(Во живо) Мицкоски на почеток на доградба на ООУ „Блаже Конески“


Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски присуствува на започнување на доградба на ООУ „Блаже Конески“ во населено место Мичурин, Општина Аеродром. Неговата изјава следете ја во живо на линкот во продолжение:

Промоција на „Истарско злато“ на Мајк Дауни и проекција на „Караула“ на „ПРО-ЗА Балкан“


Британскиот филмски продуцент и писател Мајк Дауни, вечерва, во 20 часот во Кинотеката ќе го претстави својот роман „Истарско злато“, во издание на „Прозартмедиа“ од Скопје. Гостувањето е во рамките на 12. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, чија официјална програма заврши синоќа со врачувањето на наградата „Прозарт“ на српскиот писател Владимир Пиштало. Разговорот со Дауни […]

Ограбувал обложувалници под закана со скалпел


Вчера, во 18.30 часот во Скопје, во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода С.А. (36) од тетовско, кој претходните денови извршил кривични дела „разбојништво“ во обложувалници и помали трговски објекти на територија на Скопје, заканувајќи се со скалпел. При преглед кај него е пронајден скалпел […]

Родени се да бидат милионери! Овие хороскопски знаци се миленици на судбината


Астролозите тврдат дека знакот на хороскопот може да ја одреди нашата судбина на многу начини. Некои од нашите аспирации, маани и доблести се запишани во ѕвездите, а со положбата на планетите тие можат повеќе да се изразат и да не потсетуваат на нашите постапки. Некои знаци од хороскопот се миленици на планетите и сè им […]

Малолетник заврши во болница по напад со нож од врсници во Скопје


Малолетник е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ поради повреди добиени од напад со нож од страна на неколку малолетници. „Денеска (17.09.2024) пријавено е дека во близина на училиште во Скопје, малолетник бил нападнат со остар предмет од неколку лица, најверојатно малолетници. Лицето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош. […]

Германија продолжува со депортации во Србија и Косово


Првиот чартер во рамките на новата депортациска офанзива на германската влада пред две недели полета за Авганистан. Вториот лет се реализираше вчера, од Хамбург до Белград и Скопје. Според дневниот весник „Билд“, вкупно 36 лица, претежно државјани на Србија и Косово, на кои им било одбиено правото на азил или имале други причини за протерување, […]

Добредојдовте во светот на италијанската мода: Луиза Спањоли пристигна во Скопје, во Рамстор Мол!


Луксузниот италијански бренд со долгогодишна традиција за дамска мода, Луиза Спањоли, носи врвна елеганција и квалитет, нудејќи им на сите дами безвременски модни парчиња кои ја истакнуваат нивната софистицираност.  Зад овој престижен бренд стои името на италијанката Луиза Спањоли, визионерка и претприемачка која со својот иновативен дух остави длабока трага во историјата на модата. Родена […]

За помалку од 50 денари направете спреј и ослободете се од пајаците во куќата


Многу луѓе имаат фобии од пајаци и не можат да поднесат да бидат во нивна близина. Затоа се опседнати со чистење на прашината, особено на аглите од куќата каде најчесто се собираат пајаци. Пајаците многу лесно формираат мрежа и потоа влечат други инсекти во неа, што може да создаде дополнителен проблем. Многу домашни штетници се […]

Трамп: Жена го забележала атентаторот, реакцијата била неверојатна. Жените се попаметни!


Доналд Трамп ја пофали „неверојатната“ реакција на жената за која рече дека го следела напаѓачот додека тој бегал по обидот за атентат. Во своето прво јавно појавување по инцидентот, републиканскиот претседателски кандидат им кажа на толпата дека неименуваната жена видела „нешто лошо“ во напаѓачот. Говорејќи пред поддржувачите во Флинт, Мичиген, Трамп рече дека да се […]

Напад со дрон предизвика пожар и принуди евакуација во руската област Твер


Украински напад со дрон предизвика пожар и принуди да се евакуира дел од населението во руската област Твер. -Делови од уништеното украинско беспилотно летало предизвикаа пожар во градот Торопетс, во западниот дел на областа Твер, напиша на Телеграм гувернерот на регионот северозападно од Москва, Игор Рудењ. Рудењ додаде дека пожарникарите се обидуваат да го локализираат […]

