Поплави и во Црна Гора, отсечени села, гром удрил во дрво на летна тераса


Обилниот дожд што врне од вчера и во текот на ноќта предизвика поплави во повеќе градови во Црна Гора. Поради надојдената вода отсечени се и неколку села. Црногорскиот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија (ЗХМС) издаде црвен метеоаларм поради најавениот силен ветер и обилниот дожд. А се очекува ветерот да достигне и брзина од 90 километри […]

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар


Адора инженеринг, градежен бренд кој постои 22 години, започнува со изградба на нов станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora, во Општина Центар-Скопје, каде ќе се возобнови и реконструира дел од едно од најстарите скопски маала Крњево, што досега беше ругло во центарот на главниот град. Градежното земјиште на улица Беласица бр.1, кое е во […]

Германската полиција се подготвува за немири на 7 октомври


Германскиот полициски синдикат предупреди на потенцијални немири во земјата на 7 октомври кога е годишнината од нападот на Хамас врз Израел, јави ДПА. „Очекуваме пристојност од сите во Германија на 7 октомври“, изјави денеска претседателот на синдикатот Јохен Копелке за германската медиумска мрежа A&Д. Копелке рече дека полицијата презема решителна и доследна акција против одговорните […]

Субвенциите за инвертер клима уредите ќе бидат исплатени најдоцна за две недели


Субвенциите за инвертер клима уредите што беа дел од проект на минатата влада би требало да бидат исплатени за две недели, најави денес министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција посветена на првите 100 дена од функционирањето на министерството во рамки на Владата, таа рече дека […]

Мицкоски брзо ќе одговори на барањето на Филипче за затворена седница за евроинтегративниот процес


Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе го анализира предлогот на лидерот на СДСМ Венко Филипче да свика затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес и дека бргу од денеска ќе даде конкретна позиција поврзана со овој предлог. – Мора и Венко Филипче нешто да каже. Сега тој одбрал тоа да го каже. Во ред […]

Алкалоид АД Скопје вложува во истражувачко-развојна компанија во Јужна Кореја


Алкалоид АД Скопје како интернационална генеричка фармацевтска компанија тежнее да биде присутен во сите сегменти на овој бизнис и да им понуди на здравствените системи и на пациентите достапност до што поголемо портфолио и типови на лекови по прифатлива цена. Покрај вообичаените генерички лекови, Алкалоид АД Скопје има стратешка цел да настапи на пазарот и […]

Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор


Нема потреба од носење на Закон за амнестија само со една и единствена цел да се намали пренатрупаноста во затворите, туку треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор. Сето ова како законско решение го имаме и треба да биде почесто применувано, изјави судијката во Основниот кривичен суд Скопје, Билјана Коцевска пред почетокот на […]

Јаневска на дебата за застапеноста на политичката едукација во македонскиот образовен систем


Политичката свест на граѓаните и нивната ангажираност во политичкото уредување, играат важна улога во обликувањето на општеството и во поставување на општествените стандарди, вредности и норми. Оттука, мојот личен став е дека политичкото образование треба многу повеќе да биде застапено во Македонија, за да имаме повеќе општествено активни граѓани и носители на промени кон подобро. […]

Доктори што работат во приватните клиники сакаат да се вратат во јавните здравствени установи


Има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во државните, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција по повод 100 дена нова Влада. „Имаше забрана од тогашната влада од јули или авуст 2022 година да не може од приватните да преминат во јавните здравствени установи. Пред три недели помина на […]

Мицкоски „игра“ за Трамп за да го реши спорот со Бугарија?


