„Политико“ прогнозира: Владис Домбровскис од Латвија ќе биде новиот еврокомесар за проширување


  „Политико“ прогнозира дека Владис Домбровскис од Латвија ќе биде новиот еврокомесар за проширување, поточно потпретседател на Европската комисија за проширување и за обнова на Украина.  „Домбровскис е тешкаш од Европската народна партија кој собираше економски портфолија во текот на своето време во Берламонт. Тој, исто така, беше во првите редови на поддршката на ЕУ […]

Атина денеска без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите


Атина – Од пет часот утрово таксистие во Атина, организирани од нивниот Синдикат, започнаа 24-часовен штрајк поради, како што велат,„низа владини одлуки и важни законодавни пропусти што се однесуваат на нивниот сектор“, јави дописничката на МИА од Атина. Од Синдикатот потенцираа дека новите даночни и осигурителни закони ќе ги доведат до финансиска пропаст, а планираната транзиција […]

Повеќе од 35.000 објекти се загрозени од пожарот источно од Лос Анџелес


Лос Анџелес – Повеќе од 35.000 објекти се загрозени од пожар што гори источно од Лос Анџелес, што предизвика наредби за евакуација и вонредна состојба во Јужна Калифорнија, соопштија локалните власти. Пожарот, кој избувна во четвртокот источно од Сан Бернардино, до вчераутро уништил површина од 17.459 хектари, според Калифорниското одделение за шумарство и спречување пожари, […]

Во сенката на допингот, Синер ја освои титулата на УС Опен


Њујорк – Првиот светски рекет Јаник Синер триумфираше на гренслем турнирот Ју Ес Опен, откако синоќа во финалето во Њујорк го совлада американскиот тенисер Тејлор Фриц со 6:3, 6:4, 7:5. Италијанецот доминираше во првите два сета, а до конечниот триумф дојде со пресврт во третиот сет, во кој се врати од негатива од 3-5 во […]

Трамп се заканува со „невидени кривични гонења„ на изборната администрација, ако дојде на власт


Поранешниот претседател Доналд Трамп  се закани со гонење и „долгорочни затворски казни“ за изборните функционери и политичките оперативци, за кои посочи дека би можеле да мамат на изборите во 2024 година, доколку тој повторно ја добие претседателската функција во ноември. Трамп, повторно лажно тврдејќи дека демократите се вклучиле во лажирање на изборите во 2020 година, […]

Намалената реколта на пченица во ЕУ ја засилува русификацијата на земјоделскиот пазар


Русија ќе ги искористи намалениот приноси на пченица од годинешната реколта во ЕУ за да се пробие на пазарите кои се традиционални увозници на житни култури од Унијата, што дополнително ќе придонесе за „русификација на глобалниот земјоделски пазар“, оценуваат експертите.  Во прилог на оваа оценка се посочува случајот со Египет, кој минатиот месец најави досега […]

Македонија ќе добие Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNe


Северна Македонија ќе добие Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNet, што се смета за европски стандард кога е во прашање безбедноста на децата и младите во дигиталниот простор. Неговото формирање, според експертите, е насушна потреба, поради незадоволителната дигитална писменост и случаите на интернет кои имаа сериозни последици. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во […]

Пети Сајалва, сопругата на Брус Спрингстин, откри дека има рак на крвта


Пети Сајалва, сопругата на Брус Спрингстин и колешка од бендот Е Стрит, откри дека во 2018 година и бил дијагностициран мултипен миелом, форма на рак на крвта. Сајалва се осврна на својата дијагноза во новиот документарен филм „Road Diary: Bruce Springsteen and the E Street Band“, кој беше премиерно прикажан во неделата вечерта на филмскиот […]

На 86 години почина Ана Гиева, легенда на македонската народна музика


Почина пејачката Анка Гиева, една од легендите на македонската народна музика. Имаше 86 години. Семејството соопшти дека таа починала на 7 септември, а ќе биде погребана на 9 септември на градските гробишта во Бутел во Скопје. Родена во Скопје, Гиева била професионално вработена во Македонскиот народен театар (МНТ), а потоа во Државниот ансамбл за народни […]

