Маск ќе присуствува на митингот на Трамп во Батлер, Пенсилванија, каде што беше застрелан во јули


Милијардерот Илон Маск ќе присуствува на митингот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Батлер, Пенсилванија, во сабота, на истата локација каде што Трамп беше застрелан во уво во обид за атентат за време на говорот во јули. Маск, кој во последниве месеци стана клучна фигура во кампањата на Трамп и ги зголеми своите политички трошоци […]

Најмногу дожд наврна во Пожаране и Лазарополе, 65 литри на метар квадратен


Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Пожаране и Лазарополе. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи наврнат е воден талот од 65 литри на метар квадратен. До осум часот утрово наврнати се 58 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 57 во Дебар, 56 на Попова Шапка, 53 во Тетово, 48 во Крушево, 45 […]

Иранската телевизија објави видео од нападот во кој беше убиен лидерот на Хезболах во Бејрут


Иранските медиуми објавија видео од моментот на израелскиот напад на бункерот на Хезболах во Бејрут, Либан, во кој минатата недела беше убиен лидерот на шиитската милиција Хасан Насрала. Во серија израелски напади беа убиени многу високи водачи на либанската милитантна група, нејзините електронски уреди беа кренати во воздух и уништен е дел од нејзиниот огромен […]

Израел го уби лидерот на вооруженото крило на Хамас во Либан


Во северен Либан е убиен Саид Аталах, шеф на вооруженото крило на Хамас – бригадите Ал Касам, јавија денеска британските медиуми, цитирајќи локален медиум поврзан со ова палестинско движење. Медиумите блиски до Хамас денеска објавија дека Аталах бил убиен, заедно со тројца членови на семејството, во израелски напад врз палестински бегалски камп во северниот либански […]

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица – Валандово


Поради сообраќајна несреќа утрово во прекин е сообраќајот на патот Струмица-Валандово на излез од село Костурино. Сообраќајот е во прекин утрово од 06:40 часот, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија. 

Израелските сили се обидуваат да влезат во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут


Либанското милитантно движење Хезболах утринава соопшти дека продолжуваат борбите против израелските сили на границата, а сведоци од Бејрут јавуваат дека во либанскиот главен град повторно се слушаат експлозии. Британските медиуми го цитираат милитантното движење кое утринава објави дека ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј и дека во тек се жестоки борби. […]

Трамп: Израел треба да ја гаѓа иранската нуклеарна инфраструктура


Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека Израел треба да ја таргетира иранската нуклеарна инфраструктура, откако сегашниот демократски претседател Џо Бајден рече дека „ќе размисли“ да ги гаѓа иранските нафтени постројки на местото на Израел. Тензиите меѓу Иран и Израел се на високо ниво бидејќи Израел ги разгледува опциите како да […]

Водачите од Заливот ја поддржуваат Палестина, но на многумина не би им пречело Израел да го предизвика Иран


Случајноста што во моментот на итната средба на министрите за надворешни работи на Заливот во Доха, се случува и посетата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на истиот град на разговори со емирот на Катар, го наметнува прашањето како ќе реагираат земјите од Персискиот залив доколку Израел продолжи со својот план да го искористи неодамнешниот воен […]

Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави  дека ако тој беше Израел, ќе разгледав алтернативи за гаѓање на иранските нафтени постројки, додавајќи дека мисли дека Израел сè уште не одлучил како да му одговори на Иран. Бајден ова го кажа во одговор на прашање на брифинг во Белата куќа. -Израелците не одлучија што да прават во […]

Натпревар „Инструментите на моите предци“ во ДКЦ „Карпош“


„Инструментите на моите предци“ е насловен натпреварот на класични и народни традиционални македонски инструменти кој денеска од 9 часот ќе се одржи во Детскиот културен центар „Карпош“. Наменет е за деца и млади од 10 до 18 години кои ќе натпреваруваат во свирење на гајда, хармоника, тамбура, кавал, кларинет, тапан. -Со овие натпревари ДКЦ „Карпош“ […]

