Сончево и топло со слаб северен ветер


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8 Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 23 август 2024 година, 236-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 130 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 50 минути, а ќе зајде во 19 часот и 22 минути. Денов трае 13 часа и 31 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Една златна прачка сега вреди 1 милион долари


Цената на прачка злато за прв пат вреди милион долари, благодарение на зголемените цени на благородниот метал. Цената на спот златото достигна повеќе од 2.500 долари за трој унца во петокот, достигнувајќи рекордно високо ниво. Просечната златна прачка тежи 400 тројски унци – што, кога ќе се пресмета, достигнува еден милион долари. Блумберг њус прв […]

Од врвот на прстите до дното на душата: Отворени 63. Струшки вечери на поезијата


Со музичко-поетски перформанс на македонскиот пијанист Дино Имери и традиционалното палење на поетскиот оган вечерва свечено се отвори 63. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“. Манифестацијата се отвори во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Домот на поезијата, во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како […]

„Њујорк тајмс“: Министерството за правда на САД води истрага против Американци кои работеле со руски медиуми


 Министерството за правда на САД започнало обемна кривична истрага против двајца Американци кои работеле со руските државни телевизиски канали, јави денеска весникот „Њујорк тајмс“. Изданието се повикува на американски службеници кои зборувале под услови на анонимност. Истрагата е дел од борбата што САД ја водат против обидите на Кремљ да влијае на претседателските избори во […]

Третман за Алцхајмеровата болест доби зелено светло, но многумина се скептични за ефектите


Здравствениот регулатор на Обединетото Кралство отфрли лек кој може да ја забави прогресијата на Алцхајмеровата болест, велејќи дека неговите придобивки се премногу мали за да ги оправдаат трошоците за терапијата и внимателно следење на пациентите за знаци на „сериозни несакани ефекти“. Леканемаб, кој се дава двапати месечно, ги отстранува лепливите грутки протеин амилоид бета од […]

Обвинителството во Париз побарало кривично судење против Депардје за силување


Париз – Обвинителството во Париз побарало кривично судење против Жерар Депардје за силувањето на актерката Шарлот Арно, соопштил извор близок до обвинителството. Актерот (75) беше обвинет на 16 декември 2020 година, по жалба на актерката за две силувања во август 2018 година во неговиот дом во Париз. Арно тогаш имала 24 години. Сега останува на […]

ФЕД е подготвена да ги намали каматните стапки во септември


Федералните резерви на САД се подготвени да ги намалат каматните стапки во септември, откако „огромното мнозинство“ официјални лица посочија дека таквата акција е веројатна, според записникот од состанокот на централната банка на 30-31. јули. Записникот, објавен во средата, покажува дека некои носители на одлуки биле подготвени да ги намалат трошоците за задолжување уште на состанокот […]

Ѓоковиќ цели на Грен Слем рекорд на УС Опен,  Синер во небрано


  Новак Ѓоковиќ, запален од неговиот емотивен триумф на Олимписките игри, цели на новите Грен Слем рекорди на Отвореното првенство на САД од понеделник, додека ривалот за титулата Јаник Синер пристигнува во Њујорк опседнат со прашања околу два позитивни допинг тестови. Бранителот на титулата Ѓоковиќ може да стане најстариот шампион од Опен ерата на турнирот […]

Олимписките игри ја поттикнаа економската активност во еврозоната


Економската активност во еврозоната се подобри во август на највисоко ниво во последните три месеци. Подобрувањето се должи на неодамна завршените Летни олимписки игри во Париз, иако останува загриженоста за новите нарачки и економското расположение, според истражувањето на аналитичката компанија S&P Global и Hamburg Commercial Bank (HCOB). Индексот на менаџери за набавка (PMI) се зголеми […]

Суперјахтата „Бејжн“ беше „практично непотоплива“, вели бродоградителот


Британската суперјахта „Бејжн“ (Bayesian) долга 56 метри, била „практично непотолива“, тврди извршниот директор на фирмата што ја изградила. Обвинителите во градот Термини Имерезе, блиску до Портчело, каде што бродот потона со 22 патници и членови на екипажот, во понеделникот во раните утрински часови, отворија истрага за катастрофата во која се пронајдени шест мртви тела, а […]

