(Видео/фото) Поплави во БиХ: 20 мртви, трудница евакуирана, но бебето не преживеа


Состојбата со поплавите во БиХ е алармантна, има загинати и исчезнати лица. Центрите на градовите беа претворени во реки, а некои места беа отсечени од светот. 20 мртви под урнатините Расте загриженоста поради најавата за нови обилни врнежи, а земјата се бори за секој човечки живот. #poplave i #odroni u #dreznica #jablanica #konjic #mostar Komadinovo […]

Борис Тадиќ стана директор на кинеска компанија за вселенска технологија во Хонг Конг


Кинескиот давател на услуги во областа на вселенската технологија и копнените апликации USPACE Technology Group го назначи поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, на позицијата независен неизвршен директор на компанијата со седиште во Хонг Конг. Како што пренесува Bizlife.rs, во соопштението на компанијата се наведува дека Борис Тадиќ, заедно со новоименуваниот извршен директор и претседател […]

ТАВ Македонија: За над 40 отсто порасна вкупниот авионски карго-транспорт на Меѓународниот аеродром Скопје


За над 40 отсто порасна вкупниот авионски карго-транспорт на Меѓународниот аеродром Скопје во изминатите осум месеци, известува ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми.   -Во периодот од јануари до август годинава, Карго-центарот кој работи во рамки на Меѓународниот аеродром Скопје сработел 41,9 отсто повеќе карго-пратки за воздушен транспорт.  Импресивниот раст, или превезените 3.062.736 […]

Вработените во „Охридско лето“ бараат итна исплата на августовската плата


Платите не се исплатени поради забелешки од Министерството за култура и туризам за наводни неправилности во доставеното барање за платите, за кои Синдикатот смета дека се паушални и непоткрепени со што се прави огромна штета на вработените во Нацоналната установа (НУ) „Охридско лето“.   „Посочената одредба јасно упатува на заклучок дека раководното лице на установата […]

Ангеловска-Бежоска: Поголема застапеност на жените на пазарот на труд за поголема отпорност и раст на економиите


  Родовиот јаз во светски рамки и натаму е висок и според Извештајот за глобалниот родов јаз од 2024 година, тој изнесува 32%. Процените говорат дека за да се затвори овој јаз ќе бидат потребни дури 152 години, што е значително повеќе во однос на периодот пред пандемијата. „За да се отстранат препреките и за […]

Од 10 ноември во ЕУ ќе се влегува со отпечатоци и фотографирање


Државјаните на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Украина и други земји на чии граѓани не им треба виза за влез во Европската Унија, од 10 ноември годинава на границите ќе мора да дадат отпечатоци од четири прсти и фотографија на лицето, во рамки на новиот Систем за влез и излез […]

Шолц контра Макрон: Ти ќе ја умреш ЕУ, не ние!


Емануел Макрон и Олаф Шолц ги предводат двете најголеми економии во ЕУ, споделувајќи граница долга 280 милји. Но, кога станува збор за заштита на Европа од глобалните закани, овие соседи можеби се наоѓаат и на различни планети. На настанот во Берлин оваа недела, францускиот претседател предупреди дека ЕУ „може да умре“ и дека ако продолжи […]

Меѓународна македонско-полска научна конференција на Филолошки факултет


Одбележување на 65–годишнина од основањето на македонската полонистика на Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, УКИМ, која ќе се одржи на 4 и 5 октомври 2024 во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во двата конференциски дена на сесиите ќе учествуваат 43 истакнати научници од Македонија, Полска, Србија, Хрватска, […]

Младите на „Џифони“ не гледаат само филмови, туку ја градат и својата личност


Повеќе од 400 млади од осум земји ја наполнија салата на киното „Милениум“ синоќа, со што го започнаа 12. патешествие наречено „Џифони Македонија“. Проекцијата на филмот „Последниот пат кога бевме деца“ на Клаудио ја остави без зборови публиката на фестивалот, со својата топла, но и трогателна приказна, многумина ги разнежни, а неколку сцени од филмот […]

Зеленски ќе учествува на самит Балкан-Украина во Хрватска


Хрватска следната недела ќе биде домаќин на самит на балканските лидери за Украина, на кој ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави хрватскиот премиер. Целта на состанокот, кој ќе се одржи во јужното јадранско одморалиште Дубровник, е „целиот регион да ги поддржи Украина и украинскиот народ во нивната борба за слобода“, рече премиерот Андреј […]

