Фатени две жени кои краделе од марект во Гостивар


Во саботата во 16.15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Р.А.(51) и Р.С.(26), двете од гостиварско, кои биле пријавени дека биле фатени при кражба во маркет во Гостивар. Тие се задржани во полициска станица за расчистување на случајот и против нив ќе следува соодветен поднесок.

Се чека реакцијата на Израел: Црвената полумесечина на Катар и УНРВА потпишаа договор


Катарската Црвена полумесечина и Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) потпишаа договор вреден 4,5 милиони долари од Катарскиот државен развојен фонд за помош на повеќе од 4.400 палестински работници и пациенти лоцирани на Западниот Брег. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху долго време бара распуштање на УНРВА, обвинувајќи го за антиизраелско однесување. Неколку земји го суспендираа […]

Возач во авто школа прегазил малолетник, потоа ја нападнал и неговата мајка


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред авто школа на подрачјето на Бит Пазар, откако со возило бил удрен малолетник од Скопје, возачот од возилото физички го нападнал. „Потоа, според пријавеното, откако малолетникот се пожалил на неговата мајка Ѓ.Ј.(39) од Скопје, таа дошла […]

Објавена прогноза за септември: Во Европа дождови и поплави, Сахара може да стане зелена


Изгледа како историски топлиот период да заврши во голем дел од Европа и полека се наближува есента. Како што информира Severe Weather Europe, првиот фронт веќе ќе го премине северниот дел на Медитеранот и Алпите во текот на ноќта од недела кон понеделник. Можност за силни грмежи, а од понеделник наутро можни се поплави на […]

По 20 евра ќе плаќаат туристите од крузерите на грчките острови Миконос и Санторини


Грција нема структурен проблем со прекумерниот туризам, целта не се пристигнувањата, туку приходите, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на традиционалната прес-конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун и паралелно соопшти дека патниците од крузерите ќе плаќаат по 20 евра на островите Миконос и Санторини во високата туритичка сезона. На традиционалната прес-конференција што се одржува […]

НАТО Алијансата упати честитка по повод Денот на независноста


Северноатланската алијанса НАТО упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. Преку објава на платформата X, НАТО Алијансата повикува на придружување во славењето на Денот на независноста, на како што велат „нашиот сојузник Северна Македонија“. Retweet to join us in celebrating our Ally 🇲🇰 North Macedonia on their Independence Day!#WeAreNATO 🤝 @MKmissionNATO pic.twitter.com/eH3gqa3qBK […]

Сабаленка ја освои титулата на УС Опен


Белорусинката Арина Сабаленка ја освои титулата на последниот тениски гренслем турнир во сезоната во конкуренција на тенисерки, откако викендов во финалето на Ју Ес Опен во Њујорк ја победи Американката Џесика Пегула со 7-5, 7-5. За Сабаленка ова е втора „гренслем“ титула во 2024 година, откако во јануари беше најдобра на Австралија опен. Откако лани […]

Битолски села на границата со Грција се без струја, сточарите направија бели реки од расипано млеко  


  Жителите на битолските села Гермијан, Бач, Брод, Живојно, Добровени и Скочивир од вчера се без струја, а како што велат за кусо време ќе останат и без вода. Бидејќи станува збор за сточарски крај, без струја и соодветно ладење им се расипа и млекото па го истурија по ендеците и направија бели реки низ […]

Дачиќ со претседателот на Интерпол разговарал за формирање регионална канцеларија на оваа организација во Србија


Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска се сретна со претседателот на Интерпол Ахмед Насер Ал Раиси, на маргините на Глобалниот форум за соработка во областа на јавната безбедност во Лианџунганг, Народна Република Кина. Како што соопшти српската влада, Дачиќ истакнал дека Министерството за внатрешни работи на Република Србија е сигурен […]

