Мексиканската армија уби шест мигранти


Мексикански војници отворија оган врз камионет што се обидел да ја избегне контролата при што убија шест лица. Возилото превезувало 33 мигранти, соопшти мексиканското Министерство за одбрана. Во инцидентот повредени се 10 мигранти во близина на градот Хуикстла, во близина на границата со Гватемала. Групата била составена од државјани на Египет, Непал, Куба, Индија и […]

Иран се коцка со нападот врз Израел по понижувачките удари врз сојузниците


Главниот командант на Исламската револуционерна гарда на Иран (IRGC), генерал-мајор Хосеин Салами, стоеше пред голем транспарент во командната соба додека користеше телефон за да нареди лансирање на околу 200 балистички ракети кон Израел во вторникот навечер, според видео клип објавен од иранските медиуми. На транспарентот беа прикажани фотографии од тројца мажи чија смрт, според Салами, […]

Меси го освои 46. трофеј во кариерата


 Капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси го освои 46. трофеј во кариерата. Аргентинецот со Интер Мајами станаа шампиони во регуларнито дел од сезоната во МЛС-лигата освојувајќи го трофејот „Supporters’ Shield“. Ноќеска на гостински терен, Интер Мајами го победи Колумбус Кру со 3:2 и ја обезбеди првата позиција на Истокот, со оглед на разликата од недостижни […]

Изложба на Илирјан Беќири и Агрон Абдули во КИЦ на РСМ во Софија


 Во галеријата на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија денеска ќе биде отворена изложбата „Мотиви од полошко поднебје“ на ликовните уметници Илирјан Беќири и Агрон Абдули. Двајцата уметници од Тетово ќе изложат околу дваесетина дела од нивниот најнов сликарски опус. На изложбата ќе можат да се видат сликите на Илирјан Беќири, изработени во техниката маслени […]

Обвинителите велат дека Трамп дејствувал во лично својство кога се обидел да ги промени резултатите од изборите во 2020 година


 Специјалниот советник Џек Смит, кој го истражува случајот против Доналд Трамп за обид за незаконска промена на резултатите од изборите во 2020 година, во документот објавен денеска тврди дека републиканецот дејствувал во својство на кандидат и затоа не може да има корист од претседателскиот имунитет.  Во обемниот документ од 165 страници, во голема мера преработен […]

Почнува Фестивал на перформансот во Музејот на современата уметност – Скопје


 Од денеска до 6 октомври во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржува четиридневен Фестивал на перформансот. Влезот е слободен, а фестивалот е составен од две програми, информираат од Музејот на современата уметност – Скопје. – Главната програма е тридневен настан насловен „(Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија“ куриран од Биљана […]

Промоција на стихозбирката „Како денес како секогаш: (песни)“ од современата бугарска поетеса Светла Радкова


Во организација на НУБ „Свети Климент Охридски“ – Скопје, Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и издавачката куќа „Макавеј“, денеска ќе биде промовирана стихозбирката „Како денес како секогаш: (песни)“ од современата бугарска поетеса Светла Радкова. Како што информираат од „Макавеј“, препевот од бугарски е на Валентин Таневски. Како промотори се најавени Душко Крстевски и Бранко Цветкоски. […]

Лидерот на Хезболах наводно прифатил примирје пред да биде ликвидиран во Бејрут


Министерот за надворешни работи на Либан, Абдала Бу Хабиб, откри дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, прифатил 21-дневно примирје, предложено од САД и Франција, само неколку дена пред да биде убиен во силен израелски напад на Бејрут. Во интервју за Си-Ен-Ен, Бу Хабиб потврди дека Либан бил подготвен за примирје, по консултации со Хезболах и […]

Штрајкот во американските пристаништа го блокира увозот на кафе


Истоварот на стотици контејнери со кафе во пристаништата на источниот брег на САД е запрен поради штрајкот на работниците, што дополнително ја влошува веќе и така скромната понуда на кафе во земјата. Локални медиуми известуваат дека работниците во 36 пристаништа објавиле штрајк поради недоволни плати и загриженост за губење на работни места поради планираната автоматизација. […]

