Мекинро за допингот на Синер: „Стандардите и правилата треба да бидат исти за сите“


Легендата на светскиот тенис, Американецот Џон Мекинро изјави дека бил изненаден и шокиран од информацијата оти Јаник Синер двапати бил позитивен на допинг тест. Актуелниот светски тенисер број 1, бил позитивен при допинг контролата во март годинава, на турнирот во Индијан Велс. Но, и покрај тоа, тој не беше суспендиран, туку му беа одземени само […]

Трамп вели дека синот Барон ќе студира во Њујорк


Поранешниот претседател Трамп откри дека неговиот син Барон, кој во март наполни 18 години, ќе студира на универзитет во Њујорк, опишувајќи го универзитетот како „многу добар“ без да го именува во ново интервју. На прашањето на New York Post дали помладиот Трамп одлучил каде ќе студира, поранешниот претседател рече: „Тој е. Наскоро ќе го објавиме“. […]

Идната среда неработна за граѓаните од православна вероисповед


Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица – 28 август (среда) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во земјава, соопшти денеска Министерството за социјална политика, демографија и млади. Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот. 

Отсега имотната состојба на функционерите ќе може да се проверува и во странство


Министерството за правда објави денес дека стапуваат на сила меѓународната спогодба за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба и Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи.  Меѓународната спогодба за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба  овозможува  директна административна размена на податоци и информации за […]

Драмски театар со „Мојот маж“ на фестивал во Тиват


Со претставата „Мојот маж“, Драмски театар ќе учествува во натпреварувачката програма на Фестивалот на медитеранскиот театар Пургаторије 2024 во Црна Гора. Претставата ќе се игра во недела на летната сцена во Тиват. При претставувањето на годинaшната програма на „Пургаторије“, директорот на Центарот за култура Тиват, Горан Божовиќ истакна дека во програмската селекција на реномираниот театарски […]

ДФРМ со реакција до „Филм индастри воч“: Нема политички прогон, туку истраги за Милчо Манчевски


Друштвото на филмските работници на Македонија испрати реакција до Меѓународната организација „Филм индастри воч“ (Film Industry Watch) во врска со нивната објава/текст каде што го опишуваат случајот на македонскиот режисер Милчо Манчевски и повикуваат да се запре политичкиот прогон кон него. -ДФРМ, како асоцијација на филмски професионалци, исклучително ги почитува вашите заложби преку новинарски и […]

Со грант од ЕУ за паметни граници, ќе се забрзува транспортот и ќе се олеснува трговијата 


Се интензивираат активностите за отпочнување на Проектот за автоматизација на терминалите на граничните премини и реконструкција на граничен премин Делчево со грант од ЕУ во висина од 4,2 милиони евра. Во првата фаза ќе се работи на автоматизација на терминалите и поврзување со новиот систем за видео надзор, информираат од Царинската управа (ЦУ).  Ова, како […]

ОДАС бара од Град Скопје да обезбеди достапен и навремен јавен превоз за учениците и студентите


Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите – ОДАС од Град Скопје бара до почетокот на учебната година да обезбеди автобуси кои ќе сообраќаат навремено и ќе бидат достапни за учениците и студентите да може непречено да одат на настава. Во допис до медиумите ОДАС укажува дека „нефункционалниот и несигурен јавен превоз може […]

Нови правила на аеродромите: Еве што повеќе нема да смеете да носите со себе


Лековите и течната храна за бебиња се исклучени од новите правила. Построгите правила за течности и гелови во рачниот багаж повторно ќе стапат на сила на сите аеродроми во ЕУ од 1 септември, соопштија од аеродромот во Франкфурт, пренесува агенцијата Белга. Низ ЕУ, на патниците ќе им биде дозволено да носат пакети до 100 милилитри. […]

Струмица пред Скопје добива електричен јавен превоз


Општина Струмица денеска ги добива десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз. По тој повод во просториите на „Аутомакедонија“ во Скопје ќе се одржи информативна средба на која може да се погледнат пристигнатите автобуси. На настанот ќе присуствуваат и изјави ќе дадат градоначалникот Костадин Костадинов и Драги Поп Стојанов, директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“. Инаку, […]

