(Фото) Воз излета од шините во Норвешка. Едно лице загина, четири се повредени


  Едно лице загина, а четворица се повредени денеска кога воз излета од шините на северот на Норвешка, соопшти полицијата. Камења паднаа на возот што ги поврзува градовите Трондхајм на запад и Бодо на северот на земјата, по што излета од шините, изјави полицаецот Арилд Волдмо за норвешката радио и телевизија NRK. PHOTOS: Norway train […]

Утре одлука за случајот „Мбапе“


Заедничката комисија за жалби на Професионалната фудбалска лига (ЛФП) во петок ќе донесе одлука за финансискиот спор меѓу клубот Пари Сен Жермен (ПСЖ) и неговата поранешна ѕвезда Килијан Мбапе. Францускиот играч бара 55 милиони евра од ПСЖ, бидејќи тврди дека во последните месеци во парискиот клуб не добивал плата и бонуси како другите играчи. ПСЖ […]

Пет закони за образование утре ќе бидат ставени на ЕНЕР, треба да се донесат во ноември


На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) утре ќе бидат ставени пет предлог-закони од областа на образованието, три нови за средно образование, за стручно образование и обука и за образование на возрасните, како и измени и дополнувања на Законот за основното образование и на Законот за Националната рамка за квалификации. Министерката за образование и наука […]

Нѓела: Мета преку Косово сакаше да замине за Унгарија, но му беше одбиено барањето за азил


Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата  Илир Мета, пред да биде уапсен побарал политички азил во Унгарија, но бил одбиен. Ова го изјави еден од најпознатите албански адвокати, Спартак Нѓела, инаку поранешен министер за правда во владата на Сали Бериша. Гостувајќи во емисијата „Албански живот“ на албанската државна телевизија, Нѓела рече […]

Претседателски стил на Водно: Чистата елеганција на Фон дер Лајен и Сиљановска Давкова 


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствaри прва средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во резиденцијата на Водно. Фон дер Лајен во оваа прилика и упати честитки што е првата жена претседател на С Македонија. Со стилот, и двете покажаа висока дипломатија во Скопје. Елегантни со сакоа, едната во панталони, а другата […]

Путин не ги негира информациите за севернокорејски војници во Русија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска не ги негираше американските тврдења дека Северна Кореја испратила војници во Русија, но рече дека од Москва зависи како да ја спроведе својата клаузула за заемна одбрана со Пјонгјанг и го обвини Западот за ескалација на војната во Украина. На новинарско прашање за сателитските снимки на кои се прикажани движења […]

Турските аеродроми под зголемена готовност по вчерашниот напад во Анкара


Анкара – Турските аеродроми се ставени во состојба на зголемена готовност по вчерашниот напад во Анкара, а патниците се повикуваат да пристигнуваат на аеродромите најмалку три часа пред летот, објави турската приватна телевизија НТВ. По вчерашниот терористички напад врз националната воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во предградие на Анкара, Кахраманказан, каде загинаа пет лица, сите аеродроми […]

Во „Идризово“ пронајден починат 45-годишен затвореник


Во СВР Скопје вчера во 10:00 часот било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово бил пронајден починат В.Ѓ. (45) од Велес, кој издржувал казна затвор во установата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР […]

Евидентирани се 50 случаи на грип за една недела, за 61,3 отсто повеќе од претходната недела


Изминатата недела пријавени биле 50 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, што е за 61,3 отсто повеќе во споредба со претходната недела, соопштуваат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Заболените лица оваа недела се регистрирани во Куманово – 18, Гостивар – 16, Свети Николе – 7, Тетово – 5 […]

„Кока-кола“ повлекува 28 милиони шишиња во Австрија


  „Кока-кола“ повлекува 28 милиони пластични шишиња во Австрија затоа што може да содржат парчиња метал поради грешка во производството. Тоа е најголемото повлекување на производи во Австрија во последните 25 години, изјави во четвртокот портпаролот на Виенската пазарна агенција Александар Хенгл, пренесе Хина. „Кока-кола“ објави дека шишињата кока-кола, фанта, спрајт и мецомикс кои треба […]