Олимписките игри ѝ оддадоа почит на убиената маратонка


Организаторите на Игрите пренесоа порака на француски и на англиски јазик преку системот за јавно обраќање во спомен на спортистката која беше убиена на 33-годишна возраст. Организацискиот комитет на Олимпијадата ѝ оддаде почит на угандаската маратонка Ребека Чептегеи, која беше убиена во Кенија откако беше жива запалена од маж што се претставуваше како нејзин партнер, […]

Њујорк Пост: Бајден за време на мандатот 40 отсто од времето го поминал на одмор


 Американскиот претседател Џозеф Бајден поминал 532 дена на одмор, што е околу 40 отсто од 1.326 дена колку што е на функцијата, пишува Њујорк пост, повикувајќи се на податоци од Републиканскиот национален комитет (РНЦ). Според извештајот, на просечниот Американец, кој има 11 денови за одмор, би му требале приближно 48 години за да го акумулира […]

Поради непочитување на пресуда на Судот за човекови права, БиХ може да биде исклучена од Советот на Европа


Азра Зорниќ, по чија жалба Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) пресуди против Босна и Херцеговина (БиХ) поради дискриминација, денеска најави можност да побара исклучување на БиХ од Советот на Европа поради неспроведување на таа пресуда. На седницата на Здружението на независни интелектуалци „Круг 99“ на тема „И БиХ против пресудите на Европскиот суд за […]

Три години по пожарот во модуларната болница во Тетово каде загинаа 14 луѓе


Денеска се навршуваат три години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 луѓе, а десетина лица беа повредени. Од 14-те луѓе кои починаа поради пожарот, 12 беа на болничко лекување таму како заболени од Ковид-19, додека двајца беа членови на семејствата на болните. Основен суд Тетово веќе спроведе судски […]

Стармер за одлуката да го отстрани портретот на Тачер од работната соба во Даунинг стрит 10


  Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата одлука да го отстрани портретот на Маргарет Тачер која беше премиерка на Велика Британија од 1979 до 1990 од работната соба во неговата резиденција на Даунинг стрит „воопшто не била поврзана со неа“. Британските медиуми на 30 август јавија дека Стармер ќе ја отстрани сликата од неговата […]

Блинкен по повод 8 Септември: САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник Северна Македонија на европскиот пат


 Честитка по повод Денот на независноста 8 Септември упати американскиот државен секретар Ентони Блинкен. -Американскиот народ и народот на Северна Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат […]

Хорор во Турција: Пронајдено телото на девојче по кое се трагаше 19 дена


Безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна во турската провинција Дијарбекир на 21 август, беше пронајдено во поток недалеку од селото во кое живееше, по 19 дена опсежна потрага. Телото на девојчето е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина, јавува Anadolu Agency, според првичните сознанија, девојчето било убиено, а телото било […]

Пандев побара неотповикливи оставки од Сејдини и Милевски: Чашата е прелеана


Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал и поранешен долгогодишен капитен Горан Пандев оцени дека вчерашниот резултат на македонската репрезентација против Фарски острови (1-1) е „понижувачки, кој ја прелеа чашата“ и ги повика претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и селекторот Благоја Милевски, да поднесат неотповикливи оставки. „Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно шес […]

Мицкоски: Исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината


Тогаш битката беше како ќе се исправиме на нозе, денеска битката е како ќе направиме големи чекори напред, истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената академија по повод Денот на независноста – 8 Септември под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. На Свечената академија во организација на Владата, Мицкоски рече дека овој ден […]

Вчера имало 38 пожари на отворено, активни се уште три


Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои активни се три, под контрола се четири и изгаснати се 31 пожар. Според информациите на ЦУК, активни се пожарите во Општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово каде што гори нискостеблeста шума, во […]

Почина актерката Снежана Стамеска


 На 79 годишна возраст денеска почина актерката Снежана Стамеска, соопштија од Драмскиот театар Скопје. Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирала на Театарската академија во Белград во 1970 година и од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010, Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар […]