Германската полиција уапси едно лице во врска со нападот со нож во Солинген


Едно лице е приведено во рамките на истрагата по синоќешниот смртоносен напад со нож во Солинген, западна Германија, соопшти денеска полицијата. Сторителот на нападот побегнал. Полицијата во Дизелдорф соопшти дека проверува дали уапсениот има „каква поврзаност со нападот“. Во нападот загинаа три лица, а осум се повредени. Нападот се случи додека десетици илјади луѓе во […]

Поетот и писател Владо Јаневски добитник на наградата „Стојан Христов“ на СВП


 Македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво, во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. Жири-комисијата во состав Митко Гогов, претседател и Иван Шопов и Игор Трпески членови од пристигнатите пет книги, одлучи […]

(Видео) Снимен моментот кога возилото го пробива мостот „Мајка Тереза“ и паѓа во Вардар


Безбедносните камери го фатија моментот кога утринава возило ја пробива оградата на мостот „Мајка Тереза“ во близина на „Џамбо Веро“ и паѓа во Вардар.  Од снимката објавена на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) се гледа дека вози со голема брзина. Како што соопштија од СВР Скопје, изутринава во 07.23 часот е пријавено дека патничко моторно […]

Голема размена на затвореници меѓу Русија и Украина. Погледнете го трогателно видео


Русија и Украина разменија по 115 воени заробеници од секоја страна во саботата, откако Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) дејствуваа како посредник. Тоа е прва размена откако Украина ненадејно ја нападна руската област Курск на 6 август, што е најголемиот напад на странска сила на руска територија од Втората светска војна. Разменетите руски војници се заробени […]

Петмина загинати во руски напад во источна Украина


Најмалку пет лица загинаа денеска, а уште пет се повредени во руски напад врз градот Константиновка во источна Украина, објави регионалниот гувернер на областа Доњецк, Вадим Филашкин. Според него, на местото на нападот работат спасувачки и полициски екипи. „Повторно ги повикувам сите: внимавајте, евакуирајте“, напиша Филашкин на Телеграм, без да даде повеќе детали за нападот. […]

Општина Аеродром една од ретките со зголемен број првачиња


На територијата на Општина Аеродром, ОУ „Љубен Лапе“ е училиште со најмногу првачиња во претстојната учебна година. Запишани се 180 и поради тоа локалната самоуправа и училишното раководство прават доградба на дополнителни училници. Училиштето денеска го посети министерката за образование и наука Весна Јаневска која заедно со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, изврши увид во […]

Никој не се плаши од Тошковски, дури ни криминалците, велат од СДСМ


СДСМ денеска ги оцени како смешни изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека министерот бил напаѓан заради тоа што СДСМ се плаши од него. Во реакцијата до медиумите од најголемата опозициска партија велат дека од Тошковски не само што не се плаши СДСМ, туку не се плашат ниту криминалците по улиците. „Затоа имаме секојдневни грабежи и […]

Наставниците ќе добијат повисоки плати во март, а можеби и уште едно во 2025, вели Јаневска


Поради лошата состојба со буџетот и необезбедни средства за проекти и обврски во образованието, наставниците нема да добијат покачување на платите во септември за 12 отсто, како што бара синдикатот, но зголемување ќе има во март. -Грчевито се борам и ќе се борам за наставниците и ќе продолжам и ќе инсистирам да се исполни она […]

Денот на независноста на Украина одбележан во Скопје


Амбасадата на Република Украина денеска со пригодна свеченост близу споменикот на Тарас Шевченко во центарот на Скопје го одбележи 24 Август – Денот на независноста на државата. По симболичната поворка со знамето на Украина до Украинската алеја, обраќање имаше вршителот на должност амбасадор на Украина во државава Дмитро Керечанин. – Денес го одбележуваме најважниот празник […]

Јаневска: Учениците ќе ги имаат учебниците на првиот училиштен ден


 На првиот училиштен ден, идниот понеделник, учениците ќе ги добијат учебниците. На овој начин ја прекинуваме лошата практика на одредени министри од минатото кои ниту водеа грижа за навремена достава на учебници, ниту да има учебници, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Повтори дека учебници ќе нема само за странските јазици и дека […]

