(Видео) Пороен дожд во Тетовско: Пожарникарите спасија 11 патници од заглавено комбе и маж од автомобил


Интензивниот повеќе часовен дожд во Тетово, денес, е причина повторно да има поплавување на коловозните ленти на булеварот „Благоја Тоска“ околу последниот кружен тек кај касарната. Полицијата ги пренасочува возилата да одат по други улици. Од ТППЕ Тетово информираат дека имаат повици за интервенции во Мала и Голема Речица, каде се испумпува вода од поплавени […]

Невремето ја „парализира” Албанија


 Невремето, проследено до обилни и интензивни врнежи, силен ветер, електрични празнења, речиси целосно ја „парализира” Албанија. Улиците во градови, пред се Тирана, Валона, Лежа, Љушња, Булќиза,  се под вода чија висина е до 50 сантиметри. Во Тирана ветерот откорнал  големи дрвја, за што фотографија објави градоначалникот Ерион Велиај, со апел до граѓаните без неопходна потреба […]

ЕУ воведува дополнителни царини за кинеските електрични возила, Словенија и Германија беа против


Предлогот на Европската комисија за воведување дополнителни царини за увоз на кинески електрични возила доби доволна поддршка од земјите членки, соопштуваат од Брисел, кои очигледно ќе воведат царини во висина од 7,8 до 35,3 отсто. „Денеска предлогот на Европската комисија за воведување конечни компензаторни давачки за увоз на електрични возила со батерии од Кина ја […]

Јавниот долг годинава ќе достигне 66 отсто од БДП, вели Димитриеска-Кочоска


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска не верува дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг. Во изјава за медиумите во Штип, министерката рече дека проекциите се и претпоставка е дека јавниот долг ќе изнесува 66 проценти. – Тоа е максималниот износ, што е проектиран. Не верувам годинава дека ќе може да има […]

Борис Џонсон: Нетанјаху стави уреди за прислушкување во тоалетот во МНР на Британија


Борис Џонсон тврди дека нашол уред за прислушкување во неговото купатило во британското Министерство за надворешни работи, откако го користел израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Поранешниот премиер на Велика Британија нагласи дека неговиот тим за безбедност пронашол мини уреди за прислушкуавње во тоалетите откако Нетанјаху ги користел објектите, пренесува Политико. Двајцата се запознаа во 2017 година […]

Водата од гостиварскиот водовод повторно не е за пиење


Од ЈП „Комуналец“, претпријатието кое раководи со водоснабдувањето во Општина Гостивар, попалднево преку известување соопштија дека водата не е безбедна за пиење. Во последниве десетина дена ова е втора препорака да не се користи водата од системот за водоснабдување. Според првичните информации, до загадување на водата дошло од последните врнежи. – Поради контаминација предизвикана од […]

Сонувате во боја или во црно-бело? Еве што велат научниците


Дали е вистина дека некои луѓе сонуваат во боја, а други во црно-бело? Науката: Некогаш се веруваше дека повеќето луѓе сонуваат главно црно-бело, а се сметаше дека сонот во боја е поврзан со психолошки проблеми. Оттогаш науката ги отфрли тие митови. Иако сонувањето во црно-бело не е невообичаено, многу луѓе сонуваат во боја поголемиот дел […]

ФАО предупреди за прекумерна тежина кај деца под пет години, води Западен Балкан


Рим- Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека прекумерната тежина кај деца под пет години, анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години и дебелината кај возрасните се во пораст во голем број земји. Западен Балкан со 10,3 отсто и Кавказскиот регион со 9,1 отсто имаат највисока стапка на […]

Херитиџ фондацијата во „специјална војна“ со администрацијата на САД, ги преплавила со десетици илјади барања


Тројца истражители за фондацијата Херитиџ ги преплавија федералните агенции со илјадници барања од Законот за слобода на информациите во текот на изминатата година, барајќи широк опсег на информации за владините службеници, вклучително и комуникации што конзервативците би можеле да ги сметаат за политичка одговорност. Меѓу документите што ги бараа има списоци со персонал на агенциите […]

Ердоган: Планот на Израел не е ограничен само на Газа и Либан, следни се „турските земји“


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека планот на Израел не е ограничен само на Појасот Газа, Западниот Брег и Либан. Турскиот претседател, говорејќи на фестивалот „Технофест 2024 Адана“, рече дека се спроведува „предавнички план што не е ограничен само на Појасот Газа, Западниот Брег и Либан“. -Не мора да бидете пророк за да […]

