Инцидент на граничниот премин Меџитлија – граничен полицаец побарал лекарска помош
БИТОЛА – Инцидент се случил утрово на граничен премин Меџитлија на македонско-грчката граница кога претпоставен од граничната полиција наводно физички и вербално нападнал вработен полицаец. Според наши извори инцидентот се случил околу 8 часот кога се менувала смената, а причината за инцидентот засега е непозната. Нападнатиот полицаец после 10 часот побарал лекарска помош во Клиничката болница […]