Кампањата на Трамп собра повеќе од 160 милиони долари донации во септември


Предизборниот штаб на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, заедно со Републиканската партија, собрале повеќе од 160 милиони долари донации во септември, соопшти денеска штабот на републиканскиот кандидат. Ова е за 23 отсто повеќе од собраните 130 милиони долари во претходниот месец. Трамп се соочува со тесна трка против американската потпретседателка Камала Харис […]

Инфо-ден на АД ЕСМ во РЕК Битола


Претставници на Управниот одбор на АД ЕСМ и на раководството на АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола, денеска на средба со новинарите ќе информираат околу актуелните состојби и подготовки на Комбинатот во пресрет на грејната сезона. Претставниците на раководството на АД ЕСМ и на АД ЕСМ Подружница РЕК Битола ќе извршат увид на рудниците Суводол и […]

Тркалезна маса за образование за ментално здравје


Во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“ денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса за образование за ментално здравје, на која ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска. Најавено е обраќање и на заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, како и на претставници од младинскиот сектор, експертски […]

Најмалку шест луѓе загинаа во израелски напад врз Бејрут


Најмалку шест луѓе загинаа во денешниот израелски воздушен напад врз центарот на главниот град на Либан, Бејрут. Израелската армија (ИДФ) соопшти дека извршила прецизен воздушен напад врз зграда во квартот Бачура, кој е во близина на Парламентот. Три проектили го погодиле и јужното предградие на Бејрут, Дахије, каде минатата недела беше убиен ллидерот на Хезболах, […]

Уставниот суд на јавна седница ќе го разгледа барањето на Апасиев за дискриминација по политичка припадност од страна на Џафери


 Уставниот суд денеска ќе одржи јавна расправа по барањето на лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев против поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери.  Во барањето, Апасиев наведува дека бил дискриминиран по политичка припадност и дека Џафери не постапил согласно Законот за референдум, одлучил сам по Предлог-барањето на Апасиев, наместо да го предаде на Законодавно-правната комисија и […]

Руска наведувана бомба погоди станбена зграда во Харков


Руска наведувана бомба доцна синоќа погоди петкатна станбена зграда во Харков, предизвикувајќи пожари и ранувајќи најмалку 10 лица, соопштија локалните власти. Претседателот Володимир Зеленски рече дека тоа е последен во долгата низа напади врз градот и ја нагласи потребата за поголема помош од западните поддржувачи на Украина. -За да ги запре руските напади, Украина мора […]

Се најавува нов закон за локална самоуправа со можност да се отповика градоначалник и да се воведе комунална полиција


Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон за локална самоуправа, што вчера ги најави министерот за локална самоуправа Златко Перински.  Актуелниот Закон за локална самоуправа, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници […]

Мицкоски и Таравари во посета на поликлиниката „Идадија“


Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари денеска ќе ја посетат поликлиниката „Идадија“, каде е инсталиран нов апарат за магнетна резонанца. Апаратот е набавен со финансиски средства од Здравствениот дом – Скопје во вкупна вредност од 83.455.500 ден. Како што се наведува во информацијата од владината прес-служба, апаратот е во функција од 17 […]

ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците


Европската комисија испрати барања до Јутјуб, Снепчет и ТикТок да и достават дополнителни информации за дизајнот и начинот на функционирање на нивните системи за давање препораки на корисниците. Барањето е испратено согласно Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДГА), кои ги обврзува онлајн платформите да преземат мерки за намалување ризиците кои произлегуваат од нивните системи […]

Градежниот факултет при УКИМ одбележува 75 години од основањето


Со Свечена академија во големата сала на Филхармонија во Скопје вечер Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” ќе одбележи 75 години од своето основање. Според агендата на свечената академија, поздравни обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, деканот на Градежниот факултет Горан Марковски и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Биљана […]

Дваесет и девет години од атентатот на претседателот Киро Глигоров


Пред 29 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа […]