Романија добива заем од 920 милиони долари од САД за купување оружје


Американскиот Стејт департмент и одобри заем од 920 милиони долари на Владата на Романија за модернизација на армијата и „зајакнување на источното крило на НАТО“, објави денеска порталот Балканска безбедносна мрежа. По Полска, Романија е втората земја на источното крило на НАТО што добива специјализиран заем бидејќи ја модернизира својата војска потпирајќи се на САД […]

Најскапиот квадрат во Србија 9.125 евра, најскапиот стан речиси милион евра!


Во Србија според Републичкиот геодетски завод во вториот квартал годинава највисоки цени за станови се постигнати во Белград, каде што најскапиот квадрат е продаден по цена од 9.125 евра во комплексот „Белград на вода“, додека на истата локација најголема сума од 955.000 евра, издвоена е за стан со вкупна површина од 145 квадратни метри. Најскапата […]

Ахмети објави пет приоритети, прв е евроинтеграцијата


 Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети на неговиот Фејсбук профил ги објави и ги повтори петте приоритети и го повика Влен да ја напушти владата и заедно да стават крај на понижувањето на Албанците и другите. Тој на Фејсбук напиша дека нивните приоритети вклучуваат: Евроинтеграци без никакво одлагање и без никакви двоумења […]

One Stop Shop концептот и на Ќафасан-Ќафтане


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска е во работна посета на Република Албанија, каде оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа. На средбата беше констатирано дека досегашната соработка е на високо професионално ниво, со тенденција за унапредување преку склучување на договори и протоколи за соработка. „Со министерот Хоџа разговаравме […]

Меланија Трамп побарала 250.000 долари за интервју со Си-Ен-Ен. Ја одбиле


Пред речиси два месеци Си-Ен-Ен преку издавачот на книги на Меланија Трамп побара интервју со поранешната прва дама на Америка по повод објавувањето на нејзините мемоари, во кои таа зборуваше за многу теми за кои досега не зборувала. Откако размениле неколку мејлови за можно интервју, издавачот испратил необично барање на Си-Ен-Ен минатата недела – интервјуто […]

РЕК Битола не е во најдобра кондиција, не може да сметаме на сите три блока, вели Божиновска


Во следните седум дена ќе го правиме енергетскиот биланс. Ги гледаме состојбите, односно колку електрична енергија ќе ни недостасува. Ќе гледаме да набавиме на малку подолгорочен рок, односно нема да купуваме недела однапред енергија бидејќи тогаш е навистина многу скапо, информира денеска министерската за енергетика Сања Божиновска.  -Капацитетите на РЕК Битола не се во најдобра […]

Владата нуди помош за проблемот со водата за пиење во Струмица


Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска, на заедничка прес- конференција со директорот на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов, директорот на АД Водостопанство Филип Филиповски и директорката на Институт за јавно здравје Марија Андоновска, соопшти дека Владата и нуди помош на Општина Струмица за решавање на проблемот со водата за пиење. […]

Мисајловски: Идејата за враќање на задолжителниот воен рок е одлична за размислување


Идејата за враќање на задолжителниот воен рок е одлична за размислување, но во овој момент тоа не го разгледуваме како Влада, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски, посочувајќи дека треба да се разгледаат сите безбедносни предизвици и да се направи посебна анализа од Генералштабот, па потоа да се размислува за вакво прашање. Прашан дали можеби […]

УСЈЕ го претстави својот напреден пристап во примената на вештачката интелигенција на AI Tech Summit 2024


ТИТАН УСЈЕ го презентираше иновативните решенија во примената на вештачката интелигенција на годинешниот AI Tech Summit, кој на едно место собра водечки светски компании и експерти од областа на напредни технологии и вештачка интелигенција. Самитот кој се одржа во Скопје е еден од најзначајните настани на оваа тема во Југоисточна Европа, а ги обединува технолошките […]