  Изјавата на лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, дека Владата треба да бара од САД да ја притиснат Бугарија да попушти во спорот со Македонија ја отвора дилемата – дали премиерот Христијан Мицкоски смета на доаѓањето на Доналд Трамп како претседател на САД и затоа одбива да преземе какви било чекори за да ги […]

Божиновска: Цел ни е да бидеме лидер во зелената енергија


Одржливата, базната и домашната енергија ќе бидат приоритет на новата Влада. Тоа вклучува изградба на базни енергетски објекти, когенеративни електрани на гас, ветерни и соларни електрани и модернизација на РЕК Битола и усогласување со највисоките еколошки стандарди, како и конечно завршување на гасоводната  мрежа. Имаме визија од земја која увезува електрична енергија да станеме земја […]

МАЕ предупредува на комплицирано глобално снабдување со гас во пресрет на зимата


Меѓународната агенција за енергија (МАЕ) предупредува дека зголемената глобална потрошувачка на гас и геополитичките тензии може да го комплицираат снабдувањето со гас како што се приближува зимата. Според најновиот извештај на агенцијата, индустриската побарувачка, особено од Азија, придонесува за значително зголемување на употребата на гас. Агенцијата проектира глобалната побарувачка за гас да се зголеми за […]

Катните гаражи на Клинички центар ќе се градат со јавно-приватно партнерство


Отворање на Онколошко одделение во Градската општа болница „8 Септември“, катни гаражи во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ и реновирање на просториите на првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар, со поддршка на Амбасадата на Република Бугарија и Општина Ѓорче Петров, се дел од проектите на кои работи Министерството за здравство, а кои […]

Шпорет за готвење во природа, македонска иновација наградена за зелена бизнис идеја (видео)


 Мобилен шпорет за готвење во природа, е македонската иновација што доби награда на регионалниот натпревар „Зелени идеи“. Производот е на Трајче Рушев од MobiStove и е наменет за сите љубители на природата: планинари, кампери, шумски работници, крос кантри велосипедисти, оператори на екотуризам, организатори на музички фестивали на отворено,… -Ова е прв пат мојата иновација Mobi […]

Полска ќе го блокира патот на Украина во ЕУ поради историски прашања


  Полска ќе го блокира пристапот на Украина во Европската унија додека Киев не го реши прашањето за ексхумирање на жртвите од масакрот во Волин, што беше спорно прашање меѓу двете земји, изјави во четвртокот министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш. Во средата, Украинскиот институт за национално сеќавање ги објави плановите да дозволи теренско истражување во […]

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“


Во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ утре (5 октомври) ќе се одржи првата работилница против врсничко насилство организирана во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Почетокот е закажан за 18 часот, а на оваа средба родителите ќе можат подетално да се запознаат со проблемот со булингот и да дознаат како е најдобро да се […]

Таравари вети вработување на половина од средномедицинскиот персонал што работи со договор на дело


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска вети дека ќе направи се во координација со Министерството за финансии барем на половина од средно медицинскиот кадар кој работи со договор да биде вработен во јавните здравствени установи. Според него, во здравството до сега имало околу 2.500 договорци, генерално среден медицински кадар, медицински сестри, болничари и хигиеничари, за […]

Мојсова-Чепишевска: Македонија е во сето творештво на Анте Поповски – „Непокор“ и „Сина песна“ треба да бидат доразбрани


„Непокор“ и „Сина песна“ чекаат да бидат препрочитани, исчитани, доразбрани… Македонија е во сето творештво на Анте, исто онолку колку што може да се рече дека и сето творештво на Анте е Македонија. Но со поетичка димензионираност којашто и самата Македонија, преку Антевиот стих ја воздигнува од топос со историја да стане посебно место на […]

Две куќи на Екатерина Захариева под лупа на европратениците


  Две куќи на бугарскиот кандидат за еврокомесар Екатерина Захариева и нејзиниот сопруг Ангел Захариев во Бугарија и Грција предизвикаа интерес кај европратениците, дознава бугарската редакција на „Еурактив“ од извори од Европскиот парламент. Прашањата се појавија по повод декларацијата за интерес на Захариева поднесена до Европскиот парламент за да биде разгледана од комисијата за правни […]