Пандов бара затворениците што одат на работа, од дома да ја одлежуваат казната


Да профункционираат казнените „алкиж3, со кои се следи движењето на осудениците, да се изречат условни прекини на затворските казни и други мерки предлага директорот на Управат за санкции Александар Пандов, ксо цел да се растоварат затворите, кои се пренатрупани.   – Во затворите имаа околу 400 затвореници кои се со А-третман, значи одреден дел од нив, […]

Николоски замислува брзата пруга до Гевгелија да одела од Куманово преку Штип, Радовиш и Струмица


  Министерот за транспорт, Александар Николоски, имал и разработен план каде би одела брзата пруга, чиј заговорник е тој, низ Македонија и да оди до Солун. Според неговите планови, Скопје е на спореден колосек, дел од „тријаголникот“ за поврзување. Планот што го изнесе Николоски во интервју за поткастот „Каде се парите? Со Горан Теменугов“ изгледа […]

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас! (Фото)


Во пресрет на новата сезона, Fashion Group внесува свежина во секојдневието. Инспирирани од „Натпросечните Македонци“ Тино и Атанас, „Натпросечно со стил“ доаѓа во време кога на сите им е потребна смеа и подобро расположение.  Новата кампања за сезоната есен-зима ’24 на модната групација е посветена на сите убавини и нови почетоци што со себе секогаш […]

Пентагон: НАТО нема да пресретнува руски ракети над Украина


Пентагон соопшти дека НАТО нема да пресретнува руски ракети и беспилотни летала над Украина, како што тоа го прави над Израел, бидејќи тоа се „две сосема различни боишта“. Заменичката за печат на Пентагон, Сабрина Синг, нагласи дека Украина била многу успешна во користењето на сопствената противвоздушна одбрана. Таа, исто така, извести за разговорот меѓу шефот […]

Морничави сцени во Босна и Херцеговина: Сѐ е под вода, загинаа три лица (фото/видео)


Босна и Херцеговина ја погодија поплави, а според медиумите најмалку три лица загинаа. Фотографиите и видеата најдобро ги опишуваат последиците од излевањето на реките што предизвикаа поплави. Кисељак е целосно под вода, струјата снема, а мештаните се заробени во куќите. Kiseljak na vodi. Haos.Koliko smo bahati prema prirodi kad ona uzvrati udarac? pic.twitter.com/DnC6jyLNCR — Black […]

Протести во Виена против можната екстремно десничарска влада


Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците на Виена, протестирајќи против можноста екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) да биде дел од новата влада. Организаторите тврдат дека се собрале околу 25.000 луѓе, додека полицијата не излезе со официјални бројки. Популистичката ФПО победи на изборите одржани во неделата со околу 29 проценти од гласовите. Повеќето од […]

Малолетник загина, а едно лице е повредено во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка


Малолетник загина, а едно лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случи вчера на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош, соопшти денеска СВР Куманово.   Во сообраќајката учествувало возило „бмв” со албански национални ознаки и мотоцикл ,,јамаха”. – Вчера околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на […]

Хороскопски знаци кои не дозволуваат емоциите да ги понесат


Кај овие знаци на Зодијакот преовладува логиката. Има луѓе кои се водат од логиката и не дозволуваат емоциите да ги одведат на погрешен пат. Всушност, во секој момент можат да ги „исклучат“ како да имаат прекинувач на срцето. Од „надвор“ делуваат далечни, па дури и ладни, но тоа е нивниот начин на функционирање и заштита. […]

Ракометарите на Веспрем триумфираа на Светско клупско првенство


Ракометарите на унгарски Веспрем се победници на 17. издание на Светското клупско ракометно првенство, откако синоќа во финалето во Каиро по продолженија го совладаа двократниот бранител на титулата Магдебург со 34-33. Тоа е прва светска клупска титула за унгарскиот тим, а рекордер и натаму е Барселона со пет титули. Финалето донесе одличен ракомет со многу […]

Пристигна големата комета последен пат видена од неандерталците


Голема комета која би можела да стане најсветлата во овој век се приближи до Сонцето во последните недели. C/2023 A3 (Tsuchinshan-ATLAS), или скратено А3, беше откриена во јануари 2023 година и брзо го привлече вниманието на астрономите и ентузијастите ширум светот. Тој куп мраз и прашина доаѓа од Ортовиот Облак, огромна сфера на остатоци од […]