Левица: Министерката Јаневска има намера да го укине бесплатниот превоз за студентите и средношколците


„Министерката Јаневска продолжува со нејзините крајно дрски и скандалозни изјави. Таа денеска ја дополни оваа низа најавувајќи дека во Буџетот на државата нема пари за бесплатен градски превоз за студентите и средношколците бидејќи не постоело основ за дотација кон град Скопје! Во Ребалансот изгласан од коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ не се предвидени средства за бесплатен градски превоз […]

Шест жртви во пожар во семејна куќа во Нови Сад, меѓу нив четири деца


Белград– Во пожар во Нови Сад што избувна утрово во семејна куќа загинаа шест луѓе, меѓу кои четири деца. „Во пожарот што избувна утринава, околу три часот, во куќата на улицата „Ѓорѓа Дера“, загинаа шест лица, меѓу кои четири деца на возраст од две до седум години“, изјави српскиот министер за внатрешни работи. Сите жртви […]

САД ќе и додели на Украина нова воена помош вредна 125 милиони долари


Вашингтон– Соединетите Американски Држави планираат да испратат 125 милиони долари воена помош на Украина, во услови на тековната војна со Русија. Според извори од администрацијата на претседателот Џо Бајден, пакетот помош вклучува различни одбранбени системи, вклучувајќи ракети за воздушна одбрана, муниција за системите HIMARS, анти-оклопни ракети, технологии за против-дронови и ракети „Џавелин“. Изворот, кој во […]

Без струја делови од Гази Баба, Сарај, Арачиново и Илинден


 Дел од корисниците од населба Железара во општина Гази Баба и  објектите околу градинката, од 8 до 12 часот денеска ќе немаат електрична енергија.  Како што информира РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 8 до 9 часот утрово струја ќе немаат дел од корисници од село Крушопек во општина Сарај, од 9:30 […]

Харис ја прифати номинацијата за претседател на САД: Ќе се борам за средната класа


Вашингтон- Камала Харис ја прифати номинацијата од Демократската партија на партискиот конгрес во Чикаго, што ја направи официјален кандидат на партијата за претседателските избори во САД на 5 ноември. „Во име на Американците, како оние со кои пораснав, луѓе кои напорно работат, ги следат своите соништа и се грижат еден за друг, во име на сите […]

Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“


 Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова денеска продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“. Во рамки на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот […]

Опожарена фабриката „Ником“ во Кавадарци


Пожар синоќа ја зафати фабриката „Ником“ во Кавадарци. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи на Комуналец, Шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино. Утрово, од Противпожарната единица потврдија за МИА дека пожарот бил локализиран околу 01:30 часот, но нивна екипа останала на терен за да ја следи состојбата.  […]

Стејт департментот одобри можна продажба на оружје на Норвешка и на Романија


Вашингтон– Стејт департментот одобри можна продажба на напредни ракети воздух-воздух со среден дострел и придружна опрема на Норвешка и Романија, за проценета вредност од 405 милиони долари, односно 592 милиони долари, објави Пентагон. Претходно оваа недела Пентагон објави дека Стејт департментот одобрил евентуална продажба на беспилотни летала и ракети „Патриот“ на Италија и Германија во […]

Во Албанија 58 заразени со нилска треска, ИЈЗ бара дезинсекција против комарци


Тирана – Бројот на заразени од западнонилска треска потврдени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ) достигна 58 а во Институтот секојдневно пристигнуваат тестови кои се земаат од лица со симптоми на болеста. -Од Институтот, каде пред три недели имаше зголемување на случаите на енцефалитис и менингитис, велат дека има намалување на бројот на заболени […]

Врховниот суд на Венецуела потврди дека Мадуро победи на претседателските избори


Каракас – Врховниот суд на Венецуела денеска потврди дека Николас Мадуро победил на претседателските избори одржани во земјата на 28 јули, наведувајќи дека резултатите од гласањето објавени на Интернет, според кои Мадуро изгубил, се фалсификувани. Врховниот суд ја донесе одлуката како одговор на барањето на Мадуро да се преиспита вкупниот број на гласови дадени на […]