Државата мора да ја надмине политиката на популизам во културата, вели Дамевски


Кај нас долги години се води политика на популизам кога е во прашање финансирањето на проекти од културата. Но, државата мора да најде модус и да избере што е најважно во тој момент, што најдолгорочно ќе даде некаква видливост за земјата. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите, вели во […]

Отворен фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“


Завесата на 32. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој традиционално почнува на Денот на независноста, синоќаа ја кренаа актерите од НТ „Антон Панов“ Струмица со претставата „Црна Дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Годинашното фестивалско издание за отворено го прогласи градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. – Струмица го […]

Променливо облачно со слаб до умерен ветер, попладне се очекува пороен дожд проследен со грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Попладне, како и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник 9 септември 2024 година, 253-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 113 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 8 минути, а ќе зајде во 18 часот и 53 минути. Денов трае 12 часа и 45 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Вил Џенингс, добитник на Оскар за „My Heart Will Go On“ и „Up Where We Belong“, почина на 80 години


Американскиот текстописец Вилбур Х. Џенингс, авторот на стиховите за хитот „My Heart Will Go On“ од филмот Титаник, почина на 81-годишна возраст, објави „Холивуд репортер“. Тој починал во својот дом во Тајлер, Тексас. Негувателката на починатиот, Марта Шерод, изјави дека тој страдал од сериозни здравствени проблеми во последните шест години. Својата холивудска кариера ја започнал […]

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Неготино


Со тешки повреди се здобил мотоциклист при судир со возило „пасат” вечерва во Неготино. Информацијата за МИА ја потврди портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.  – Вечерва во 20:45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата од улиците „Идустриска” и ,,Маршал Тито” се случила сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл „сузуки” со кавадаречки регистарски ознаки, […]

Римски воен камп е пронајден длабоко во Алпите на надморска височина од 2.200 метри


Истражувачите открија римски воен камп стар 2.000 години, скриен во планините во Швајцарија. Локалитетот се наоѓа на Алпите во источна Швајцарија и северна Италија, на надморска височина од 2220 метри. Во римско време, тој бил заштитен со три ровови и одбранбен ѕид познат како бедем. Кампот, кој датира од првиот век п.н.е., се наоѓа на […]

Дали знаете зошто не треба да користите омекнувач при перење алишта?


Експерт за перење предупреди дека има една работа што не треба да ја ставате во машината за перење. На пазарот има многу производи кои ветуваат дека ќе ја исчистат вашата облека и ќе ја направат мека, но некои експерти за перење предупредија на некои од нив. Еден експерт истакна дека никогаш не би ставил една […]

Уапсени 13 члена на француско-холандска банда, кои кревале во воздух банкомати низ Европа


Француската полиција во Стразбур уапси француско-холандска криминална банда која ограбувала низ Европа. Според француските медиуми, станува збор за група од 13 мажи кои наводно украле стотици илјади евра. ТВ BFM објави дека бандата била уапсена во петокот наутро кога нејзините членови се вратиле од грабеж на банкомат во Германија. Француската телевизија јавува дека осомничените се […]

Судан го отфрли повикот на Обединетите нации за ангажман на меѓународни мировни сили


 Воената влада на Судан го отфрли повикот на Обединетите нации (ОН) за распоредување меѓународни сили за заштита на цивилите од граѓанската војна во земјата. Суданските завојувани страни извршиле „болно“ кршење на човековите права на цивилите, објавија ОН. Неколку илјади луѓе се убиени и речиси осум милиони раселени од избувнувањето на конфликтот меѓу армијата и паравоените […]

Нереална доминација на Кинезите – 220 медали на Параолимписките игри!


На неодамна завршените Параолимписки игри во Париз (28 август – 8 септември) натпреварувачите од Кина беа убедливо најдобри и најуспешни по бројот на освоени медали. Само во параатлетските дисциплини, спортистите од втората најнаселена земја во светот освоија 21 златен медал, 22 сребрени и 16 бронзени медали. Речиси досега не била забележана таква доминација на спортисти […]