Во Скопје меѓународна конференција за бизнис ангели


Меѓународна конференција „Бизнис ангелите и претприемачки екосистем во Северна Македонија. Можности и предизвици“ денеска ќе се одржи во Скопје на која свое обраќање ќе има министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Дурмиши ќе има свое излагање на панелот насловен „Истражување и практики за пристапот до инвестиции на бизнис ангели“ на кој ќе се обратат […]

Трибина за полиграфот и негова примена во јавен и приватен сектор на Факултетот за безбедност


Тркалезна маса со наслов „Полиграфот како средство за детекција на психофизиолошки измами и негова примена во јавен и приватен сектор“, денеска ќе се одржи во салата за состаноци во библиотеката „Јордан Спасески“ при Факултетот за безбедност, со почеток во 10:00 часот. Трибината е организирана од Факултетот за безбедност – Скопје во соработка со Полиграф центарот.

Во Охрид состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите


Во Охрид денеска попладне ќе почне 23. Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите, на кој ќе се обрати и директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов. На дводневниот состанок, како што информираат од АХВ, ќе учествуваат високи претставници на Европската комисија (ЕК), Организацијата за земјоделство и храна […]

Во ДПМ ќе бидат врачени традиционалните годишни награди


Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) вечерва во 19 часот ќе се одржи свеченото врачување на традиционалните годишни награди на Друштвото за 2023 година. Како што најавија од ДПМ, ќе биде врачена наградата „Стале Попов“ за „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, наградата „Ацо Шопов“ за „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, „Ванчо […]

Заемот од Унгарската експорт – импорт банка доби виза од пратениците, следува потпишување договорот


Петстотини милиони евра ќе земе државава од Унгарската Експорт импорт банка, како заем што според најавите од Владата ќе биде потрошен за поддршка на инфраструктирни проекти на општините и помош за стопанството, откако Собранието вчера го изгласа Законот што е услов да се склучи Договорот за задолжувањето. Законот, по скратена постапка, доби гласови на 65 […]

ЕК препорачува забрана за пушење на јавни игралишта, луна паркови, базени и постојки


Европската комисија усвои препораки за подобра заштита на луѓето во ЕУ, особено на децата и младите, од ефектите на пасивното пушење и аеросолите, преку проширување на реоните на отворено во кои ќе биде забрането пушењето цигари.   Согласно овие препораки до земјите членки на ЕУ, новите „зони без чад“ треба да ги вклучат местата за […]

Уставниот суд на денешната седница ќе расправа за „балансерот“


Уставниот суд на денешната седница ќе расправа по предметот за „балансерот” – алатката за вработување според национална припадност во државните институции, кој е оформен по иницијатива поднесена од стариот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). – Оспорени се член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“ од Законот за […]

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и пообилни во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови. Во […]

ЛШ: Реал со победа ја почна одбраната на титулата, Баерн го декласираше Динамо


Новата сезона во Лигата на шампиони, во нов формат и со зголемен број екипи, официјално стартуваше вечерва со одигрување на шест натпревари во кои Реал Мадрид со победа над Штутгарт ја почна одбраната на титулата, а Баерн Минхен го декласираше Динамо Загреб во чиј редови настапија поранешните македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Резултати […]

Владата на Либан го обвини Израел за масовните експлозии на пејџери, се обрати до Обединетите нации


Владата на Либан денеска го обвини Израел за серијата симултани експлозии на пејџери во кои според последните податоци загинаа најмалку девет лица, а 2.800 се ранети, јави Си-Ен-Ен. – Се работи за криминална израелска агресија, изјави либанскиот премиер Наџиб Микати на состанокот со министрите. Според него, тоа е „сериозно кршење на либанскиот суверенитет и криминал […]

Словачкиот парламент го разреши потпретседателот Михал Шимечка


Словачкиот парламент денеска го разреши лидерот на опозицијата Михал Шимечка од функцијата потпретседател на парламентот, откако премиерот Роберт Фицо и неговата владејачка коалиција го обвинија дека користи јавни средства преку невладини организации. Шимечка го осуди овој чекор како напад на демократските стандарди и одвлекување на вниманието од потребите на земјата, притоа негирајќи ги тврдењата на […]