Муртезани очекува до декември да се најде решение за уставните измени


Министерот за европски прашања Орхан Муртезани во изјава за ТВ 21 истакна дека се надева оти до декември, а може и порано, ќе се најде решение за уставните измени, а еден од модалитите е одложена примена како гаранција дека ќе нема дополнителни блокади. – Јас се надевам дека, можеби и пред овој рок, можно е […]

Песната „Арома(н)тична“ на македонскиот проект Мојра во финале за наградата „Милан Младеновиќ“


Композицијата „Арома(н)тична“ на македонскиот музички проект Мојра влезе во најтесниот круг за наградата „Милан Младеновиќ“ за најдобра песна во регионот. Наградата ќе биде доделена од Фондацијата „Милан Младеновиќ“ на 21 септември. Таа секоја година симоболично се доделува на роденденот на Младеновиќ, легендарниот српски рок музичар, најпознат како пејачот на Екатерина Велика. Мојра во март ја објавија […]

Цените на пченицата на светските берзи потонаа на најниско ниво во последните четири години


Цените на пченицата денеска паднаа на најниско ниво од септември 2020 година, поточно на 5,20 долари за бушел (27,2 килограми) првенствено поради влијанието на можниот штрајк на железницата во Канада и оптимистичките прогнози за производство во Украина. Можноста за штрајк на железницата во Канада ги натера земјоделците однапред да ја продаваат својата пченица за да […]

Лауреатот Жан-Пјер Симеон ексклузивно за „Независен“: Поетите не смеат да се потчинат на вревата и бесот на светот


„Брзина, површни погледи, постојано движење, вознемиреност, недоволна верба во постоечкото, такви се болестите на нашето време и нè крадат од вистинската реалност и пред се од нашиот живот кој го нема. За мене поезијата е приговор на тоа, бара тишина, бавност, внимателност, неопходни за да се допре до срцето на нештата, длабоките чувства, острината на […]

Гаши: Нема злоупотреби, ме оцрнуваат зашто не прифаќаат поинаков профил на функционер


Претседателот на Собранието, Африм Гаши нагласува дека целата ситуација со приватното патување во Косово не е резултат на намерен обид за оцрнување или елементарно непознавање на нештата за толку прости работи, колку што е резултат на невиден отпор да се прифати еден поинаков профил на претседател на Собрание. -Се појавија неосновани тврдења дека злоупотребувам службени […]

Македонија е „во фотофиниш“ за инвестиција од 150 милиони евра за производство на суплементи


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за потенцијални нови странски инвестиции посочи дека се преговара за три можни нови инвестиции во вкупна вредност од околу 250 милиони евра.  „Преговараме со три можни нови инвестиции. Две се од веќе постојните производни капацитети – проширување на нивното производно портфолио, големи ќе бидат и значајни […]

По Сараево и Белград, шефот на ЦИА, Барнс, во Приштина на средба со Османи


Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, кој допатува денеска во Приштина, снимен е попладнево како оди на средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи во зградата во која се наоѓа нејзиниот кабинет, јави дописникот на МИА од Приштина. Косовските медиуми објавија фотографии од пристигнување на колоната автомобили пред Претседателството, а потоа и […]

МВР за бегството на Блерим Рамадани: Куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан


Министерството за внатрешни работи денеска излезе со соопштение во врска со информациите во медиумите поврзани со бегството на Блерим Рамадани. Од МВР известуваат дека на 17.07.2024 година на ГП Јажинце од страна на граничната полиција Рамадани бил приведен и предаден на СВР Тетово, по што е спроведен пред судските органи. „Напоменуваме дека натамошното постапување на […]

Врховниот суд го укина решението на Кривичен и го врати на повторно постапување предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани


Врховниот суд денеска донесе решение за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани со кое се укинува Решението на Основниот кривичен суд Скопје и предметот се враќа на повторно одлучување и постапување. -Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, при донесување на својата одлука со која утврдил […]