На Левандовски му успеа тоа што досега во Лигата на шампионите го има направено само Кристијано Роналдо
Фудбалерите на Барселона во вторникот во 2. коло од Лигата на шампионите го победија Јанг Бојс со 5:0, а во таа победа Роберт Левандовски постигна два гола.
Роберт Левандовски беше стрелец на првиот и четвртиот гол на натпреварот, со што го направи она што досега го има направено само Кристијано Роналдо во Лигата на шампионите.
Имено, по Роналдо, Левандовски стана вториот фудбалер во историјата кој по 30-годишна возраст успеал да постигне 50 или повеќе голови во Лигата на шампионите, најелитното фудбалско клупско натпреварување.
Левандовски со два гола синоќа стигна до 50 гола по 30. роденден, додека Роналдо постигна 68.
Инаку, Левандовски има вкупно 96 постигнати голови во Лигата на шампионите, а првиот го постигна во Борусија Дортмунд во 2011 година.