПУ „Идризово“ – Скопје лишија од слобода лице на кое со одлука на претседателот на Република Северна Македонија извршувањето на изречената казна затвор му беше заменето со условна осуда, бидејќи за истото лице […]

Николоски и Аксинте разговарале за директна авиолинија Скопје-Букурешт


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте денеска на средба, меѓу останатото, разговарале за можностите за воспоставување директна авиолинија Скопје-Букурешт како и поврзување со аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.  На средбата на Николоски и Аксинте за актуелните политички и економски односи меѓу двете земји, […]

Јакимовски: Заев ме апсел, па сме се слушале телефонски – ќе се сретне со Ѓорѓиевски за излегувањето од ЗЕЛС


Градоначалникот на Општина Карпош на денешната прес конференција најави дека општина Карпош може да ја напушти ЗЕЛС поради големи притисоци од страна на централната власт. „Причини за напуштање на ЗЕЛС има многу. ЗЕЛС ги премолчи сите притисоци што ги трпиме од министрите од оваа влада. Не сум прв пат градоначалник. Но, ова е невидено што […]

И за градскиот превоз во Скопје се чека трансфузија од Белград


Најавите за 100 нови електрични автобуси одамна останаа само предизборно ветување. Кој знае дали на него се сеќава и оној што го даваше. Ама ако е предизборно, речиси е правило за време на мандатот да не се оствари, иако дел од гласачите ги избрале токму тие политичари да ја водат државата, заради токму тоа ветување. […]

Во израелски напад убиени тројца либански војници


  Во израелски напад загинаа тројца либански војници во јужен Либан во четвртокот, додека Франција беше домаќин на конференција за собирање поддршка за либанските државни сили кои се сметаат за витални за секое дипломатско решавање на војната меѓу Израел и Хезболах. Либанските војници беа убиени додека ги евакуираа ранетите во предградието на јужното село Јатер, […]

Марија Шерифовиќ, упорна Шкорпија, со молитва и љубов во Скопје 


Очекувањата дека најголем нејзин хит во Македонија е евровизиската „Молитва“  (2007, Хелсинки) излегоа погрешни. Речиси секоја песна на Шерифовиќ е хит кај скопската публика. И кога пееше на првиот концерт во „Борис Трајковски“  во 2018 година, и годинава, кога на 2 ноември, се очекува вториот славенички концерт, на истото место, по повод новиот  албум кој […]

Чифлик го усвои планот за консолидација на земјиштето, поддржан од мнозинството земјопоседници


Земјоделската област Чифлик (Општина Чешиново-Облешево) ќе претрпи значителна трансформација, по достигнување на клучната пресвртница во проектот за консолидација на земјиштето во селото. На 18 октомври, сопствениците на земјиште со квалификувано мнозинство го усвоија Планот за распределба на земјиштето, со што Чифлик стана шесто село во Северна Македонија каде што се спроведува консолидација на земјиштето. Оваа […]

ВМРО-ДПМНЕ отвори и свој поткаст


  Бескрајните гостувања ваму и таму по телевизиите, на радијата, во поткастите изгледа не е доволно за ги задоволи барањата на ВМРО-ДПМНЕ за појавување (т.е. доминација во етерот), па од неодамна партијата отвори и свој поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“. На одреден начин тоа е во согласност со стратегииите во минатото на ВМРО-ДПМНЕ, кога таа ангажираше новинари […]

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна


ЈПКД „Комуналец“ објави 16 микрообилошки анализи изработени од страна на акредитирани лабаратории и во сите стручното мислење е дека испитаниот примерок на вода е здравствено исправен согласно Правилникот за безбедност на водата. -Само резултатот од анализата направена од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје ја немаме добиено, а за која од страна на […]

НОВО: Онлајн потрошувачки кредит од Комерцијална банка за брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ


Комерцијална банка како лидер во понудата на современи и ефикасни финансиски производи со задоволство го воведе новиот Онлајн потрошувачки кредит, создаден за да им обезбеди на клиентите брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ од удобноста на домот.  Онлајн потрошувачкиот кредит им овозможува на заинтересираните клиенти да аплицираат за потрошувачки кредит преку целосно дигитализиран […]

Мицкоски загрижен дека ќе исчезнеме како држава за 70 години


  Образложувајќи ја својата идеја за да се изготви проект за стратегија на државата до 2050 година заеднички на Владата и на МАНУ, премиерот Христијан Мицкоски, рече дека во „следните 70 години сме на добар пат да исчезниме како држава. Тоа е една генерација од сега“. И запраша: „Зошто никој до сега не ја отворил […]

Франција ќе обезбеди 100 милиони евра помош за Либан


Франција ќе обезбеди пакет помош од 100 милиони евра за поддршка на Либан, изјави денеска претседателот Емануел Макрон на меѓународна конференција во Париз. Макрон рече дека „што поскоро е потребна огромна помош за либанското население и за стотиците илјади луѓе раселени за време на војната, како и за заедниците што ги прифаќаат бегалците“. Во Франција […]