Левица бара да се вратат субвенциите за струја


Владата со нов удар по џебот на граѓаните – ставката „субвенции“ на сметката за електрична енергија магично исчезна, пред почетокот на грејната сезона, реагира Левица со соопштение. Партијата бара да се вратат субвенциите. „Најпогодени од ваквата политика се граѓаните со најниски примања. По уште еден параметар, актуелната Влада, и покрај формирањето на ново Министерство за […]

Европски суд на правдата: Полот и националноста се доволни авганистанските жени да добијат азил во ЕУ


Европскиот суд на правдата денеска пресуди дека полот и националноста се доволни за да им се даде азил на жените од Авганистан, каде владејачките талибанци сериозно ги ограничија нивните права.  Британските медиуми пренесуваат дека пресудата е донесена откако властите во Австрија одбиле статус на бегалци на две жени од Авганистан, кои поднеле барање за азил […]

Предупредување од ЦУК: Доаѓа циклон, можни се локални проблеми


Од УХМР известуваат дека под влијание на циклонска активност започнувајќи од вечерните часови, како и за време на ноќта, се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата. Пообилни се очекува да бидат врнежите во западните и северо-западните делови на земјата каде за време на престојната ноќ локално според прогностичките модели се очекува да […]

Украина го уби шефот на проруската безбедност на нуклеарната централа со автомобил-бомба


Шефот на безбедноста на нуклеарната централа под руска контрола во јужна Украина е убиен  во автомобил-бомба, според руските и украинските власти.Андриј Короткиј, шеф на безбедноста во нуклеарната централа Запорожје, загина откако неговиот автомобил експлодираше во петокот наутро во украинскиот град Енерходар, окупиран од Русија. „Под возилото на шефот на обезбедувањето била поставена рачно изработена експлозивна […]

Одложено судењето за Вања и Панче: Еден од притворените е в болница


Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во предметот со К. бр. 1339/24, поврзан со двојното убиство на малолетната Вања од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски, бил префрлен од затворот на Клиниката за нефрологија поради влошена здравствена состојба. „Поради интерес на медиумите и невладините организации, кои […]

Јакимовски со детали за легализацијата на тениските терени: МВР не ја познава материјата! Постапката е законска


  Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференцијањ ги демантираше тврдењата на Министерството за внатрешни работи (МВР) поврзани со легализацијата на тениските терени на „Александар Палас“. Според него, целата постапка е законски спроведена и нема правни пропусти. Тој ја оцени кривичната пријава од МВР како политички притисок насочен кон него пред претстојните локални […]

Реакција на Министерството за неисплатените плати во НУ „Охридско лето“


Почитувани медиуми, во врска со вчерашното соопштение на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) и нивните наводи во однос на сè уште неизвршената исплата на плата на вработените во НУ „Охридско лето“ – Охрид за месецот август 2024 година, Министерството за култура и туризам на РСМ, со цел правилно и вистинито информирање на јавноста, […]

Изјава на министерката за образование и наука (во живо)


Изјава на министерката за образование и наука Весна Јаневска по доделувањето на признанијата на најдобрите просветни работници за учебната 2023-2024 по повод одбележувањето на 5 Октомври – Светскиот ден на учителот.   

САД се најголем поддржувач на Македонија, изјави Агелер


  Нема поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД и знам дека тоа беше повторено и на средбата меѓу претседателот Џо Бајден и Гордана Сиљановска-Давкова, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер.  Прашана каква и во која насока ќе биде најавената зголемена поддршка на САД за Северна Македонија, Агелер рече дека Бајден и […]

Орбан сакал да организира македонско-бугарска средба во Будимпешта


  Христијан Мицкоски откри дел од планот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за посредништво меѓу Скопје и Софија за да се намалат недоразбирањата и, ако може, да се амортизира усвојот од преговарачката рамка. „Планот на унгарскиот премиер Виктор Орбан е, како земја претседавач со ЕУ, Унгарија да организира билатерален состанок во Будимпешта меѓу Македонија и […]

Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“


 Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против шест лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПУ-КПД Идризово  и тоа: И.И. (37),  Ј.А. (36), И.Ј. (50),  Д.П. (34), Ф.Б. (31) и В.Т. (36), за сторено кривично дело „Овозможување бегство на лице […]