Како експлодираа 5.000 пејџери на Хезболах? Изворите детално ја опишаа акцијата на Мосад


Израелската разузнавачка агенција Мосад поставила мала количина експлозив во 5.000 пејџери од тајванско производство, нарачани од либанската група Хезболах неколку месеци пред вчерашните детонации, изјавија безбедносни извори за Ројтерс. Операцијата претставува невидено нарушување на безбедноста од страна на Хезболах, во која илјадници пејџери беа детонирани низ Либан, при што загинаа девет лица и беа ранети […]

Обука за парамедици во Охрид


Охридскиот Црвен Крст во партнерство со филијалата на организацијата на холандскиот град Зеволде, од 12 септември оваа година започна со реализација меѓународна напредна обука по прва помош или обика за парамедици (PHTLS – Prehospital Trauma Life Support). Обуката ја води искусен инструктор за прва помош од Холандија, со обука за PHTLS завршена на Јеил универзитетот […]

Хезболах соопшти дека 12 лица загинале во експлозиите на пејџери во Либан


Хезболах денеска објави дека бројот на загинати од пејџер експлозија во јужен Либан се искачи на 12, откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите, пишува „Тајмс оф Израел“. Од октомври минатата година, израелските сили убиле 453 членови на Хезболах во вооружени судири, соопшти Хезболах. Најмалку девет лица загинаа, а речиси три илјади […]

Украинската противвоздушна одбрана одби напад врз Киев, руски гувернери известуваат за напади на украински дронови


 Украинската противвоздушна одбрана дејствуваше во предградијата на Киев за да одбие напад од руски дронови, се наведува во соопштението на украинската воена администрација на Телеграм. Запорожје исто така беше под масивен напад, според Иван Федоров, шеф на регионалната воена администрација. Две лица загинаа во нападот на областа Запорожје. Украинските сили известија за воздушни тревоги во […]

Хезболах му се закани на Израел. Тајванскиот производител: Само нашето лого е на пејџерите, произведени се во Европа


Најмалку девет лица, вклучително и едно дете, се убиени откако пејџерите користени за комуникација од членовите на вооружената група Хезболах експлодираа низ Либан, изјави министерот за здравство на земјата. Иранскиот амбасадор во Либан беше меѓу 2.800 ранети во истовремени експлозии во Бејрут и во неколку други региони. Хезболах, кој е поддржан од Иран, рече дека […]

САД испраќаат над 100 војници и мобилни ракетни системи на Алјаска


Американската војска премести повеќе од 100 војници и мобилни ракетни системи на еден од ненаселените Алеутски острови во западна Алјаска поради неодамнешното зголемување на руските воени авиони и бродови кои се приближуваат до територијата на САД, објавија американските медиуми. Осум руски воени авиони и четири поморски бродови, вклучително и две подморници, се приближија на Алјаска […]

„Љубовната соба“ со награда за најдобар документарен филм и четири нови фестивалски учества во септември и октомври


Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ на режисерката Сузана Диневски беше дел од официјална селекција и е избран за најдобар документарен филм на неодамнешниот филмски фестивал Сербест | SIFF | што се одржа од 5-10 септември, 2024, во Кишинев, Република Молдавија. Во овогодинешната натпреварувачка програма беа вклучени филмови од 42 земји на многу талентирани режисери од […]

Манифестација „Македонското наследство на вмреженоста и поврзаноста“ во Порта Македонија во Скопје


Манифестацијата „Македонското наследство на вмреженоста и поврзаноста“ во рамките на Денови на европското наследство 2024, ќе се одржи денеска во објектот Порта Македонија во Скопје, со почеток од 13:00 часот. Организатор на настанот е Управата за заштита на културното наследство. На свеченото отворање на манифестацијата свое обраќање ќе имаат министерот за култура, Зоран Љутков, заменик-министерката […]

Во Мичурин ќе почне доградбата на ООУ „Блаже Конески“


Во населбата Мичурин во Општина Аеродром денеска ќе се означи почетокот на доградбата на Општинското основно училиште „Блаже Конески“. Како што најавија општинските власти, настанот ќе се одржи во дворот на училиштето, а ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски. Почетокот на градежните работи ќе ги означи в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.