Фестивал на биодиверзитет во „Јавна соба“


Четврто издание на Фестивалот на биодиверзитет ќе се одржи денеска во „Јавна соба“ во организација на „Слоу фуд Водно“ и со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и We Effect. Насловен е  „Нагости се, не бери гајле. Ајде на здравје, у Скопје“ и ќе може да се посети од  10 до 17 часот. […]

Концерт на триото „Агогик“ во Струмица во рамки на турнејата „Танго приказна“


Во Центарот за култура Струмица вечер во 20 часот концерт ќе одржи камерниот состав „Агогик “ со сценски настап на Владанка Колева и Онур Мок од „Центар 213“.  Ќе бидат изведени танго композиции, милонги, валцери од најпознатите композитори на тангото, како  Пјацола, Канаро, Гардел и други познати композитори. Настанот е  во рамки на концертната турнеја […]

Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт, од ДУИ велат пратеничката група работи во полн состав


Мендух Тачи од ДПА го напушта Европскиот фронт. Од ДУИ вчера не ја коментираа оваа информација, додека од ДПА за МИА изјавија дека наредните денови ќе има официјално соопштение. Во меѓувреме, дел од медиумите информираа дека имаат потврда од ДПА дека Тачи ја напуштил коалицијата Европски фронт. Премиерот Христијан Мицкоски, пак, вчера не сакаше да […]

„Розов пикник“ за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка


Во Градски парк, на „Школка“ денеска ќе се одржи „Розов пикник“ посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка, во организација на Здружението „Езра“. Според организаторите, на настанот ќе се обрати министерот за здравство, Арбен Таравари, како и актерката Весна Бејби Петрушевска. Организаторите најавуваат дека на настанот ќе има бројни активности, како […]

Дваесетта „Бела ноќ“ во Скопје


Во Скопје вечер ќе се одржува јубилејната, 20-та „Бела ноќ“, која Град Скопје секоја година ја организира во првата сабота од октомври. Институциите од културата ќе бидат отворени за публиката која ќе може бесплатно да посети изложби, концерти, перформанси, проекции, работилници… Традиционално, по повод манифестацијата „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и јавниот градски превоз од […]

Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер, најавуваат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од […]

Не може за Франција, може за Реал: Анчелоти потврди, Мбапе подготвен за Виљареал


Килијан Мбапе ќе го пропушти собирот на француската репрезентација во Лигата на нации иако се опорави од повредата.  „Галските петли“ на 10 и 14 октомври ќе играат против Израел и Белгија, а освен капитенот ќе им недостига и Антоан Гризман, кој неодамна најави повлекување од репрезентацијата. Дидие Дешан нема да смета на Мбапе, но затоа […]

Започна арбитражниот процес против Јаник Синер


Јаник Синер се надеваше дека од допинг аферата ќе се „извлече“ само со одземање на бодови, сепак Светската антидопинг агенција има поинакви планови за Италијанецот. Судот во Лозана објави официјално соопштение во кое потврди дека Светската антидопинг агенција поднела жалба на одлуката поврзана со Синер. Меѓународниот арбитражен суд ги извести Синер, ИТИА и ИТФ за […]

Турските градежни компании кои работат на Коридорот 5C, пратија конвој механизација во Јабланица


 Турските компании Cengiz Insaat Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и HGG Insaat Anonim Sirketi кои се занимаваат со изградба на автопатот на коридорот 5C денеска испратија своја механизација и работна сила во погодените подрачја од поплавите. Од базата на компанијата „Ченгиз“ во Жепчe, кон погодените подрачја тргнаа девет скипер камиони, три машини, лебедуца со багер, […]

Сиљановска: Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина


Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова преку „Твитер“ испрати порака со поддршка до Босна и Херцеговина, по катастрофалните поплави што ја зафатија земјата, во кои досега загинаа повеќе од 20 луѓе. „Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина погодени од разорните поплави. Размислувајќи за погодените семејствата и надевајќи се на сила и брзо […]