Претпладне сончево, попладне повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне […]

Гаши во Анкара на тет-а-тет средба со претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш


Парламентарната делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска ја продолжува посетата на Анкара, Турција. Во состав на делегацијата, како што информира собраниската прес-служба, се Бејџан Иљас, претседател на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Турција,  членовите на оваа група Никола Мицевски и Мерита Колчи Коџаџику, како и пратениците Оливер […]

Се најавува нов закон за локална самоуправа со можност да се отповика градоначалник и да се воведе комунална полиција


Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон за локална самоуправа, што вчера ги најави министерот за локална самоуправа Златко Перински. Актуелниот Закон за локална самоуправа, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници […]

Гаши на средба со Ердоган


Претседателот на македонското Собрание Африм Гаши, денеска во Анкара остварил средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на која биле разменети мислења за унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, за состојбите во двете држави и за актуелните случувања во регионот и пошироко. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, присуствувале и […]

Собранието донесе девет закони по скратена постапка


Собранието во рамките на попладнивниот дел од работата по дневниот ред на 16-тата седница вечерва донесе девет законски решенија, по скратена постапка. Седницата на која има уште три неразгледани точки од дневниот ред продолжува утре во 13 часот. Без расправа, едногласно со по 65 гласа „за“ беа донесени Законот за изменување на Законот за вработените […]

Градскиот превоз во Загреб ништо подобар од Скопскиот – продале 11 милиони билет, а без помош од Градот лошо би поминале


Загрепскиот електричен трамвај (ЗЕТ) во првите шест месеци од 2024 година остварил вкупно приходи во износ од 102,78 милиони евра и вкупни расходи во износ од 102,57 милиони евра. Добивката пред оданочување изнесува 207 илјади евра Да останеше само првата реченица, за градскиот превозник ќе изгледаше идилично. Но, ако се погледне приходната „пита“, евидентно е […]

Монт Еверест не престанува да расте, секоја година е повисок


Монт Еверест е највисоката планина во светот со 8.848 метри, но сè уште расте и секоја година е се повисок, тврдат кинеските научници од Универзитетот за геонауки во Пекинг, кои штотуку објавија студија за овој аномален раст на планината во списанието Nature Geoscience. И додека „Кровот на светот“ и остатокот од Хималаите продолжуваат незапирливо да […]

Научниците открија фасцинантна планета во близина на Земјата


  Планетата Барнард Б е дваесет пати поблиску до својата ѕвезда од Меркур. Ѕвездата е малку поладна од нашата, но тоа сепак не е доволно за да постои течна вода на површината на планетата Научниците открија планета која орбитира околу најблиската ѕвезда до Земјата – Барнардовата ѕвезда. Планетата, додека орбитира околу неа, го добила името […]

Украина отвори истрага за егзекуцијата на нејзини 16 воени заробеници на истокот на земјата


Украина отвори истрага за егзекуцијата на 16 украински воени заробеници, која наводно ја извршила руската армија во близина на Покровск, важен град на истокот на земјата, соопшти денеска државното обвинителство во Киев. „Ова е најмасовниот познат случај на егзекуција на украински воени затвореници на линијата на фронтот“, објави главниот државен обвинител Андриј Костин,  во соопштение […]

Велика Британија ќе суспендира 30 дозволи за извоз на оружје во Израел


Велика Британија веднаш ќе суспендира 30 од 350 дозволи за извоз на оружје во Израел поради ризикот дека таквата опрема може да се користи за сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право, изјави министерот за надворешни работи Дејвид Лами, појаснувајќи дека не станува збор за ембарго. Набргу по победата на Лабуристичката партија на општите избори во […]

Албанија: Пратениците насилници исклучени од парламентот од 10 дена до два месеца


Секретаријатот за етика при албанскиот парламент донесе одлука, со која, пратениците кои предизвикаа хаос во салата и запалија столици пред собраниската зграда, ги исклучи од работата од 10 дена до два месеца. Два месеца  вон Собранието ќе бидат Фламур Нока, Газмент Барди и Бледион Налбати. За пратеникот Еди Палока оваа казнена мерка е 10 дена, […]

Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради царините на Канада за електрични возила


Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради канадското воведување дополнителни царини за електрични возилапроизведени во оваа азиска земја, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија. Пекинг смета дека царините за кинеските електрични возила и другите производи од челик и алуминиум во Канада се „репресивна мерка“ која е незаконска. Кон крајот на август, Канада најави воведување […]

Потврдени сослушувањата на европските комесари за ноември, новата комисија на ЕУ во почетокот декември


Расправите за европските комесари ќе се одржат од 4 до 12 ноември, одлучија денеска високи членови на Европскиот парламент. Одржувањето на сослушувањата во ноември значи дека најраниот датум за започнување на работата на новата Европска комисија е почетокот на декември, иако датумот за почеток може да биде одложен за јануари доколку Парламентот одбие неколку номинирани […]

Пожарот во Чаир никако да се изгаси – имало многу запалливи материи


Гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали, информираа попладнево од ЦУК.  Дополнително како помош на скопските пожарникари ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата, додаваат од таму. Инаку, 0д  МВР информира дека во 01:55 […]

Бајден го подржа штрајкот на пристанишните работници во САД и побара зголемување на нивните плати


Администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден ги повика компаниите кои управуваат со пристаништата во САД да ги зголемат платите на пристанишните работници кои штрајкуваат веќе втор ден. -Морските превозници остварија рекордни профити за време на пандемијата, кога пристанишните работници беа изложени на опасност во нивните напори пристаништата да останат отворени. Време е овие морски […]

Лидерката на венецуелската опозиција бара помош од странство


Лидерот на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо побара од меѓународната заедница да го засили притисокот врз претседателот Николас Мадуро да се повлече. По претседателските избори во јули Мадуро тврди дека победил. Опозицијата инсистира на тоа дека нејзиниот кандидат, Едмундо Гонзалес Урутија, победи на гласањето убедливо. Тој моментално е во егзил во Шпанија. Немирите по гласањето […]

Бакингемската палата објави дека принцезата Беатрис го чека бебето број 2


Бакингемската палата објави дека принцезата (36) и нејзиниот сопруг, италијанскиот благородник  Едоардо Мапели Моци го очекуваат своето второ заедничко дете. Тие се појавија на Инстаграм и објавија две фотографии, вклучително и романтичен портрет на парот во прегратка и слика на Моци како оди со нивните деца, Волфи (8) – синот на Моци од претходната врска […]

Премиерата на „Џокер 2“ утревечер во Синеплекс


 Хоакин Феникс се враќа како „Џокер“. Продолжението на познатиот психолошки трилер од 2019 година е официјално насловено „Joker: Folie à Deux“, што во превод би гласело: „Џокер: Двајца во исто лудило“. Продукцијата објави и нов трејлер за филмот. Режисер на филмот е Тод Филипс, кој го напиша и сценариото, заедно со Скот Силвер и Боб […]

Сведочења за пожарот во Чаир: Преноќувавме во своите возила додека чад излегуваше од вентилацијата


Добил повик во два часот наутро од пријател кој му рекол дека има пожар во неговата зграда. Расонувајќи се, забележал чад од вентилацијата во неговиот стан на улица „Прохор Пчински“ во Чаир. Зел со себе што стигнал, излегол од зградата и остатокот од ноќта го поминал во своето возило. Фото: Мета.мк Ова за Мета.мк го […]

ЕАСА со предупредување до европските авиопревозници да го избегнуваат иранскиот воздушен простор


Келн – Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија упати повик до сите европски авиокомпании да го избегнуваат иранскиот воздушен простор, по вчерашниот ирански наапд врз Израел.  „Со оглед на иранскиот напад врз Израел на 1 октомври 2024 година и најавата на Израел за неговата намера да возврати“,   ги предупредуваме превозниците „да не вршат летови во […]