Бекамови се „закотвија“ во Мајами, потрошија 80 милиони долари за нова мегакуќа


Моќната двојка Викторија и Дејвид Бекам се чини дека е цврсто во нивната ера во Мајами: Дејвид е косопственик на фудбалскиот клуб Интер Мајами (кој беше тема на разговор од дебито на Лионел Меси со тимот минатата година), семејството беше видено на брегот околу областа на јахта од 20 милиони долари претходно оваа пролет, а […]

Конкурси за стипендии за учениците од Спортска академија и од Математичко-информатичката гимназија за 2024/2025


Конкурси за доделување стипендии за ученици во државните средни училишта  Спортска академија и  Математичко-информатичка гимназија за учебната 2024/2025 година објави Министерството за образование и наука. Месечниот износ на стипендијата за учениците во двете училишта е 3.500 денари кои ќе ја добиваат девет месеци во текот на учебната година. За двата конкурса кандидатите треба да пополнат електронска пријава и да […]

Лукашенко ќе ја брани Украина ако биде нападната од Полска!


Ако Полска изврши инвазија на Украина, Белорусија ќе ги поддржи Украинците, рече белорускиот претседател Александар Лукашенко за време на неговата средба со жителите на градот Парохонск на 4 октомври. Александар Лукашенко истакна дека Полска има свои интереси во Украина. Ова се манифестира во односот на полските елити кон Украина. Главното прашање меѓу земјите во моментов […]

„Вашингтон Пост“: Барак Обама ќе учествува во кампањата на Камала Харис


Вашингтон – Поранешниот американски претседател Барак Обама ќе води кампања за потпретседателката и демократска претседателска кандидатка Камала Харис во неделите пред изборите на 5 ноември, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на Вашингтон пост. Обама ќе ја започне кампањата следниот четврток со патување во Питсбург (Пенсилванија), објави весникот, цитирајќи висок претставник на персоналот на Харис. Обама и […]

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор


Пратениците на Левица,  Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан во Собранието остварија средба со рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин. Тие разговарале за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на мултиполарниот свет.  -Од страна на нашите пратеници беше истакнато дека Левица се залага за отворена соработка со сите големи сили и членки […]

4 октомври во историјата – Џенис Џоплин умре од предозирање со хероин


  На 4 октомври 1970 година, пејачката Џенис Џоплин умира од случајно предозирање со хероин и била откриена во нејзината хотелска соба во Лос Анџелес, откако не се појавила на закажаната сесија за снимање. Таа имаше 27 години. Во летото 1966 година, Џенис Џоплин беше талкач; четири години подоцна, таа беше рокенрол легенда. Таа од […]

Апокалиптични сцени: Најмалку 18 мртви, а десетици исчезнати по поплавите во БиХ


  Според информациите на „Аваз“, во Јабланица загинале најмалку 16 лица, додека во Фојница се пронајдени две тела – една жена и еден маж. Според последните информации, најмалку 18 лица загинале во катастрофалните поплави кои го зафатија поголемиот дел од Босна и Херцеговина. Денеска во Фојница е пронајдено тело на жена, а според неофицијални информации […]

„Мајкрософт“ инвестира 4,3 милијарди евра во Италија


Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ најави инвестиција од 4,3 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција и управување со податоци во Италија, скицирајќи ги контурите на центар што треба да го опфаќа целиот Медитеран и Северна Африка. ItalyNorth ќе биде меѓу најголемите центри за податоци на „Мајкрософт“ во Европа и ќе биде центар за податоци за […]

Бесплатен јавен превоз за Бела ноќ и изменет сообраќаен режим за скопскиот маратон


Утре 5 октомври, превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“. Превозот ќе биде бесплатен од 18 до 2 часот по полноќ. ЈСП Скопје информира дека во недела на 6 октомври од 7 до 14 часот поради одржување на „Виз Ер скопскиот маратон“, дел од автобусите ќе […]

На 8 октомври во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит


Следниот вторник во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит во висина од 500 милиони евра. Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска денеска изјави дека на 8 октомври патува за Будимпешта. – На 8 октомври заминувам и тој ден ќе се потпишува кредитот во Будимпешта, Очекувам до крајот на следната недела парите да легнат на […]