СДСМ: Обединувањето не е можно со празни реторики


  СДСМ го критикува Мицкоски за тоа што за четири месеци нема понудено конкретни и мерливи цели во ниедна стратешка област. Според СДСМ, не може да се очекува обединување околу празни реторики, туку околу јасни цели и планови. Во соопштението, СДСМ потсетува дека обединувањето околу стратегија е можно само доколку се понудат конкретни решенија и […]

ИФЦ сака да финансира енергетски проекти во земјава


Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка – ИФЦ изразува интерес за проширување на својата активност во земјава, особено во областа на енергетиката и енергетската транзиција. Ова беше споделено на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со регионалниот заменик-претседател на ИФЦ Алфонсо Гарсија Мора во Вашингтон. „Инвестициите во енергетскиот сектор и транзицијата од фосилни горива […]

24 октомври во историјата – „Конкорд“ го имаше својот последен комерцијален лет


  Суперсоничниот авион „Конкорд“ го направи својот последен комерцијален патнички лет, патувајќи со двојно поголема брзина од звукот од меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк до аеродромот „Хитроу“ во Лондон на 24 октомври 2003 година. Во авионот на „Бритиш ервејс“ имало 100 патници, вклучувајќи ја актерката Џоан Колинс, манекенката Кристи Бринкли и двојка од […]

Со нож избодел психијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје


Црногорската полиција денеска го уапси шеесет и петгодишниот Д.В., жител на Пљевља, град на северот на Црна Гора, бидејќи со нож нападнал и повредил лекар невропсихијатар кој не сакал да му издаде потврда за носење оружје.  Како што изјави за црногорските медиуми директорот на Општата болница во Плевља, Саша Грбовиќ, доктор Илхан Турсумовиќ се здобил […]

Елитните војници од Северна Кореја ќе бидат испратени да го ослободат Курск


  Стотици севернокорејски војници се снимени во руските воени бази на Далечниот исток. Тие се дел од контингент од 10.000 до 12.000 војници кои наскоро може да ги ангажираат во борби против украинските сили во рускиот регион Курск. Според јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС), Ким Џонг-ун веќе испратил 3.000 свои војници кај Владимир Путин; Вашингтон […]

Струмички „Комуналец“ објави 16 анализи дека водата за пиење е исправна


ЈПКД „Комуналец“ – Струмица објави 16 микрообилошки анализи изработени од страна на акредитирани лабаратории и во сите стручното мислење е дека испитаниот примерок на вода е здравствено исправен согласно Правилникот за безбедност на водата. -Почитувани граѓани на Струмица и населените места Дабиле, Добрејци, Просениково, Градско Балдовци, Водоча и Баница, поседуваме 16 микробиолошки анализи изработени од […]

Сиљановска побарала од Фон дер Лајен поддршка од Брисел за „билатералните предизвици“


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска денеска на средбата со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен рекла дека очекува оти процесот на интеграција ќе се спроведе врз основа на принципот на заслуги и Копенхашките критериуми. И побарала поддршка од европските институции да се надминат „билатералните предизвици“. Според соопштението на средбата биле разменети мислења и […]

Политико: Најмалку седум членки на НАТО се против членство на Украина во Алијансата


Седум членки на НАТО се против повикувањето на Украина да се приклучи на Алијансата, пренесе бриселскиот портал Политико, повикувајќи се на четворица официјални лица од НАТО и САД, како и некои дипломати. Германија и САД се најголемите држави кои се двоумат дали да одговорат на повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за приклучување на Украина […]

Европол заплени 22.000 тони фалсификувана храна


Европол спроведе акција насочена кон супстандардна и фалсификувана храна и пијалоци. Запленети се 22.000 тони храна и 850.000 пијалоци, главно алкохолни. Запленети се 22.000 тони храна која била препакувана откако ѝ истекол рокот на траење и 850.000 пијалоци, од кои главно алкохолни. Европол соопшти дека во рамките на акцијата биле разбиени 11 криминални мрежи и […]

Лајен се заложи за Коридорот 8, но го спомна и Коридорот 10


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес во Скопје зборуваше за Планот за раст што го нарече заеднички патоказ со кој ќе се приближат економиите на Западен Балкан и таа на ЕУ и постепено да се интегрираат. „Го знаете пристапот: ги отвараме нашите пазари во одредени сектори и за возврат вие ќе спроведете […]