Која е тајната на успешната врска со партнерот? Четири услови се неопходни за среќна и долга врска


Пронаоѓањето на вистинскиот партнер може да биде предизвик, а останувањето во здрава врска може да биде уште покомплексно. Затоа, за да одржите долга и среќна врска, важно е секојдневно да работите на личниот развој и да го слушате партнерот. Психологот Марк Траверс открил дека четири услови се суштински за да се постигне среќна и долга […]

Сменет е полицискиот началник кој ги пропушташе свадбарите на Африм Гаши


  За пропуштањето на свадбарите на собранискиот спикер, Африм Гаши, на граничниот премин „Блаце“ главната одговорност е насочена кон Наим Рамука, началник на Рeгионалниот центар за гранични работи Север и тој е сменет од неговата функција. Во образложението за неговата смена се наведуваат пропустите на полицијата на граничниот премин за бегството на Косовецот Блерим Рамадани […]

Пејџерите на членовите на Хезболах експлодираа во ист момент: загинаа девет лица, повредени се 3.000


  Хезболах вети дека ќе му возврати на Израел откако пејџерите што ги користеа неговите членови истовремено експлодираа низ Либан, при што загинаа најмалку девет лица и беа ранети речиси 3.000 во драматичен и невиден напад во време на зголемени тензии на Блискиот Исток. Засега нема коментар од израелската војска за експлозиите, кои дојдоа само […]

Софија тврди дека Муцунски одбил средба со неговиот бугарски колега Кондов


  Бугарското Министерство за надворешни работи во реакцијата околу знамињата за време на посетата на Гордана Сиљановска-Давкова на Софија вели дека имало покана до македонскиот министер за надворешни работи да се сретне со неговиот бугарски колега, но тој ја одбил таа понуда. Од бугарското министерство за тамошната телевизија Нова изјавија: „Водени од желбата за добрососедски […]

Како полицијата со АИ „девојче“ лови сексуални предатори


Службениците за спроведување на законот во Ново Мексико користеле лажна слика на тинејџерка создадена од вештачка интелигенција за да намамат педофили, открива тужбата поднесена од државата. Тужбата беше поднесена минатата недела во Ново Мексико против апликацијата Snapchat, за која обвинителите велат дека не успеала да ги „заштити децата од сексуална изнуда, сексуална експлоатација и штета“. […]

Како пропадна банката Леман брадерс и започна најголемата криза на овој век


На 15 септември 2008 година, светот беше сведок на еден од најдраматичните моменти во историјата на модерната економија – банкротот на инвестициската банка Леман брадерс (Lehman Brothers). Основана во 1850 година, Леман брадерс беше еден од столбовите на американскиот финансиски систем, со имот во вредност од околу 600 милијарди долари во времето на колапсот. Овој […]

Американците ја намалуваат воената помош за Украина: „Нашите резерви се сиромашни“


Пакетите за воена помош на САД за Украина се помали во последниве месеци бидејќи залихите на оружје и опрема што Пентагон сака да ги испрати во Киев од својот инвентар стануваат сè поретки. Промената доаѓа во услови на загриженост дека подготвеноста на американската војска може да биде погодена бидејќи нејзините производители на оружје се обидуваат […]

Муцунски се сретна со германската министерка Лирман


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска остварил средба со државната министерка за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Ана Лирман. Како што соопшти Министерството, двајцата соговорници го истакнале задоволството од развојот на одличните билатерални односи, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и активна размена […]

Драма во Грција: Гори рафинерија, сè е сопрено, а наредена е итна евакуација (видео)


Голем пожар избувна на територијата на нафтената рафинерија во Агиа Теодора на патот од Атика кон Коринтија. Грчката противпожарна служба соопшти дека се мобилизирани копнени и воздушни сили за гаснење на пожарот. Σε εξέλιξη η μεγάλη φωτιά στις εγκατασάσεις της Motor Oil στους Αγίους Θεοδώρους – Εκκενώνεται η ευρύτερη περιοχή pic.twitter.com/X9bfujy075 — Dimitris Perros (@dimperros) […]