За студентски оброк до 5 септември ќе може да аплицираат и бруцоши


Министерството за образование и наука позитивно одговорило на две од трите барања кои Универзитетското студентско собрание (УСС) на Скопскиот универзитет му ги достави пред два дена. Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека нив ги решиле „експресно, во рок од еден ден“, а за третото е потребно извесно време. На барањето на УСС на УКИМ да […]

Вучиќ откри за што разговарале со шефот на ЦИА, станало збор за иднината на државата


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград изјави дека имал многу корисни и добри разговори со шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Брнс и дека им се смее на оние кои коментираат дека посетата на Србија била тајна, а транспарентна во БиХ. „Знаете, разговарате со гостите и гледате дали тоа и се допаѓа […]

СДСМ биле исплашени од Тошковски, затоа барале негова оставка, смета Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски, смета дека СДСМ бара оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поради фактот што, како што рече, „тие се исплашени од Тошковски“ бидејќи гледаат дека сега секој е одговорен пред законот. – Јас СДСМ ги разбирам, не можам да ги оправдам, но ги разбирам. Зошто ги разбирам а не можам да […]

Мицкоски: Голтари што станаа милионери имаат интерес да ја дестабилизираат државата


Тие кои имаат интерес да ја дестабилизираат државата се највешти и најсилни кога има нестабилност. Демократијата подразбира стабилни институции и ќе сториме се да ги заштитиме институциите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се уште стои на ставот што го изнесе претходно дека има лица, кои работат на дестабилизација на државата. – За дестабилизацијата […]

Се повеќе странци живеат и работат во Албанија, најмногу од Косово, Италија и Турција


Податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ,  покажуваат дека се зголемува интересот на странски државјани да живеат и работат во Албанија. Нивниот број бележи  зголемување од 18,2% во текот на 2023 година во однос на претходната година. -На крајот на минатата година, бројот на странци со дозволи за престој во Албанија бил 21.460. Граѓаните со потекло […]

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид


Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2024 година француски поет Жан-Пјер Симеон, во црквата „Света Софија“ во Охрид, вечер продолжува 63. издание на Меѓународната поетска манифестација. Во рамките на програмата се поетските читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот […]

Во судир на автобус и камион во Србија еден загинат и 14 повредени


Во сообраќајната несреќа што се случи утринава околу 7 часот и 50 минути во Умка на Новиот обреновачлки пат во која учествуваа камион и автобус, загина едно машко лице, додека 14 лица се пренесени во Ургентниот центар. соопшти МВР на Србија. Итната медицинска помош соопшти дека петмина од повредените се во критична состојба.  Припадници на […]

Русија прогласи вонредна состојба во дел од регионот Воронеж по напад со дрон


Русија прогласи вонредна состојба во регионот на Воронежската област што се граничи со Украина по полноќен напад со дрон, објави денеска локалниот гувернер Александар Гусев на својот канал на социјалната мрежа Телеграм. Според него, руските сили пресретнале пет беспилотни летала. Паѓањето на остатоци предизвикало пожар што предизвикал детонација на експлозивни предмети. Ниту една станбена зграда […]

Престрелка во Гајре: Полицијата апсела убиец избеган од Бардовци, а тој ги дочекал со автоматска пушка, бил застрелан


Во полициска акција во тетовското село Гајре синоќа е застрелан 41-годишниот Л.М. кој бил баран со потерница, откако не постапил по дадените наредби на полициските службеници и репетирал и вперил  автоматска пушка кон нив, потврди Министерството за внатрешни работи.  Како што соопшти МВР, синоќа околу 2 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за […]

Возило падна во Вардар од мостот „Мајка Тереза“ во центарот на Скопје


Во реката Вардар преку оградата на мостот „Мајка Тереза“ кај крстосницата на булеварите Крсте Мисирков и Кочо Рацин во близина на „Веро Џамбо“ утрово излета возило. Мостот „Мајка Тереза“ е мост преку реката Вардар што ги поврзува булеварите „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“ во близина на МАНУ.   Како што соопштија од СВР Скопје, изутринава во […]